Белгиски навивачи нападнати со секири и чекани во Неапол (ВИДЕО)

Навивачите на белгиски Генк нема да се сеќаваат по добро на госувањето на нивниот тим во Неапол.

Околу 1.200 навивачи на белгискиот тим пристигнаа во Италија, а многумина од нив беа изложени на напади на навивачите на Наполи.

За нив, патувањето во Италија се претворило во хорор, а за тоа сведочат бројни изјави.

"Бевме бркани во понеделникот вечерта со скутери. Тие нè нападнаа со чекани и секири. Срамота е што фрливме пари на ова патување", рече еден од фановите од Белгија за италијанските медиуми, додека друг додаде:

"Тие го зграпчија мојот пријател на пат кон стадионот и го удрија со кацига. Автобусите беа нападнати при влегувањето на стадионот, еден прозорец се скрши пред мене. Не го очекувавме тоа.”

Генк беше поразен со 4-0 и се збогува со учеството во Лигата на шампионите за оваа сезона.

Валенсија по 12 години ја победи Барселона , општа тепачка меѓу навивачите (ВИДЕО)

Фудбалерите  на Барселона беа поразени од Валенсија на Местаља со 2: 0, во 21-то коло од Ла Лига.

Лилјаците ја освоија својата прва победа над Каталонците по 12 години. Ова е прв неуспех на новиот тренер Кике Сетиен од преземањето на лидерот на шпанското национално првенство.

Пред натпреварот навивачите на Валенсија и Барселона се судрија во близина на стадионот „Местаља“.

Пред околу десетина дена градските власти на Валенсија го окарактеризираа натпреварот како настан со висок ризик, но не успеаја да ја спречат масовната тепачка меѓу навивачите на двата клуба.

Фановите се тепаа со факели, стапови, камења, столчиња и други предмети што им се најдоа на дофат.

Повеќе од сто хулигани од Барселона се приведени и не можеа да присуствуваат на 21. коло од Шпанското првенство.

Засега нема пријавени повредени, бидејќи голем број од навивачите избегаа откако пристигна полицијата.

Норвешка освои бронза по победата над Словенија

Норвежаните собраа сили по синоќешниот шок натпревар против Хрватска во полуфиналето на ракометното Евро и успеаја да ја совладаат Словенија во борбата за третото место со 28:20.

Словенија поведе само еднаш на овој натпревар, 2: 1 на стартот. Предноста се одржуваше до полувремето, кога водството на Норвешка беше +3, но на крајот порасна за да стигне до +8. Норвежаните водеа најмногу во овој натпревар со 9 гола разлика.

Ова е прв медал на Европските првенства во историјата на норвешката репрезентација.

По шокот во полуфиналето против Хрватска, кога Норвешка загуби со 29:28 во вонредна драма по две продолженија , тие сепак успеаја да најдат сила и лутината поради поразот да ја истурат врз Словенците. Словенија загуби од Шпанија со 34:32 во полуфиналето.

До крајот на првенството остана уште еден натпревар. Големото финале во распродадената арена во Стокхолм утре го играат Хрватска и Шпанија со почеток во 16:30 часот.

Червар: Ова е страшен подвиг , одиме до крај (ВИДЕО)

По десет години , хрватските ракометари се изборија за големото ракометно финале.

По драма и две продолженија, Норвешка беше совладана од Хрватска со  29:28. Хрватска победи на еден од најдобрите натпревари во историјата на Европското првенство. Во 16:30 часот во недела тие ќе играат против Шпанија за европското злато.

"Мора да им дадеме шанса на играчите за да издржаме натпревар како овој. Тешко беше, го знаеме тоа, но сè помина добро во одреден момент, головите паѓаа наизменично, игравме добра одбрана ... Ужасна работа, страшен подвиг и резултат. Сметам дека можеме да ја вратиме Хрватска на врвот на светскиот ракомет.

Утре е нов ден, нова желба, нов предизвик. Ние сакаме да одиме до крај. Одмнор? Многу е тешко да се одморат играчите. Тие се уморни, можеше да се види дека Циндриќ не можеше да напаѓа против Норвешка. Ќе се обидеме да ги одновиме силите. Публиката многу ни помага за да добиеме дополнителна сила во тешките моменти.

Шпанија е одличен тим. Тие играат слична одбрана како и ние, силни се, имаат добри погодоци и брза транзиција меѓу Фернандез и Сол. Го прават тоа исклучително ефикасно. Мора да бидеме внимателни. Ги затворивме со одбрана од 6-0 во првиот натпревар затоа што немаа изразен удар, но тие ни направија проблеми со одбраната 5-1 “, рече Червар веднаш по синоќешниот драматичен полуфинален натпревар.


притисни ентер