Нови аудиоснимки за „Рекет“ објавени на „Youtube”

Нови девет аудиоснимки поврзани со случајот “Рекет” одекнаа на “Youtube”. 

На нив повторно се слуша глас кој наликува на бизнисменот Орце Камчев. Во објавените записи може да се чујат нови детали кои го откриваат патот на Луј Витон торбата од еден милион евра, која според овие нови записи наводно имала GPS.

“ Добро Боки навистина ли ги однесе парите таму бе? Тоа не смеам да го зборам, тоа е дел од истрага. Има џи-пи-ес, се има. У рачка, у металното. Је*ига. Му ги дал на него ? Не знам куферот не е кај Заев.”

Истиот глас кој наликува на тој на бизнисменот Камчев во друга снимка на соговорникот му вели дека торбата била шетана и надвор од Македонија.

“ Знаеш колку е исшетан тој куфер, колку е изнасниман ? Кај идел тој куфер? Во Загреб, во Италија, во к**ови, па со Зоки биле во Милано Заедно.”

Камчев инаку во петокот во изјава за медиумите по сведочењето негираше постоење на уред за следење во торбата.

Во една од снимките се слуша и наводна комуникација која според контекстот и досега познатите јавни податоци со случајот алудира дека била меѓу Камчев и премиерот Зоран Заев.

-Пишувам, те молам Зоки јави се.

-Не можам друже во гужва сум.

-Не треба да дадеме кај Вилма ништо. Во две деца ти се колнам, мислам дека ова не треба да го дадеме таму. Му го имам во документ, ќе ти го покажам.

-Друже мој, Македонија мора да стане правна држава, да идеш да си пријавип инаку ти ќе одговараш.

Во снимките се споменуваат и документите од истрагата кои излегоа во јавноста кои ги покажа и лидерот на ВМРО ДПМНЕ на прес-конференција.

“ Дали од кај Вилма? Таму кујзнае кој работи за ВМРО. Новата Вилма треба да биде некоја од тие. Може ги лапнала и ги дала на Мицко. И она е обвинителка утре. Сите на одмор се бе, кој сака може да влезе во компјутер.“

Дали овие снимки може да фрлат ново светло во овој случај засега не е познато, но обвинителството веќе има отворено случај.

Вчера за случајот Рекет сведочеше сопругата на бизнисменот Камчев, Ана Камчева, која рече дека во станот на Боки 13 во Орман во несесер однела 350.000 евра . Во станот отишла со Зоран Милевски, а таму, освен Боки 13 и девојката што работела кај него бил присутен и Сергеј Варошлија, кој во телефонски разговор за Канал 5 изјави:

„Немам што да Ви кажам. Мислам дека се тоа тешки глупости и немам ни коментар и ниту имам некаква врска со овој каков и да е случај. “- Сергеј Варошлија.

Се обидовме да стапиме во контакт, но не успеавме и со адвокатот кој го спомнаа Камчеви во судницата - Васил Димишков, брат на истражната судијка Весна Димишкова.

Судењето за случајот Рекет ќе продолжи со сослушување на нови сведоци на 25-ти декември.

Жена дошла во банка со мртов човек за да подигне кредит: Тој е молчелив (Вознемирувачко видео)

Неверојатна приказна доаѓа од Рио де Жанеиро, каде жена била уапсена откако наводно се обидела да добие кредит од банка, во друштво на мртов човек?!

Приказната за прв пат ја објави ТВ Глобо од Бразил, а видеото се појави на социјалните мрежи.

На видеото гледаме жена која стои покрај блед постар маж во инвалидска количка. Се гледа како го држи за врат и го нарекува „чичко“.

Таа наводно се претставила како внука на мажот и побарала кредит од 3.400 долари.

„Вујко, слушаш ли? Треба да го потпишете договорот за заем. Ако не потпишеш, нема шанси, бидејќи не можам да го сторам тоа за тебе“, вели таа.

Вработената во банката, која ја снимила снимката, одговара: „Изгледа не му е добро, неговата боја“.

Жената возврати: „Таков е тој. Тој не зборува ништо“.

Вработените во банката набрзо повикале полиција.

„Тој веќе беше мртов во банката. Главната работа е да се продолжи со истрагата за да се пронајдат членовите на семејството и да се дознае повеќе за случајот“, изјавил началникот на полицијата Фабио Луиз за ТВ Глобо.

Ако се покаже дека жената е виновна, таа може да биде одговорна за обид за измама.

Надлежните ги истражуваат околностите под кои мажот починал, а неговото тело е пренесено во Институтот за судска медицина.

Јонуз: Полека но сигурни влегуваме во „бугарско“ сценарио

„За година и пол до две сум сигурен дека ќе имаме предвремени избори“

Тоа што некој е помудар од тебе и тоа што подобро игра од шах од тебе, не значи дека ги надминал границите. Легитимно право, законско право е да се поставува услов. Алал да им е на Албанците 100:0 тепаат наспроти Македонците. Полека но сигурни влегуваме во „бугарско“ сценарио. За година и пол до две сум сигурен дека ќе имаме предвремени избори. На овие избори тврдам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе „растури“ на овие избори затоа што имаат доследност, кичмата крива ли е, ја држат, другите се камелеон. Во Македонија овде кога би не оставиле сами да го делиме парчето торта, очите ќе си ги извадиме. Албанците тоа што го имаат, Македонците го немаат, а тоа е едиство, рече Агим Јонуз во Само Вистина.

Нарко босот „Ел Чапо“ се жали дека во затворот не му дозволувале никаков контакт со семејството

Мексиканскиот нарко бос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, поранешен водач на картелот Синалоа, тврди дека не смее да прима телефонски повици или посети во максимално безбедниот американски затвор во Колорадо, каде што издржува доживотна затворска казна.

Гузман, кој неколкупати бегаше од затворите во Мексико, на крајот на март му напиша писмо на судијата на Окружниот суд на САД, Брајан М.

Тој е осуден за водење на операција за шверц на дрога од индустриски размери и отслужува казна во затвор со максимална безбедност во Флоренс, Колорадо, според АП.

„Во мај 2023 година, објектот престана да ми ги пренесува повиците на моите ќерки, а јас седум месеци немав повици од нив. Прашав кога ќе ми дозволат да разговарам со моите ќерки и вработените ми кажаа дека агентот на ФБИ кој ги надгледуваше повиците не одговара“, напиша Гузман.

Ел Чапо смета дека е изложен на „дискриминација без преседан“ и дека официјалните лица го казнуваат со тоа што не му дозволуваат контакт со семејството.

Гузман, исто така, побарал од судијата да ја посети неговата сопруга Ема Коронел, но не кажа кога последен пат му било дозволено да ја види.

Коронел, исто така, се изјаснила за виновна за обвиненијата за трговија со дрога во 2021 година, но подоцна беше ослободена.

„Ве молам на Коронел да ѝ дозволите да ме посети и да ги донесете моите ќерки да ме посетат, бидејќи тие можат да ме посетат само кога се на одмор, бидејќи студираат во Мексико“, додаде Гузман во писмото до судијата. .

Судијата Коган одговори минатата недела, велејќи дека по изрекувањето на пресудата на Гузман, сè е на американското биро за затвори и дека нема моќ да интервенира.

Во декември, 95-годишната мајка на Гузман почина во северната мексиканска држава Синалоа, а таа наводно не го видела својот син откако беше испратен во затвор во Колорадо во 2019 година.

Гузман го предводеше картелот Синалоа во борбата против нарко бандите, во кои загинаа илјадници Мексиканци.

Тој двапати избегал од мексиканските затвори, еднаш преку тунел долг километар ископан низ ќелијата во која престојувал.

Откако беше екстрадиран во Њујорк, неговото тримесечно судење вклучуваше приказни за убиства, политички исплати, кокаин скриен во лименки халапења и пиштоли со скапоцени камења.

Во 2023 година, Мексико екстрадираше еден од синовите на Ел Чапо, Овидио Гузман Лопез, во САД за да се соочи со обвиненија за трговија со дрога и перење пари.

Се вели дека Гузман Лопез го водел картелот Синалоа за време на операциите за производство и извоз на фентанил во САД, за кој се верува дека предизвикува 70.000 смртни случаи годишно.

притисни ентер