Се зголеми бројот на жртвите во пукотницата во болница во Чешка

Бројот на загинати во пукотницата во чешката болница денес се искачи на седум, кога една жена која беше тешко повредена почина два дена по нападот.

42-годишен маж отвори оган во чекалната во Универзитетската болница во Острава, 350 километри источно од Прага, при што загинаа шест возрасни пациенти и се ранети тројца други, пренесува АП.

Другите двајца повредени мажи не се во животна опасност.

Полицијата го идентификува напаѓачот како човек со криминално досие кој користел нелегален пиштол и дејствувал сам.

Ова е второ најсмртоносно масовно пукање во Чешка од 2015 година, кога маж уби осум лица во југоисточниот град Ухерски Брод пред да се самоубие.

Едно лице тешко повредено во железничка незгода на патен премин кај село Лопате

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил Ф.Ј., констатирани во Општата болница во Куманово. 

Едно лице е тешко повредено во железничка незгода што се случила во утрово на железнички премин кај кумановското село Лопате, каде дошло до судир помеѓу товарен воз, кој сообраќал на релација Табановце-Гевгелија и патничко возило „Ауди" со кумановски регистарски ознаки.

Од МВР информираат дека во 00.45 часот било пријавено за железничката незгода помеѓу товарниот воз и „Аудито", управувано од Ф.Ј. (47) од липковското село Оризаре.

– Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил Ф.Ј., констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, се наведува во соопштението од МВР.

Во два одвоени случаи пронајдени 148 мигранти

 Полицијата во текот на вчерашниот ден во два одвоени случаи пронашла вкупно 148 лица мигранти сокриени во товарни возила. 

Во близина на Прждевски споменик, Демир Капија, биле откриени 103 мигранти од Пакистан, Авганистан, Индија, Египет, Иран и Сирија, а на место викано „Врело" во село Ваксинце, Липково, 45 мигранти од Сирија, Бангладеш, Сомалија, Пакистан и палестинските територии.

Од МВР денеска информираа дека од полициски службеници од Полициската станица Неготино, во близина на Прждевски споменик вчера во 08.50 часот било сопрено патничко возило „Ауди", со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К. (35) од Скопје, а веднаш по него и товарно возило „Мерцедес", со битолски регистарски ознаки.

– Возачот на товарното возило, А.М.(37) од Липково се дал во бегство, но по кратко бил пронајден. Во товарното возило биле пронајдени 103 мигранти од Пакистан, Авганистан, Индија, Египет, Иран и Сирија. Двајцата осомничени биле приведени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка, стои во соопштението и се додава дека е известен Јавен обвинител, а мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг" Гевгелија за понатамошна постапка.

Синоќа во 19.10 часот во Полициската станица за граничен надзор Сопот било пријавено дека на место викано „Врело" во село Ваксинце, Липково, било затекнато товарно возило „ивеко дејли", со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице, кое се дало во бегство.

– Во возилото биле пронајдени 45 лица мигранти од Сирија, Бангладеш, Сомалија, Пакистан и палестинските територии. Мигрантите биле сместени во Транзитниот центар „Табановце" за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, појаснуваат од МВР.

Хуманитарна акција „Со срце за Цобе"

Младиот Слободан Попоски кој веќе 10 години се бори со остеодарком со третмани на онкохипертермија и хемотерапија, го чека операција која што може да му го спаси животот, а која што чини 50.000 евра. 

Таа операција не би можела да се случи доколку го оставиме Цобе сам, кој нема доволно финансиски средства потребни за операцијата. Минатата недела тој побара помош од добронамерните и хумани луѓе на страницата gofundme.com, со молба да донираат за тој да може да го продолжи својот живот и да ужива како сопруг и татко на 5 годишната ќерка.

Апелот на Цобе го слушнаа многу луѓе, кои што несебично донираа, а финансиските средства растат од ден на ден. Податоците за донирање остануваат исти, со тоа што сега можат да донираат и корисниците на Телеком преку своите телефони.

Со срце за Цобе сите организирано донираме за да спасиме млад живот на следниве броеви и сметки:

Број за донација

A1 (VIP) 143-463

Телеком 143-103

Сметка за донација:

Донација од Македонија: Трансакциска сметка 200003505609092 Стопанска Банка АД Скопје

Донација од странство во евра: Стопанска Банка АД Скопје, 11 Октомври бр. 7, Бранч Скопје

IBAN CODE: MK 07200003505611129EUR SWIFT CODE: STOBMK2X Цел на дознака: Донација за Слободан Попов Линк за донација gofundme: https://www.gofundme.com/f/jay7xw-medical-treatment?utm_source=facebook&fbclid=IwAR0Aah2G0nID_OHCaT779cotBCiAfb6-ElEjFuB4gQaEVpliwRJ5acdeWRk

притисни ентер