Облачно со повремен дожд, а на планините снег

Времето ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, а на планините со слаб снег. Повеќе врнежи ќе има во ноќните часови кон сабота. Ќе дува повремено умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од четири до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремено умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Во сабота особено претпладне се очекуваат пообилни врнежи од дожд, а потоа следува период на стабилно и потопло време. Од понеделник ќе има услови за магла по одделни котлини. /МИА

Откриена брзината на Старлинк интернетот

Интересот за Starlink интернетот постојано расте, а неколку стотици илјади корисници веќе се регистрираа за новата услуга.

Форумот Reddit за Starlink Internet неодамна ги откри брзините што ќе ги понуди новата услуга, така што заинтересираните би можеле да видат дека терминот „супер брз интернет“ се заснова на реалност.

Првите две серии на сателити беа лансирани во мај и ноември 2019 година, а „SpaceX“ планира да постави вкупно 12,000 единици во орбитата на Земјата во наредните пет години, што ќе послужи како т.н. „соsвездие“ на сателитите кои ќе понудат невидени перформанси на интернетот.

Досега се лансирани скоро 600 сателити, а компанијата неодамна објави податоци за забрзано производство и дека со вселенското летало Starship ќе може да се испратат 440 сателити одеднаш, пренесува PC Press.Сега може да се види дека брзините ветуваат, иако експертите предупредуваат дека податоците во раните фази на развој секогаш ветуваат повеќе од тоа што всушност ќе се случи.

Со помош на апликацијата Ookla Speedtest, откриено е дека брзините се движат од 60 Mbps за преземање на податоци од интернет на компјутер (Downstream) и 17,7 Mbps за качување на податоци на интернет (Upstream)..

Мрежата во моментов го опфаќа само северниот дел на Соединетите држави и јужниот дел на Канада, а брзините се тестирани и во Вашингтон.

Бос танцувал на дожд , па добил балетска стипендија во Њујорк (ВИДЕО)

Момче на 11-годишна возраст од Нигерија чиешто видео како танцува на дожд, стана вирално на социјалните медиуми, доби стипендија за студирање балет на престижната американска академија.

Ентони Мемсома Маду танцуваше на дождот во Лагос, а неговото училиште за танцување го сподели видеото на Интернет и тоа веднаш стана хит. Неговите грациозни движења ја воодушевија добитничката на Оскар, Виола Дејвис, но и американскиот балетски театар во Њујорк.

Театарот му понуди на Ентони стипендија и му организира пристап до Интернет, така што 11-годишникот може да има виртуелна обука уште ова лето.

„Освоив голема награда со одење во САД ... Ќе бидам во авионот и тоа е она што ме чека и балетот го направи за мене“, изјави момчето кое не можеше да го сокрие својот ентузијазам за „Вашингтон пост“.

Неговото видео, гледано од милиони, обезбеди и бројни донации за училиштето во Нигерија, каде момчето во моментов вежба.

Основачот Даниел Ајала Овосени изјави дека средствата ќе бидат искористени за промовирање на балетот во Нигерија. „Видов потреба да се донесе оваа уметничка форма која покажува дисциплина, посветеност и строгост“, рече тој.

Ентони за BBC News пред неколку дена изјави дека се чувствувал како да сонува додека танцува. „Онаму каде што живеам нема балетски танчери како мене“, рече 11-годишникот. „Кога луѓето гледаат балет, мислат дека е само за девојчиња, но не знаат дека не е така“.

Во Ирак најголем број заразени од почетокот на пандемијата

Во Ирак се потврдени 4.229 нови случаи на коронавирус, најголем број нови инфекции од почетокот на пандемијата, соопштија здравствените власти.

Ирачкото Министерство за здравство соопшти дека се потврдени вкупно 172.583 случаи на КОВИД-19, а Ирак е на третото место по бројот на заразени лица на Блискиот исток, по Саудиска Арабија и Иран, јавува Би-Би-Си.

Од корона починале уште 76 лица, а вкупниот број на смртни случаи е 5.785.

притисни ентер