Борис Џонсон му ја украде улогата на Хју Грант , го исмеваат на социјалните мрежи

Шансите на Борис Џонсон да победи на предвремени парламентарни избори во Велика Британија во четврток се многу неизвесни, велат конзервативните стратези.

Ториевците велат дека загубата на само 12 изборни единици може да му овозможи на Jереми Корбин да победи со поддршка на помалите партии.

Партијата на Џонсон затоа се бори за секој глас и предупредува дека резултатот е понеизвесен од очекуваниот. Во исто време, во последните денови од кампањата, конзервативците ги преплавија гласачите со слоганите „Get Brexit Done“.

Оваа стратегија беше воведена во последното изборно шоу на партијата, каде премиерот Борис Џонсон ја пресоздаде познатата сцена од филмот „Всушност љубов“ за да ги пренесе своите главни пораки, пренесува Дејли Меил.

Во оваа романтична комедија од 2003 година, Ендрју Линколн се обидува да и каже на Кири Најтли дека ја сака без зборови поради страв од нејзиниот партнер и неговиот најдобар пријател.

Повикувајќи ги гледачите да гласаат за „Конзервативците всушност“, Џонсон држи панели на кои пишува: „Вашиот глас никогаш не бил поважен. Друг човек би можел да победи ’ и „Вие имате избор“.

Иако шансите за победа на Џереми Корбин да го освои мнозинството се многу мали, се смета дека координираната и тактичка изборна операција може да му го одземе мнозинството на Џонсон .

Застапниците на ЕУ велат дека само 40.000 неопределени гласачи би можеле да одлучат за исходот од изборите и да му помогнат на Корбин.

Во обид да се спротивстави на тактичкото гласање, Џонсон започна кампања со користење на популарен филм.

Држејќи куп билборди, заедно со музичка позадина со божиќни песни, тој ја имитира познатата сцена олицетворена во филмот.

Самиот премиер го објави ова видео на Твитер со пораката „Брегзит, всушност“, а наскоро доби милиони прегледи и илјадници лајкови.

Лабуристите го обвинија дека нема оригинални идеи, па ги копира оние од филм, но многумина го пофалија овој потег на Џонсон, велејќи дека тој внел барем малку забава во здодевната кампања.

„Смеата е најдобриот лек. Како тоа или не, ова е најдобрата политичка кампања досега “, напиша еден корисник на Твитер.

„Конечно едно забавно политичко рекламирање“, беше објавено на Твитер.

Други не се толку оптимисти, тврдејќи дека Џонсон уништил одличен филм со оваа кампања.

Сепак, некои направија мемиња и фотомонтажи, па ставија и други наслови на фотографијата на Џонсон како го држи плакатот, така што изгледа како Џонсон да кажува работи како „Јас немам план за Брегзит, само ќе продолжам да зборувам глупости сè додека не умреме сите“, или „Хју Грант ова го работи подобро “(Во филмот Хју Грант го игра новоизбраниот премиер).

Стопанствениците се жалат на одлуката на владата утре да биде неработен ден

Одлуката утрешниот ден и 8 мај да бидат неработни денови за сите граѓани, негативно ќе се одрази на бизнисот.

Фирмите ќе претрпат загуби, неефикасна станува целата недела по вакавата одлука, реагираат од бизнис заедницата. Од Сојузот на стопанските комори велат, одлуката на Владата, за која никој не ги консултирал, ќе ја почитуваат, но со неа не се согласуваат.

„Знаете кога ќе прогласите неработен ден во среда од прилика негативноста ја има цела недела така да и понеделникот и вторник се реалтивно не ефикасни и четвртокот и петокот, така да навистан една многу непријатна ситуација...Со нас конкретно никој нема разговарано на оваа тема.... “- Трајан Ангеловски – претседател на ССК

Од пазарен најавуваат инспекциски контроли во текот на утрешниот ден. Оттаму со препорака сите да ја почитуваат владината одлука. Велат исклучок се само оние работодавачи чии работни процеси поради активностите кои ги извршуваат не можат да прекинат со работа.

„24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) се неработни денови за сите граѓани. Работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат.За наведените денови ДПИ ќе воведе дежурства и преку државните пазарни инспектори ќе контролира дали Заклучокот на Техничката Влада се почитува. “ - Државен пазарен инспекторат

За да бидат неработни 24 април и 8 мај прво имаше препорака, но по реакциите во јавбниоста и од бизнис секторот, владата донесе заклучок изборните денови да бидат неработни, со цел непречено одвивање на гласањето.

МВР со оперативен план ќе се грижи утрешниот изборниот ден да помине во мирна атмосфера

Од МВР претходно најавија дека ќе има засилено полициско обезбедување во Тетово и Гостивар.

На утрешниот прв круг од претседателските избори ќе може да гласаат и граѓаните кои немаат валидни документи со „Северна “ или по рок на важност им истекле личната карта или пасошот во периодот од 9 месеци до денот на одржувањето на изборите, односно по 24 јули 2023 година. Истото ќе важи и за изборите на 8-ми мај, согласно измените на Изборниот законик од 7-ми март.

Воедно, граѓаните и утре ќе можат да ги подигнат нивните веќе изготовени лични документи.. Од МВР посочуваат и дека скопјани ќе можат личните карти да ги подигнат и во полициските станици.

„ Одделенијата за управни работи работат се со цел граѓаните кои не ги подигнале личните карти да можат тоа да го направат и утре за да го остварат своето право на глас, се разбира граѓаните ќе можат да одат од 8-19 часот да одат во одделенијата за управни работи во градовит екаде што живеат,а за Скопје знаеме дека личните карти се подигнуваат од надлежните полициски станици. “-Тони Ангеловски – Портпарол на МВР

Од полицијата велат дека сите сектори за внатрешни работи се целосно подготвени за гласањето да помине во најдобар ред. Информираат дека како и за претходните избори така и за овие формиран е посебен оперативен штаб кој е насочен кон реализацијата на изборниот процес.

„ Досега нема никакви ниту индиции ниту најави за било какви проблеми, се надеваме ние ќе направиме се процесот да помине најдобро што може, полицијата е подтовена за граѓаните да можат слободно да ја изразат својата волја. “-Тони Ангеловски – Портпарол на МВР

Од МВР претходно најавија дека ќе има засилено полициско обезбедување во Тетово и Гостивар.

ДИК со последни подготовки пред утрешниот изборен ден

Речиси 7.000 болни и изнемоштени лица, затвореници во казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, гласаат денеска, ден пред утрешните претседателски избори. 

Од Државанта изборна комисија соопштија дека се ореземаат сите чекори утрешниот изборен ден да помине во најдобар ред. Пред ДИК е Андријана Лазова.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер