Трипуновски и Нелоски со кампањата „Разговори за обнова на Македонија“ во Росоман

Членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски и Владимир Нелоски денеска беа во Росоман , како дел од кампањата „Разговори за обнова на Македонија“.

Се наоѓаме во Росоман, во делот на срцето на Тиквешијата, согласно активностите на ВМРО-ДПМНЕ на сите населени места за кои што разговараме за сите проблеми и сите ситуации кои што ги тиштат граѓаните на Република Македонија. Во овој дел најмногу се дискусиите беа во земјоделскиот сегмент , рече Трипуновски.

Сакам само накратко да потсетам дека граѓаните од оваа општина не забораваат за сите лажни ветувања кои што ги даде Зоран Заев во предизборието 2016 година, каде што со тогашниот министер Љупчо Николовски ветуваше сигурен пласман и откуп на земјоделските производи, повисоки цени на истите и многу други безброј проекти кои што ќе значат посигурен живот на земјоделецот во Република Македонија.

Денеска после три години гледаме дека сите тие ветувања остана само на хартија и речиси ништо од тоа нема реализирано.

Она што ние сакаме да им го ветиме и во разговорите со граѓаните од оваа општина и во цела Република Македонија е дека ВМРО-ДПМНЕ работи на сериозна програма која што ќе биде понудена во изборниот период и нормално кога ќе формираме влада на 12 април после победата на ВМРО-ДПМНЕ сите вие проекти кои што ќе бидат реални и остварливи ќе значат еден достоинствен земјоделец кои што навистина ќе биде ценето целата држава односно од целата влада. Затоа што земјоделците се еден од столбовите на економијата во Македонија и навистина тие заслужуваат да бидат на пиедесталот, а не како сега на дното на листата на Зоран Заев кој што гледаме дека е најдобар само во крадење на државните пари, во уништување и распродавање на државните интереси.

За нас, ВМРО-ДПМНЕ земјоделецот бил и ќе остане на врвот на приоритетите, рече Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ од Росоман.

,,Денеска караванот за Обнова на Македонија продолжува, тука сме во Росоман, заедно со членот на Извршниот комитет Цветан Трипуновски, потсекретарот за овој општински комитет Слободан Ивановски и дополнително сите членови на општинскиот комитет од Росоман, но и жителите на Росоман , рече Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тука сме да си слушнеме проблемите на сите граѓани, но и да видиме одредени решенија за нивните проблеми, она што ги тишти најмногу граѓаните од овој регион се разбира дека е земјоделието, но и сите останати проблеми коишто инаку можеби во 2016 година им биле ветени на граѓаните сега се уште се неисполнети. Дојдовме да ги увериме дека сето она што ќе биде ветено во програмата на ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април ќе биде реализирано, нема да биде само зборови на хартија туку се што ќе се обврземе како ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април кога ќе ја направиме владата тоа ќе биде и реализирано.

Она што морам да го истакнам е дека овие денови секој граѓанин тука во Росоман, но и во цела Македонија е дополнително задолжен за 150 евра бидејќи владата на Зоран Заев иако има реализација на капиталните инвестиции само 40 проценти, има ново задолжување од 300 милиони евра. Слабата реализација на капиталните инвестиции значи дека тие пари ќе се искористат непродуктивно, односно наместо да се изградат патишта, булевари, канализација за граѓаните, ќе бидат употребени најверојатно да се збогати свитата околу Зоран Заев.

Како ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжиме меѓу граѓаните да ги слушнеме нивните потреби, но се разбира и да бидеме во дослух со нив бидејќи само така ќе можеме после 12-ти април да го направиме животот за сите граѓани на Македонија подобар и да го вратиме достоинството не само на земјоделците, туку и на пензионерите, и на младите луѓе да се врати желбата за живеење тука во Македонија и да има се помалку разговори за да се напушти државата, туку да се остане тука да се формира семејство. Ќе продолжиме и понатаму да бидеме помеѓу граѓаните и токму и затоа поддршката за ВМРО-ДПМНЕ продолжува да расте во однос на СДСМ и ќе продолжи да расте до 12-ти април каде што ќе имаме една огромна победа и конечно ќе се стави крај на заевизмот во Република Македонија и на транзициските политичари, рече Нелоски во Росоман.

АИ: Глобалните човекови права соочени со најсериозни закани

Човековите права ширум светот се соочуваат со најсериозните закани во последните неколку децении, соопшти Амнести интернешенл (АИ) во својот годишен извештај објавен денеска.

Организацијата ги истакна конфликтите во Газа и Украина, како и ширењето на авторитарните влади, кои му штетат на меѓународниот поредок со кршење на меѓународното право и игнорирање на основните права.

-Флагрантното непочитување на меѓународното право од страна на Израел се надополнува со неуспехот на неговите сојузници да го запрат невиденото крвопролевање во кое страдаат цивили во Газа, изјави генералната секретарка на АИ, Ањес Каламар.

„Покрај руската агресија против Украина, зголемениот број на вооружени конфликти и масовните прекршувања на човековите права, забележани, на пример, во Судан, Етиопија и Мјанмар - глобалниот поредок заснован на правила е во опасност да биде десеткуван“, додаде таа.

И демократиите не ги избегнаа критиките на АИ, а Каламар кажа дека „тоа што го видовме во 2023 година потврдува дека многу моќни држави ги напуштаат основните вредности на хуманоста и универзалноста содржани во Универзалната декларација за човекови права“. Меѓу другото, во извештајот се критикува американското користење на ветото за да се парализира Советот за безбедност на ОН со месеци за резолуцијата за прекин на огнот во Газа.

Извештајот „исто така ги истакнува гротескните двојни стандарди на европските земји како Обединетото Кралство и Германија, со оглед на нивните основани протести против воените злосторства на Русија и Хамас, а истовремено ги поддржуваат дејствијата на израелските и американските власти во овој конфликт“, се наведува во соопштението на Амнести.

Војната во Украина беше уште еден клучен фактор што придонесе за падот на глобалното досие за човекови права.

Амнести ги наведе неселективните напади на руските сили „на населени области и цивилна инфраструктура за извоз на енергија и жито“.

„И руските и украинските сили користеа касетна муниција и покрај нејзината неселективна природа и постојаните ризици за цивилите“, се вели во извештајот.

-Извештајот на Амнести интернешенел прикажува мрачна слика за алармантна репресија на човековите права и кршење на меѓународните правила, сето тоа во услови на продлабочување на глобалната нееднаквост, суперсили кои се борат за превласт и ескалација на климатската криза, рече Каламар. /МИА

Во Македонска Каменица гласаат 6641 лице, излезноста до 9 часот 3,55 проценти

Во Македонска Каменица во рамки на Претседателските избори 2024 денеска треба да гласаат 6641 лица, кои се регистрирани во избирачкиот список. Гласачките места во оваа Општина биле отворени навреме, а гласањето се одвива без било какви проблеми.

До 09:00 часот кога е направен првиот пресек за излезноста на граѓаните од Општинската изборна комисија соопштија дека 3,55 е процентот на граѓани кои го оствариле своето право на глас

- Од вкупно регистрираните гласачи до 09:00 часот гласале вкупно 236 лица или 3,55 проценти од гласачите во Македонска Каменица го искористиле своето право на глас, информираа од ОИК.

Гласањето, како што додадоа, продолжува на избирачките места на кои граѓаните можат да го дадат својот глас за еден од седуммината кандидати за Претседател на државата.

Во меѓувреме, Општинската изборна комисија во соседната општина Делчево соопшти дека до 09:00 часот таму гласале 818 лица од вкупно 14.490 регистрирани гласачи што во проценти изнесува 5,65 проценти. /МИА

Жиру следната сезона ќе игра во американската лига

Оливие Жиру следната сезона ќе игра во американската МЛС лига.

Прославениот француски репрезентативец веќе потпишал договор на една и пол година со Лос Анџелес.

Напаѓачот во кариерата постигна 57 гола на 131 натпревар за Франција, а во новиот клуб ќе му се приклучи на долгогодишниот репрезентативен колега, голманот Хуго Лорис со кој го освои Светското првенство во 2018 година.

Французинот уште во март постигна договор со тимот од Лос Анџелес, а сега договорот е и официјално потпишан.

Жиру кариерата ја започна во Гренобл, потоа играше за Тур, Монпеље, потоа Арсенал, Челси, додека претходните три години играше за Милан, со кој беше и шампион на Италија.

Оваа сезона во сите натпреварувања за Милан Жиру постигна 15 голови. /МИА

притисни ентер