Потврдено : Доаѓа преработката на најголемиот Божикен хит

Симпатичниот буцко Арчи Јејтс, несомнено ќе ги добие симпатиите на публиката ,  иако не е откриен датумот кога можеме да ја гледаме премиерата.

Неизбежното телевизиско шоу, еден вид празничен обичај и еден од знаците дека се приближува крајот на годината - е серијата филмови „Сам дома“.

Тоа е првиот филм во кој Кевин МекАлистер, русокосо осумгодишно момче, останува дома поради серија несреќни околности додека остатокот од семејството оди на одмор во Париз.

Кевин, за оние екстремно ретки кои не го знаат тоа, со солидна доза на садизам уништува разбојничко дуо кое сака да ја ограби неговата куќа. Одличните Меколи Калкин и брилијантните Џо Песи и Даниел Стерн ги забавуваат милиони гледачи од декември 1990 година, кога оваа комедија на Крис Колумбо ги наполни кината и заработи 476,7 милиони долари, а e снименa со буџет од скромни 18 милиони.

Дури и остатокот од франшизата што порасна на крилјата на успехот не помина лошо, особено вториот дел, во кој исто така глуми Калкин. „Единицата“, сепак, до минатата година остана празничен филм со најголема заработувачка во историјата.

Во ера на римејк, сето ова е повеќе од доволен поттик да се снима „Сам дома“ за новите генерации. Со месеци се шпекулира, а сега, соодветно за времето од годината, од Дизни пристигна дефинитивна потврда: 11-годишниот Арчи Јејтс ќе ја игра главната улога, но тој во оваа нова верзија на приказната нема да го носи името Кевин Мекалистер.

Симпатичниот Арчи е еден од ѕвездите на комедијата „Јојо зајак“ на Таико Ваитити, која деновиве беше номиниран за „Златен глобус“, а започнува да се прикажува во кината на почетокот на 2020 година. Познато е и дека Ели Кемпер, актерката номинирана за Еми, ќе глуми во филмот , како и Роб Делани најпознат по неговите улоги во серијалот „Катастрофа“ и филмовите „Last Christmas" и ,,They Are Bombs“.

Филмот ќе биде во режија на Ден Мазер („Валканиот дедо“), сценаристи се Мики Деј и Стридер Сејдел (сценарист и актери од познатата емисија „Сајт вечер во живо“), а во продукција на Хачер Паркер и Ден Вилсон. Кемпер и Делани треба, барем според „Холивуд репортер“, да играат двојка „кои за да се спасат од финансиска пропаст, почнуваат војна со момче кое украло непроценливо наследство“ што дефинитивно нема никаква врска со Кевин од првата верзија на „Сам дома“ .Не е познато кога треба да заврши филмот - се очекува да биде подготвен за следната празнична сезона , а дали ќе се прикажува во кина или само преку услугата за стриминг на Дизни Плус сè уште не е познато.

Тошковски: СВР Струмица поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Богданци

СВР Струмица поднесе кривична пријава против градоначалник на општина Богданци и вработена во Одделение за урбанизам при Општина Богданци.

Имено, првопријавениот во својство на градоначалник на Општина Богданци, во периодот од 17.05.2021 до 15.06.2021 година по претходно спроведена јавна набавка и договор склучен со најповолен економски оператор, со средства од буџетот на Општина Богданци извршил изградба и реконструкција - поставување на бехатон на КП 9458 КО Богданци која е во приватна сопственост, без да се спроведе постапка за експропријација, на начин што свесно оваа парцела ја прикажал како дел од улица "Крсте Мисирков" во Богданци бидејќи за истата нема и не може да има соодветна дозвола за градба и на тој начин спротивно на ДУП на Општина Богданци, спротивно на Закон за експропријација и без соодветна дозвола за градење , со буџетски средства бесправно е изградена приватна КП 9458 КО Богданци, во корист на нејзините сопственици, а на штета на буџетот на општината.

Второпријавената вработена на работно место помлад соработник - урбанистички планер во Одделение за урбанизам и градежништво во Општина Богданци со овластување дадено од првопријавениот, задолжена како одговорно лице за следење на текот на постапката за изградба и реконструкција на улици на територија на Општина Богданци, иако била должна да знае дека наведената КП е во приватна сопственост, дека согласно ДУП за Општина Богданци на истата не може да се вршат градежни активности, бидејќи нема соодветна дозвола за тоа и не е спроведена постапка за експропријација, сепак го пропуштила надзорот кој била должна да го спроведе со несовесно постапување во вршење на своите законски овластувања и во ниту еден момент не реагирала на незаконските постапки со што овозможила бесправно со буџетски средства да се изгради приватна парцела КП 9458 за КО Богданци во корист на нејзините сопственици, а на штета на буџетот на Општина Богданци.

Со горенаведеното првопријавениот сторил кривично дело "Злоупотреба на службена положба и овластување" и "Бесправно градење", а второпријавената сторила кривично дело "Несовесно постапување во службата", објави на ФБ министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Некој во Словенија заборавил да земе 1.500 евра од банкомат, жена направи убав гест

Некој во Словенија заборавил да извади 1.500 евра на банкомат, што се гледа на фотографијата.

Жена ги пронашла парите во улицата „Сорерјева“ на банкоматот на банката, ги фотографирала и ги однела во Полициската станица „Шишка“ во Љубљана, каде се уште се наоѓаат парите, пренесува порталот GPMaljevac.COM.

Медиумите пишуваат дека вистинскиот сопственик на парите кој заборавил да ги земе од банкомат може да се обрати во полициската станица Шишка и со извод од банка да докаже дека парите се негови.

Парите се во вистински раце, сопственикот треба да докаже дека парите се негови, а доколку успее, припадниците на полициската станица Шишка ќе му ги вратат пронајдените пари.

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари

Носителот на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, оствари средба со пензионерите од Куманово.

„Во спектарот на еднаквите можности за сите е и грижата за нашите највозрасни граѓани – пензионерите. Токму затоа, не се откажуваме! Продолжуваме со подобрување на животниот стандард на пензионерите. Во следниот мандат предвидуваме минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари. СДСМ и коалицијата “За европска иднина” продолжуваат да вложуваат на вистинскиот пат, патот кон Европа каде нашата земја ќе продолжи да се развива со нови работни места, повисоки плати, повисоки пензии и подобар животен стандард за сите”, истакна Спасовски, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер