Густ чад го обви Сиднеј, воздухот опасен по живот

Густ чад од големите шумски пожари се надви над Сиднеј навлегувајќи дури и во зградите и куќите поради што насекаде се слушаа аларми за чад, а заради лошата видливост, запрен е сообраќајот.

На оддалеченост од шеесет километри огнот уништи области на сува и запалива вегетација северозападно од Сиднеј, и ширеше опасен чад низ источниот брег и над Тихиот океан, при што пожарите достигнаа до Нов Зеланд, покажуваат сателитските снимки.

Повеќе од две недели, шумските пожари го покриваат Сиднеј со чад и пепел, каде живеат повеќе од пет милиони луѓе. Поради маглата, небото е портокалово во текот на денот, видливоста е намалена и многу луѓе носат маски. Иако не е издадена официјална наредба за евакуација, многу жители на погодените области одлучиле да ги напуштат своите домови.

Град Скопје: Продолжува кампањата за бесплатно собирање на остатоците од берба

Град Скопје ги повикува граѓаните да ја искористат поволноста за бесплатно собирање на остатоците од бербата, со што ќе се придонесе за спречување на палење на стрништата.

Градот Скопје е прва единица на локална самоуправа која спроведува кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата, за да се намали загаденоста на воздухот, да се зачува плодноста на почвата, но и да се спречи ширењето на евентуални пожари кои неретко предизвикуваат материјални штети, а понекогаш загрозуваат и човечки животи.

Заинтересираните граѓани може да се јават на телефонскиот број 071 395 395 и да договорат бесплатно подигање на органскиот отпад. Оваа кампања годинава ќе го опфати целиот Скопскиот плански регион.

Покрај бесплатното подигање на органскиот отпад, Град Скопје како дополнителна мотивација годинава нуди можност секој што ќе ја искористи оваа поволност, во сезоната на садење да добие околу 30 килограми органско ѓубриво на секои 100 килограми отпад. Овој проект ќе опфати и компостирање на собраниот материјал во објект во сопственост на Градот Скопје.

Минатата година оваа кампања за првпат беше организирана од Град Скопје со поддршка од УНДП и МДЦ-Ти.нет и даде одлични резултати - бесплатно подигање на отпадот од бербата од Град Скопје побараа над 120 жители на Скопје, при што беа подигнати, а со тоа беше спречено палењето на околу 700 кубни метри органски отпад. Оваа година, во кампањата за спречување на палењето стрништа се вклучи и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во делот на планирањето на периодите кога се врши бербата на различните земјоделски култури. Во кампањата се вклучи и Халк Банка со поддршка на промотивните активности.

Најголем процент од новозаболените и смртните случаи имаат коморбидитети или се над 60 години

Кај 196 лица (34,3 отсто) е регистрирано присуство на коморбидитети.

Најголем процент – 25,9 отсто од новозаболените со Ковид-19 и во периодот од 3 до 9 август се лица на возраст над 60 години, а поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст меѓу 30 до 39 години – 18,4 отсто, од 40 до 49 години – 17,9 отсто, а од 50 до 59 години – 17,2 отсто, покажуваат денеска објавените податоци во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Кај 196 лица (34,3 отсто) е регистрирано присуство на коморбидитети.

Во истиот период регистрирани се 25 смртни случаи, а најголемиот број од нив се лица на возраст над 60 години (56 отсто). Кај 19 од смртните случаи (76 отсто) се регистрирани претходни коморбидитети.

Бајден ја номинираше сенаторката Камала Харис за потпретседател на САД

Кандидатот на Демократската партија за претседател на изборите во САД, Џозеф Бајден ја номинираше сенаторката Камала Харис за кандидат за потпретседател на државата.

Одлуката на Бајден, се цени како историска затоа што Харис ќе биде првата афроамериканка во историјата на Соединетите држави што ќе биде кандидат за претседател или за потпретседател на државата.

Бајден, кој беше потпретседател на САД, за време на администрацијата на Барак Обама, според набљудувачите, со овој потег признава дека афроамериканските гласачи ќе играат важна улога во неговите напори да го поразат актуелниот претседател на САД Доналд Трамп, на изборите на 3 ноември.

притисни ентер