„Само Вистина“ со Исмет Рамадани и Ристо Никовски

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Исмет Рамадани и Ристо Никовски.

Партиите започнаа да го користат Законот за употреба на јазиците за добивање политички поени во предизборието, истакна политичкиот аналитичар Исмет Рамадани, во вечерашното гостување во „Само вистина“. Според Рамадани вицепремиерите Османи и Шекеринска направиле грешка што ги толкувале препораките и покрај тоа што не биле официјално испратени. Според поранешниот амбасадор Ристо Никовски, Законот за јазиците е неуставен и требало да биде усвоен во Собранието откако претходно за препораки ќе биде прашана Венецијанската комисија.

И да добиеме датум ќе преговараме 15 години, нагласи дипломатот Ристо Никовски, дебатирајќи во најновото издание на „Само вистина“. Никовски е песимист за добивање датум ,бидејќи, како што вели, повеќето земји-членки настојуваат да сме заедно во пакет со Албанија, а Тирана нема теоретски шанси во моментов да отпочне преговори со Брисел. Од друга страна, поранешниот пратеник Исмет Рамадани, вели дека токму влезот во НАТО и евентуалното добивање датум за преговори напролет ќе и бидат најголем адут на власта во предизборите. За Рамадани е позитивен фактот што Владата во нејзиниот мандат ја отворила темата „судство“, но жали што Европската унија не дозволила класичен ветинг во оваа област.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

Шилегов: Некои навики ќе треба да ги промениме ако сакаме да ја добиеме битката со загадувањето

 Една од воведените вонредни мерки за зголемена загаденост на воздухот е воведување бесплатен јавен превоз со цел да го дестимулираме автомобилскиот сообраќај во што за жал не успеваме, ама тоа не е вина, ниту на Градот, ниту на Владата. 

Веројатно некои навики ќе треба да ги промениме ако сакаме да ја добиеме битката со загадувањето и тие се како интервентни мерки, истакна денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Според него, интервентноста на мерките важи до моментот до кога се исполнети законските услови Градот да ги води како интервентни.

– По основ на известувањето што утрово го добивме од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Владата престанаа да постојат условите за воведување на тие интервентни мерки, а имаме во предвид дека еден ден на бесплатен превоз Градот го чини некаде околу 7,3 милиони денари. И кога ќе престанат условите, тоа се наши буџетски пари, кога не се исполнети условите едноставно немаме потреба од такви интервентни мерки, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на седницата на Советот на Град Скопје.

Додаде дека вонредните мерки за зголемена аерозагаденост ги утврдува МЖСПП, а согласно Акцискиот план, Градот има определени обврски во моментот кога ќе добие известување од страна на МЖСПП и од Владата да постапи.

Бесплатниот превоз како мерка заштита од загадувањето беше воведен завчера во 18 часот, а е укинат денеска на пладне.

Вонреден инспекциски надзор над пратка со отпад на граничниот премин Богородица

Од Министестерството најавуваат дека по извршениот увид на документацијата и анализа на земените примероци од страна инспекторите и царинските служби, резултатите ќе бидат споделени со јавноста. 

 Државниот инспекторат за животна средина во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Царинската управа, врши вонреден инспекциски надзор над пратка со отпад (РДФ) запрена на граничниот премин Богородица помеѓу Македонија и Грција.

Од Министестерството најавуваат дека по извршениот увид на документацијата и анализа на земените примероци од страна инспекторите и царинските служби, резултатите ќе бидат споделени со јавноста. 

„Сити мол“ евакуиран поради дојава за бомба

Трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје е авакуиран по дојава за бомба. 

Посетителите и сите вработени во трговскиот центар се евакуирани од молот. 

Според вработените во центарот  полицијата ги евакуирала откако добиле дојава за бомба. 

притисни ентер