Марсело си заминува од Лион по тепачката меѓу неговите колеги со навивачите (ВИДЕО)

Тепачката  на играчите и навивачите на Лион на нивниот стадион, откако драматично се изборија за влез во следната група во Лигата на шампионите, го шокира фудбалскиот свет.

Лион загуби со 0-2 од Лајпциг во второто полувреме, но потоа изедначи со 2: 2 за да ја обезбеди нокаут фазата на ЛШ.

Мемфис Депај, капитенот, најдобриот играч и стрелец за Лион, кој го постигна вториот погодок, забележа како еден од нивните фанови на теренот развил знаме на кое пишува „Марсело оди си “. Покрај пораката до дефанзивецот на Лион бил и цртеж на магаре.

Лидерот на тимот го одбрани својот соиграч и се стрча кон навивачот и му го скина знамето. Голем број навивачи се упатија кон Депај, кои тешко беа запрени од чуварите и полицајците , така што неколкумина успеаја да се пробијат на теренот и да го нападнат капитенот. Но наскоро другите играчи на Лион влегоа и им се спротивставија. Реакцијата на Депај и другите фудбалери јавно ја пофали тренерот на Лион, Руди Гарсија.

Марсело Антонио Гуедос Филјо им се спротивстави на навивачите на Лион за време на поразот од Бенфика, исто така во ЛШ, по што беше нападнат на социјалните медиуми. Другите играчи на Лион се солидаризираа со Марсело, па затоа веќе не ги поздравуваат навивачите по победите.

Радио Монте Карло известува дека искусниот (32) бразилски стопер, по синоќешниот инцидент, решил да го напушти клубот во кој дошол летото 2017 година, без оглед на неговиот договор со Лион е потпишан до летото 2021 година.

Арсовска изврши увид на градежни работи на реконструкција на водоводна мрежа во Гази Баба

Град Скопје денес реализира уште еден проект од големо значење за граѓаните. 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со претставници од Секторот за планирање и уредување при Град Скопје и скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ извршија увид во завршните градежни работи на реконструкција на водоводната мрежа на ул. Антон Попов во општината Гази Баба.

Со изведбата на водоводните приклучоци на овој потег кои се поврзуваат со постојната водоводна мрежа со профил од 150 милиметри, се решава повеќедеценискиот проблем на жителите со честите прекини во водоснабдувањето поради застареноста на системот, а се решаваат загубите на вода и трошоци за поправките на дефектите на водоводната мрежа.

Изведбата на овој проект претставува дел од програмата на градоначалничката Данела Арсовска за обновување на градската мрежа, во децениски заборавените населени места, што претставуваше и долгогодишно барање на жителите од тој дел на градот.

Град Скопје

Тошковски: СВР Струмица поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Богданци

СВР Струмица поднесе кривична пријава против градоначалник на општина Богданци и вработена во Одделение за урбанизам при Општина Богданци.

Имено, првопријавениот во својство на градоначалник на Општина Богданци, во периодот од 17.05.2021 до 15.06.2021 година по претходно спроведена јавна набавка и договор склучен со најповолен економски оператор, со средства од буџетот на Општина Богданци извршил изградба и реконструкција - поставување на бехатон на КП 9458 КО Богданци која е во приватна сопственост, без да се спроведе постапка за експропријација, на начин што свесно оваа парцела ја прикажал како дел од улица "Крсте Мисирков" во Богданци бидејќи за истата нема и не може да има соодветна дозвола за градба и на тој начин спротивно на ДУП на Општина Богданци, спротивно на Закон за експропријација и без соодветна дозвола за градење , со буџетски средства бесправно е изградена приватна КП 9458 КО Богданци, во корист на нејзините сопственици, а на штета на буџетот на општината.

Второпријавената вработена на работно место помлад соработник - урбанистички планер во Одделение за урбанизам и градежништво во Општина Богданци со овластување дадено од првопријавениот, задолжена како одговорно лице за следење на текот на постапката за изградба и реконструкција на улици на територија на Општина Богданци, иако била должна да знае дека наведената КП е во приватна сопственост, дека согласно ДУП за Општина Богданци на истата не може да се вршат градежни активности, бидејќи нема соодветна дозвола за тоа и не е спроведена постапка за експропријација, сепак го пропуштила надзорот кој била должна да го спроведе со несовесно постапување во вршење на своите законски овластувања и во ниту еден момент не реагирала на незаконските постапки со што овозможила бесправно со буџетски средства да се изгради приватна парцела КП 9458 за КО Богданци во корист на нејзините сопственици, а на штета на буџетот на Општина Богданци.

Со горенаведеното првопријавениот сторил кривично дело "Злоупотреба на службена положба и овластување" и "Бесправно градење", а второпријавената сторила кривично дело "Несовесно постапување во службата", објави на ФБ министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Некој во Словенија заборавил да земе 1.500 евра од банкомат, жена направи убав гест

Некој во Словенија заборавил да извади 1.500 евра на банкомат, што се гледа на фотографијата.

Жена ги пронашла парите во улицата „Сорерјева“ на банкоматот на банката, ги фотографирала и ги однела во Полициската станица „Шишка“ во Љубљана, каде се уште се наоѓаат парите, пренесува порталот GPMaljevac.COM.

Медиумите пишуваат дека вистинскиот сопственик на парите кој заборавил да ги земе од банкомат може да се обрати во полициската станица Шишка и со извод од банка да докаже дека парите се негови.

Парите се во вистински раце, сопственикот треба да докаже дека парите се негови, а доколку успее, припадниците на полициската станица Шишка ќе му ги вратат пронајдените пари.

притисни ентер