Има 23 години , 17 трофеи и 22 повреди: Можеби нозете не ми се за фудбал

Новиот рекордер, според бројот на бизарни и чести повреди е еден чуден играч на Баерн - Кингсли Коман.

23-годишниот Французин постигна гол во 14-та минута против Тотенхем во Лигата на шампионите, но мораше да ја напушти играта уште во 27-та минута по бизарна повреда на коленото. Првите информации се дека тој го скршил коленото, а прогнози велат дека младиот фудбалер нема да биде на теренот најмалку 20 дена.

По натпреварот следуваше лавина за поддршка на Коман, која на 23-годишна возраст се здоби со 22 повреди. Скоро нема повреда што фудбалерот на Баерн не ја доживеал во последните пет години, поради што тој е надвор од терените вкупно една година и 25 дена, со 65 натпревари кои ги испуштил.

"Имав досега две операции и тешко би ја преживеал третата. Го пропуштив Светскиот куп каде што сонував да играм и тоа ме фрустрираше. Франција на крајот стана светски шампион без мене, но јас имам волја да се вратам во најдобра форма во националниот тим. Но, ако повторно се случуваат некои сериозни повреди, тоа би било премногу. Јас сум внимателен и вредно тренирам, но ако тоа се случи, тогаш можеби нозете не ми се за фудбал и ќе живеам без него“, изјави  Коман пред една година, не исклучувајќи крај на неговата кариера ако настанат нови проблеми.

Потоа, тој претрпе уште шест повреди минатата година и стана сериозна тема на светскиот фудбал. Неспорно е голем талент , а веќе играше за ПСЖ, Јувентус и Баерн и за француската репрезентација и вреди околу 60 милиони евра. Сепак, поради повредите, доколку продолжи со ова темпо, би можел да го пропушти Европското првенство летото 2020 година.

Интересно е што од друга страна, скромната животна приказна на Коман не е баш како онаа на најголемите фудбалски sвезди. Роден е во Париз, а неговото разбирање за животот открива кој е надвор од теренот.

"Пораснав во предградие на Париз каде животот не е секогаш лесен. И покрај моето потекло од Гвадалупе, секогаш се чувствував французин иако живеам во странство веќе пет години и зборувам повеќе англиски со девојката и германски со соиграчите во Баерн отколку што зборувам француски. Сепак, ми се допаѓа оваа мешавина и мислам дека е убаво да се комбинираат повеќе култури и да се искористи најдобрите од сите земји. Разновидноста може само да ни користи “, рече Коман пред десетина дена во интервју за веб-страницата на Баерн.

Ѕвездата на Баварците, кој досега има освоено 17 трофеи, откри дека планира да ја посети родната Гвадалупе по Божиќ, но тоа сега е под знак прашање по новата повреда.

"Се чувствувам одлично во Гвадалупе. Таму не сум фудбалска sвезда . Луѓето се многу љубезни. Ме препознаваат, но почитуваат и дека сакам да уживам во мир со семејството. Затоа, планирам да одам таму за празниците", изјави Коман.

Академија Пандев се засили со тројца фудбалери од младинската школа

 Иле Донов, Ване Крстевски и Васко Глигоров се новите имиња во професионалниот погон на Академија Пандев.

 Тројцата потекнуваат од младинската школа на клубот и од стартот на подготовките за новата сезона тренираат со сениорскиот тим.

Со взаемна согласност за предвремено раскинување на договорот заминаа Давид Атанаскоски и Михаил Маневски.

Тренерот Југослав Тренчовски информираше дека експедицијата на Академија Пандев подготвките ќе ги продолжи в сабота во Анталија, Турција. Иако беше најавено дека „пандевци" ќе заминаат ден порано поради патување со автобус, сепак е обезбеден авионски превоз и екипата ќе замине истиот ден кога е планирано да почнат подготовките во турскиот туристички центар. Таму струмичкиот прволигаш треба да одигра пет контролни натпревари со екипи од Бугарија, Србија, Русија и Туркменистан.

Шумахер не е човекот кој сите го паметиме, вели водечки италијански неворхирург

Еден од водечките италијански неврохирурзи, Никола Акијари, тврди дека легендата во Формула 1, Михаел Шумахер (51) е „значително различен“, пренесува Дејли Меил.

На 29 декември 2013 година, во скијачка несреќа Шумахер се здоби со тешка повреда на мозокот кога паднал и удрил во карпа додека минувал по необележана патека. Лекарите рекоа дека тој скоро сигурно ќе умрел доколку не носел шлем. Поранешниот возач на Формула 1 потоа беше во индуцирана кома шест месеци. Од 9 септември 2014 година, Шумахер се лекува во неговиот дом на Женевското Езеро. За него се грижи неговата сопруга Корина и децата Џина-Мари (22) и Мик (20).

Шумахер повеќе не е во кома, но хирургот од италијанската клиника во Болоња тврди дека е доста различен од личноста на која светот се сеќава. Семејството на Шумахер ретко зборува за неговото здравје.

Акијари, сепак, верува дека Шумахер повеќе не е човекот кој доминирал во светот на Формула 1 од 1994 до 2004 година. "Мора да замислиме личност која е значително различна од онаа што ја паметиме од трките. Неговиот скелет и мускулатура се многу различни и истрошени". , изјави тој за италијанскиот весник Контро Комотина. „Сето тоа е поради повредата на мозокот “.

Поранешниот менаџер на Формула 1 во Ферари, Жан Тод, минатиот јуни за Радио Монте Карло изјави дека Шумахер напредува добро, но се бори со комуникацијата. Тој исто така рече дека Шумахер може да ги гледа трките во Формула 1 во неговиот дом во Швајцарија.

"Јас сум претпазлив со ваквите изјави, но тоа е вистина. Ние ја гледавме трката заедно во неговиот дом во Швајцарија. Михаел е во најдобри раце, тој не се откажува и сe уште се бори", рече Тод и додаде дека Шумахер не бил во вегетативна состојба.

Францускиот весник „Ле Парисиен“ објави во септември минатата година дека Шумахер бил примен во болница во Париз и бил подложен на антиинфламаторно лекување, кое вклучува перфузија на матични клетки. Медицинскиот персонал што се грижи за Германецот изјави дека е свесен.

Поранешниот менаџер на возачот на Формула 1, Михаел Шумахер Вилхелм „Вилијам“ Вебер тврди дека сопругата на Шумахер, Корина, ја крие вистината за здравјето на легендата. На Вебер, пријател на Шумахер и поранешен менаџер му е забрането да го посети 50-годишниот Германец, а тој тврди дека ситуацијата не е како што изгледа и дека сопругата на возачот се грижи дека „вистината“ ќе излезе на виделина. "

Шумахер не е виден во јавноста од несреќата.

Златан Ибрахимовиќ ги воодушеви навијачите на Милан и се нарече Нинџа (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ, по неговото враќање, го препороди веќе пропаднатиот Милан во секој поглед.

38-годишниот „жилав старец“ предизвика поголема еуфорија отколку кога дојде во клубот во екот на кариерата.

Тимот, кој беше поблиску до зоната за испаѓање од Европа, по четири одиграни натпревари од неговиот втор настап во Милано, има три победи и нерешена, и е на само два бода оддалечено од влегувањето во Европа следната сезона.

„Ефектот Ибра“, како што го нарекоа Италијанците, се рефлектира во подемот на Милан по неговото пристигнување на теренот, трибините и на социјалните мрежи, кои ги запали со демонстрација на неверојатната вештина со топка.

Пред натпреварот со Удинезе, тој се загреваше , а видеото го објави Милан на Твитер. Тоа беше проследено со воодушевување на фановите на шведскиот харизматичен играч со  балкански корени.

Ибра ја ретвитна снимката и случајно се нарекол себеси Нинџа.

притисни ентер