Активисти со лепак се залепија на автобусот на британскиот премиер (ВИДЕО)

Тројца активисти за животна средина се залепија на предизборниот автобус на британскиот премиер Борис Џонсон , откако тој одржа предизборен митинг во фабрика во централна Англија, два дена пред изборите.

Припадниците на Extinction Rebellion , кои во октомври го нарушија јавниот превоз во Лондон рекоа дека осуммина демонстранти, од кои петмина биле облечени како пчели, го блокирале автобусот на конзервативците за да побараат побрз напредок во намалувањето на емисиите на стакленички гасови.

„Ние сме тука затоа што секој степен на затоплување е важен, секоја минута и со тоа што не дејствуваме денес ја забрзуваме најлошата криза на нашето време“, рече Беки Мекги ,еден од демонстрантите.

Конзервативните политичари со поголема веројатност ќе бидат против климатскиот ангажман, додаде таа.

Портпаролот на Конзервативната партија не била достапен за коментар на британските медиуми. Партијата соопшти дека сака да ги намали емисиите на стакленички гасови на нула до 2050 година преку употреба на обновлива енергија, складирање на јаглерод и употреба на електрични автомобили.

Предходни цели на кампањата на Extinction Rebellion  беа предизборните автобуси на Лабуристичката партија, либералните демократи и партијата Брегзит.

Шилегов: Некои навики ќе треба да ги промениме ако сакаме да ја добиеме битката со загадувањето

 Една од воведените вонредни мерки за зголемена загаденост на воздухот е воведување бесплатен јавен превоз со цел да го дестимулираме автомобилскиот сообраќај во што за жал не успеваме, ама тоа не е вина, ниту на Градот, ниту на Владата. 

Веројатно некои навики ќе треба да ги промениме ако сакаме да ја добиеме битката со загадувањето и тие се како интервентни мерки, истакна денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Според него, интервентноста на мерките важи до моментот до кога се исполнети законските услови Градот да ги води како интервентни.

– По основ на известувањето што утрово го добивме од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Владата престанаа да постојат условите за воведување на тие интервентни мерки, а имаме во предвид дека еден ден на бесплатен превоз Градот го чини некаде околу 7,3 милиони денари. И кога ќе престанат условите, тоа се наши буџетски пари, кога не се исполнети условите едноставно немаме потреба од такви интервентни мерки, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на седницата на Советот на Град Скопје.

Додаде дека вонредните мерки за зголемена аерозагаденост ги утврдува МЖСПП, а согласно Акцискиот план, Градот има определени обврски во моментот кога ќе добие известување од страна на МЖСПП и од Владата да постапи.

Бесплатниот превоз како мерка заштита од загадувањето беше воведен завчера во 18 часот, а е укинат денеска на пладне.

Вонреден инспекциски надзор над пратка со отпад на граничниот премин Богородица

Од Министестерството најавуваат дека по извршениот увид на документацијата и анализа на земените примероци од страна инспекторите и царинските служби, резултатите ќе бидат споделени со јавноста. 

 Државниот инспекторат за животна средина во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Царинската управа, врши вонреден инспекциски надзор над пратка со отпад (РДФ) запрена на граничниот премин Богородица помеѓу Македонија и Грција.

Од Министестерството најавуваат дека по извршениот увид на документацијата и анализа на земените примероци од страна инспекторите и царинските служби, резултатите ќе бидат споделени со јавноста. 

„Сити мол“ евакуиран поради дојава за бомба

Трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје е авакуиран по дојава за бомба. 

Посетителите и сите вработени во трговскиот центар се евакуирани од молот. 

Според вработените во центарот  полицијата ги евакуирала откако добиле дојава за бомба. 

притисни ентер