Отворање на леарницата на „Кранфилд Фаундри"

Леарницата на компанијата „Крaнфилд Фаундри" во новата индустриска зона Неокази во Пробиштип официјално почнува со работа. 

Во леарницата треба по европски еколошки стандарди и со високо-автоматизирана технологија да се леат делови за автомобилската индустрија.

Инвестицијата е околу 15 милиони евра, а се очекува етапно вработување на околу 300 лица. Во првата фаза е предвидено вработување на 150 лица, од кои 50 работни места се за лица со високо образование.

Леарницата се простира на површина од околу осум хектари, а се состои од производствен погон и административна зграда на вкупно 15 илјади метри квадратни.

На официјалното отворање на леарницата најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска./МИА

Македонија гласа на првиот круг претседателски избори

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места  ќе бидат отворени  до 19 часот. 

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава нашата екипа е на отворањето на гласачките места во Влае. Таму е Игор Манасивски.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Лични документи можат да се подигнат и денеска

Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР.

- Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот, соопштуваат од МВР.

Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.

Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавниот превоз денеска ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи, соопшто Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер