Изгубен град од големо древно царство е откриен во Етиопија (ФОТО)

Археолозите откриле изгубен антички град во Етиопија кој бил населен над 1400 години.

Градот бил дел од моќната цивилизација наречена Империја Аксум, која со векови доминирала во Источна Африка и тргувала со други големи сили како Римската империја.

Кралството Аксум, или Аксумската империја, била важна земја во северо-источна Африка која започнала да се развива од 4 век пред нашата ера.

Нејзиното древно седиште било градот Аксум кој се наоѓа во северниот дел на сегашна Етиопија. Била една од водечките сили во тоа време, заедно со Рим, Персија и Кина, пишува New Scientist.

„Тоа е една од најважните антички цивилизации и многумина слушнале за неа“, изјави археологот Мајкл Хароуер од универзитетот Џон Хопкинс.

Засега не се знае точно како се развила оваа моќна цивилизација.

По разговори со локалното население, археолозите започнале да копаат по ридот во близина на село  и наскоро пронашле низа камени sидови кои биле делови од згради, односно наишле на остатоци од антички град.

„Етиопија е одлично место за археолозите. Повеќето локалитети во Грција и Рим се веќе истражени, така што ретко се откриваат поголеми антички градови во областа“, изјави Хароур.

Истражувачите го именувале градот Бета Самати, а откриено е дека тој бил населен уште од 771 година п.н.е. до 645 од нашата ера.  Ова значи дека постоело во периодот пред империјата Аксум.

Затоа Хароуер смета дека населбите пред Аксум не биле напуштени во времето на создавањето на цивилизацијата на царството Аксум и дека можеби немало политички конфликт; како што претходно претпоставуваа археолозите.

Жителите на Аксум првично верувале во повеќе богови. Сепак, за време на 4 век, кралот Езана го примил христијанството. Археолозите пронајдоа камен со христијански крст во околината на Бета Самати, прстен од бакарна легура покриен со златни лисја, амфори што веројатно биле користени за чување вино и други предмети.

Здравев: Во оваа фаза од постапката не може да се повлече кандидатурата за член на Судскиот совет

Немаме надлежности да испитаме зошто ја повлекол кандидатурата. 

Во оваа фаза од постапката кога наша комисија ја утврди ранг листата и работата ја презеде Комисијата за спроведување на избори не може да се повлече кандидатурата за член на Судскиот совет, порача денеска претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев.

-Немаме надлежности да испитаме зошто ја повлекол кандидатурата. Комисијата за спроведување на избори на член на Судски совет не е комисија на Судскиот совет, туку во неа претседателот и еден член се избираат од Здружението на судиите, а другиот член од невладини организации. Тие понатаму одлучуваат како да ја спроведат целата постапка, меѓудругото тие треба да одговорат на барањето за повлекување на кандидатурата. Мое лично мислење е дека во оваа фаза од постапката не може да се повлече кандидатурата за член на Судскиот совет, рече Здравев во одговор на новинарско прашање на паузата од промоцијата на иницијативата „Отворено судство" која е дел од програмата „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Македонија" и промоцијата на анализата „Отвореност на судството во Македонија".

Тој нагласи дека во понеделникот бил известен дека кандидатот ја повлекол кандидатурата, а тој ден, како што кажа, се делеле материјалите по избирачките одбори.

-Доколку тој кандидат победи за нас тој официјално ќе биде член на Судски совет, освен ако не си поднесе оставка, па да ја повториме постапката. Тоа е тешко, бидејќи ќе треба да се повтори целата постапка, до толку повеќе што на постоечкиот член на Советот, Шемседин Јусуфи му истекува мандатот и практично  за цело време на траење на постапката ќе останеме без уште еден член, потенцира Здравев.

Во врска со предметите кои биле најдени во фиоката на разрешениот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски, Здравев рече дека на странките во тие предмети им се повредени правата на итно постапување, односно постапување во согласност со принципот за судење во разумен рок и додаде дека в.д. претседателот на Врховниот суд Фаик Арслани треба да каже дали предметите се задржани основано или не.

-Добивме информација од в.д. претседателот на Врховниот суд дека се пронајдени предмети и дека ги има распределено на седница на Оддел за кривични дела кај судиите кои работат во тој оддел.  Паралелно и ние ќе преземеме чекори. Тоа веќе го пуштивме во процедура, но ние не можеме да преземаме конкретни мерки. Затоа истовремено ја известивме Антикорупциската комисија и Јавниот обвинител, бидејќи сметаме дека Антикорупциска можеби ќе најде нешто што е во нејзина надлежност, рече Здравев.

Очекуваме, потенцира, прво тоа  да го направи в.д. претсетдателот на Врховниот суд, како што е редот, но доклку не го стори ќе преземеме конкретни мерки за поднесување на барање за утврдување на одговорност за поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски./МИА.

Се самозапали 40-годишен маж од Кочани

 Во Трговскиот центар во Кочани денеска околу пладне се самозапали маж на 40-годишна возраст.

Според информации од очевидци, лицето се полеало со бензин по што извадило запалка и се запалило. Минувачи и граѓани веднаш се обиделе да му помогнат и да го изгаснат пламенот, употребувајќи противпожарни апарати од соседните дуќани.

Повикани биле и екипи од Територијалната противпожарна единица и од Итната медицинска помош, по што лицето е однесено во Општата болница во Кочани.

Од Болницата потврдија дека повредениот се здобил со тешки изгореници и поради сериозноста на здравствената состојба итно е префрлен на клиниките во Скопје.

Димовски: Државната лотарија купила апарати за коцкање за 14 милиони евра

Државната компанија за само 20 месеци распишала два тендери и склучила договори за набавка на коцкарски апарти во вредност од 14.000.000 евра.

Првата набавка е направена на 16.04.2018 година и е во висина од 7.422.200 евра.

Втората набавка е направена пред нецел месец, на 02.01.2020 година и е во вредност од 6.548.500 евра.

Вкуната вредност е, како што кажав 14.000.000 евра.

Коцкањето стана главна занимација на оваа Влада.

Откако Владата и СДСМ ги искоцкаа државните и национални интереси, сега се удрија на набавка на машини за коцкање бидејќи очигледно за други работи не се ни способни.

Дражавната видеолотарија, која е фирма со доминантен државен капитал со пари на граѓаните на оваа земја на неполни две години потрошила 14 милиони евра за набавка на машини за коцкање.

Оваа компанија ја раководат партиски кадри на СДСМ и НСДП. Некој за ова трошење на пари за набавка на коцкарски апарати донел политичка одлука.

Двата тендери ги добива една иста компанија, што дополнително фрла сенка и сомнеж за начинот и целта на трошење на овие пари за коцкарски апарати.

Ние немаме дилема дали треба да постои ваква компанија, но сме против трошење на толку големи средства, без обзир кон реалните приоритети на граѓаните.

Додека за заштита од аерозагадувањето не убедуваат дека државата нема доволно ресурси и средства за да се справи, 14 милиони евра се даваат за коцкање.

Државата, која што е должна да помога на своите социјално загрозени граѓани, таа набавува коцкарски машини за 14 милиони евра, па треба да се молиме на хуманоста на овој народ кој што несебично се мобилизира кога се појавуваат семејстава кои што живеат во нечовечки услови и се борат за живот.

За споредба. Сакам да потсетам дека пред почетокот на новата година се донесе Буџетот за 2020 година, а доколку оваа Влада работеше домаќински и на рационален начин ги користеше парите на граѓаните и доколку овие 14 милиони евра не беа потрошени за коцкарски машини немаше да има кратење на пари во многу суштински делови и сфери во Буџетот.

Доколку не се набавеа коцкарски машини ќе имаше повеќе пари за основното образование од кое се скрати, ќе имаше повеќе пари за високото образование на кое му беа скратени 4 милиони евра, ќе имаше пари за реновирање на сите студентски домови, ќе имаше повеќе пари за ученички и студенстки стандарт од кои се скрати, а не да им бидат двојно намалени средствата, а ќе имаше и повеќе пари за науката која што исто така доби помалку пари за 2020 година.

Сега се гледа кои се приоритетите на СДСМ. Според нивното однесување развојот на образованието, науката, културата, капиталните инвестиции не се од приоритетно значење додека 14 милиони евра за коцкарски машини се стратешка инвестиција.

Набавката на коцкарски машини за 14.000.000 евра е најголемата инвестиција на СДСМ.

Тое а пораката што ја испраќа оваа Влада на чело со СДСМ до граѓаните. Не трошете време на образование, дишете загаден воздух и одете да се коцкате.

Илија Димовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер