Пред бракот со Хари , Меган работела во народна кујна (ФОТО)

Пред да се омажи за принцот Хари, Меган Маркл била полупознатата актерка и поголемиот дел од времето го поминувала во Канада на снимањето на серијата „Костуми“.

Во тоа време, Меган била волонтер во повеќе организации, а една од нив, народната кујна „ St. Felix Center “, се пофали со фотографијата со војвотката која се фотографирала со нив пред неколку години.

Меган Маркл и нејзиниот сопруг принцот Хари ја наведоа кујната меѓу 12-те организации за која што ќе се грижат во наредниот период, а тимот на народната кујна и се заблагодари на кралската двојка.

„Меган Маркл беше активен и трудољубив волонтер во Центарот за бездомници„ Свети Феликс “за времето поминато во Канада, снимајќи ја серијата „Костуми “, се вели во соопштението на центарот.

We feel very grateful and honoured to have been highlighted by the Duke and Duchess of Sussex, Prince Harry and Duchess Meghan Markle, as one of 12 charities doing important work worldwide. 🙏🏻 This photo has Meghan volunteering in our kitchen! ❤ . The couple said: “With the festive holiday season upon us, it’s also a reminder to reflect on those in need – those who may feel lonely, hungry, homeless, or may be experiencing the holidays for the first time without loved ones. It’s an important time of year to help those around you who may be less fortunate, or who would appreciate even the smallest act of kindness. Continuing our monthly tradition of highlighting accounts that do good, and inspired by the “Twelve Days of Christmas” - we have selected twelve organisations caring for those in need - especially at this time of year.” . Meghan Markle was an active supporter and volunteer of St. Felix Centre during her time living in the city while working on Suits. She volunteered on a regular basis in our kitchen as part of our Community Meals Program. The Duchess also donated food from the set of Suits, and on one Thanksgiving she brought in all the food, turkeys and the fixings for over 100 people. . Through our Twitter account we responded to the announcement: “Thank you! Many people here have fond memories of Duchess Meghan volunteering with us – though we remember her just as 'the lovely Meghan'. We're happy to see she continues supporting vulnerable people now as a member of the Royal Family. We'd love for her to visit us again one day.” . Thousands of people have responded to the call to visit our social media platforms, many of them urging people to make a donation to our Lighting the Way Christmas campaign. . Many vulnerable people in our Toronto need your support! If you are planning your holiday giving, please consider making a donation to our Lighting the Way campaign - link in our bio. Your support can make all the difference! . #Toronto #stfelixcentre #homeless #charity #harryandmeghan #sussexroyal #meghanmarkle #volunteer #lovetoronto #blogto #curiocitytoronto #hypetoronto #libertyvillage #queenwest #toreats #tdot #6ixgrams #torontolife #igerstoronto

A post shared by St. Felix Centre (@st.felixcentre) on

Заев го доби мандатот, вети европска, демократска и одговорна влада ослободена од етнички предрасуди

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев го доби мандатот за составување нова влада од претседателот на државата Стево Пендаровски.

Во обраќањето пред претседателската вила Водно, откако мандатот му беше врачен, Заев рече дека најверојатно, пред да помине законскиот рок од 20 дена, земјава ќе добие ефикасна влада, влада која ќе го продолжи вистинскиот пат – кон ЕУ, која ќе го развива концептот „едно општество за сите", ослободена од какви било национализми и етнички предрасуди.

– Чест и одговорност ми е што како предводник на СДСМ и коалицијата „Можеме" денеска од претседателот Пендаровски го добив мандатот за составување нова, европска, демократска одговорна влада со институции кои уште подобро ќе им служат на граѓаните. Од овој момент, во рок од 20 дена имаме задача да создадеме програма и кадри на кои Собранието ќе има додели мандат да им служат на граѓаните, нагласи Заев.

Според него, Македонија ќе добие влада која ќе го продолжи јасниот правец – ЕУ, просперитет и долгорочна стабилност. Владата ќе има квалитетни, одговорни и отчетни кадри, а приоритет ќе бидат економијата, борбата со криминалот и корупцијата, како и прочистувањето на праводсутвото.

– Владината програма ќе биде во најголем дел посветена на економијата, на раст на плати и пензии, на вложувања во младите, во раст и развој, во грижа за најсиромашните, во поддршкја на домашното стропанство. Ќе водам влада која не знае за скршнување од патот и која по членството во НАТО, продолжува кон членство во ЕУ, истакна Заев и во оваа прилика упати честитки за Рамковниот договор зашто денес се навршуваат 19 години од неговото потпишување.

Претседателот Пендаровски пред да го довери мандатот се обрати кусо.

-Врз основа на член 84, согласно член 90 од Уставот и предлогот на коалицијата „Можеме", за мандатар за состав на влада го определувам Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието, рече Пендаровски.

Според член 90 од Уставот, по добивањето на мандатот, мандатарот во рок од 20 дена на Собранието треба да му поднесе програма и да го предложи составот на Владата. Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. /МИА.

Ахмети организира средба на албанските партии на годишнината од рамковниот договор

Попладнево  претседателот на ДУИ, Али Ахмети организира средба на лидерите на партиите од албанскиот кампус.

Средбата ја следи Мирјана Мирчевска Јовановиќ.

На оваа тема гостин во вонредните вести на Канал 5 е организацискиот секретар на ДУИ Артан Груби.

Пристигна ли некој од поканети и што во ДУИ очекуваат да произлезе од оваа средба, кој се организира на денот кога се навршуваат 19 години од потпишувњето на Охридскиот рамковен договор?

Целиот разговор погледнете го во видеото.

„Само Вистина“ вечерва со Тодор Петров и Абдулади Вејсели

Во вечерашната „Само Вистина“ ќе дебатираат Тодор Петров и Абдулади Вејсели.

Почитувани гледачи, ќе бидат ли „мекици“ причина за одложување на конститутивната седница, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Тодор Петров и Абдулади Вејсели.

Поминаа 19 години од потпишување на Рамковниот договор, колку изгубија Македонците , а колку добија Албанците сиот овој период?

Влеговме во НАТО, заглавивме во европската чекална, дали националистичките побарувања ќе не направат поголеми европјани?

Промена на грб, знаме, химна и двојазични униформи, што уште ќе се измисли во „дух“ на Рамковниот договор?

Почнува ли повторно од далечина да се слуша звукот на оружјето?

Ќе се разбудат ли „демоните“ од 2001 година?

Денов најверојатно „долго“ ќе трае, кој ќе дојде на состанок кај Ахмети, а кој ќе оди на средба со Заев?

Размислува ли можеби ДУИ за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и Левица?

Бизнисот „моли“ за поскоро составување влада, граѓаните на штрајк за поскапување на струјата, политиката ги става во сенка проблемите на граѓаните, а вечерва во Само Вистина, копјата ќе ги „кршат“ Тодор Петров и Абдулади Вејсели, на Канал 5 Телевизија.

притисни ентер