Добитникот на Нобеловата награда за мир со предупредување : Војната е реинкарнација на пеколот за сите

Милитантните групи и глобалните воени сили претставуваат закана по мирот и стабилноста на Африка, предупреди денеска  етиопскиот премиер Абиј Ахмед, откако ја доби Нобеловата награда за мир за постигнување мировен договор со Еритреја.

Абиј беше прогласен за годинешен добитник на Нобеловата награда за мир за неговите мировни напори, со кои завршија две децениските непријателства меѓу Етиопија и Еритреја.

Во говорот во Осло, Абиј се заблагодари на „добрата волја“ на еритрејскиот претседател Исаиас Афверки и ги опиша двете држави дека се решени за одржување на мирот.

Но, Абиј (43), најмладиот политички водач во Африка, зборуваше и за опасностите со кои се соочува регионот.

„Глобалните воени суперсили го прошируваат своето воено присуство во регионот. Терористичките и екстремистичките групи, исто така, се обидуваат да основаат бази“, рече Абиј, но не разјасни кои земји или групи ги имал во предвид.

„Ние не сакаме Рогот да стане борбено поле на суперсилите или место за криење на терористи или агенти на очај и беда“, додаде тој.

Абиј бил војник од 1998 до 2000 година во војната меѓу Етиопија и Еритреја, истакнувајќи дека тој бил сведок на „грдотијата на војната, нејзината суровост и што може да им направи на луѓето“.

„Војната е олицетворение на пеколот за сите вклучени во неа. Знам затоа што бев таму и се вратив“, рече тој.

„Видов браќа како убиваат браќа на бојното поле. Видов стари лица, жени и деца како треперат од терор под смртоносен дожд од куршуми и канонада од топови“.

Абиј истакна дека неговата администрација ги ослободила сите политички затвореници, центри за притвор и ги запрела апсењата на новинарите.

Сепак, неговите критичари велат дека обидите на Абиј да наметне единство - вклучително и формирање обединета национална политичка партија - однапред се соочија со неуспех, со оглед дека 105 милиони жители на Етиопија припаѓаат на повеќе од 80 етнички групи.

Трипуновски: Засилени контроли за заштита на рибата во Охридското Езеро

 Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска од Охрид најави засилени контроли на Охридското Езеро, со цел заштита на рибниот фонд.

– Во услови кога Охридското Езеро нема концесионер и е без заштита, Миинистерството за земјоделство преку Државниот инспекторат, заедно со Министерството за внатрешни работи да ги засилат контролите на терен, со цел заштита на ова природно богатство и рибниот фонд што дополнително е загрозен, рече Трипуновски.

Тој потсети дека минатата година не е спроведено порибување со подмладок од ендемичниот вид охридска пастрмка, а прашање е дали и оваа година ќе биде извршен вештачки мрест што, рече, дополнително го загрозува рибниот фонд.

– Со МВР изминатиот период имавме успешна соработка, но овој апел е со цел во иднина да се засили контролата не само во охридскиот туку и во струшкиот регион, за заштита на националното богатство до избор на нов концесионер, рече Трипуновски.

Изминатите неколку дена се фатени сторители на бесправен лов на риба од езерото и против нив се поднесени соодветни пријави. 

Вечерва гостин во „Само вистина“ ќе биде Слободан Богоески

Дами и господа, среда е среќен и уште еден ден за вашата и наша „Само вистина“. 

Вечерва жешкото столче е резервирано за човекот кој што жареше и палеше, поранешниот прв човек на службата за државна безбедност, Слободан Богоески.

Шеф на тајната полиција од 91-ва до 97-ма, познат и како еден од „осуммината“ од МВР, за него се смета дека сеуште има силни врски со деловниот свет, но може ли да ни каже до каде е ревизијата на предметите со „монтираните“ случаи од  „поранешниот режим“?

Каков е неговиот став, има ли надеж за судството и за обвинителството, или „Прибе“ ќе си остане само на хартија?

До каде е разврската на случајот „Маџар телеком“?

Ќе ни открие ли дали во своите архиви чува документи или  информации кои што може да компромитираат некој политичар?

Дали „прокуристот“ Бојан 13-ка има капацитет да биде главата на „Рекетот“ или можеби друг „октопод“ се крие зад обвинетите?

Дали смета дека новиот закон за обвинителство ќе донесе напредок во човековите права и слободи?

Власта е сигруна во победа, опозицијата вели „победуваме ние“, дали за Богоески ќе има место за трета опција на 12-ти Април или за разбивање на македонската црно-бела политичка сцена, неопходен ќе биде странски булдожер ?

„Јавната соба“ соба навистина стана јавна, но дали органите на власт имаат капацитет да откриваат вакви случаи или и во ерата на интернетот – „допрениот глас“ е единствениот извор на информации?

И вечерва на единственото место резервирано за вистината на  човекот „алфа и омега“ во државната безбедност Слободан Богоески, во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.      

Богданка Кузеска: СДСМ стави крај на насилството врз новинарите и обезбеди слобода на медиумите, потврдено од ПССЕ

Враќањето на слободата и демократијата во земјава како еден од главните приоритети на Социјалдемократскиот сојуз е признат и поддржан од целиот свет.

Најновиот извештај на Парламентарното Собрание на Советот на Европа потврдува дека од 2018 Република Македонија  се издвојува од другите земји на поранешна Југославија преку намален притисок и гонење на новинарите.

Во извештајот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа се нагласува ситуацијата во Македонија во 2017 година, кога новинари беа претепани додека покриваа демонстрации пред парламентот.

Како и дека вкупно на 21 новинар им биле упатени закани или им било попречено известувањето ОД местото на настанот.

Во извештајот е нотирано дека поранешниот лидер на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ги опишал своите противници како предавници, покрај серијата напади врз медиумите во февруари 2017 година.

СДСМ и владата којашто ја предводи, успеа да стави крај на насилството врз новинарите и да обезбеди слобода на медиумите.

Денес, заложбите на СДСМ за слободни медиуми се потврдуваат.

Додека 11 години не смееше да се зборува, имавме заробени институции, медиуми и загрозени човекови права, поделби и етнички тензии, денес живееме во слободна држава.

Напредокот што го постигнува  нашата држава во делот на медиумските слободи, јасно ја покажува нашата заложба за слободни, професионални и независни медиуми.

Слободата на медиумите за нас е врвен приоритет и ќе продолжиме посветено да ја обезбедуваме на сите нивоа.

Реформите мора да продолжат во интерес на државата, медиумите и граѓаните.

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

притисни ентер