Бројот на жртвите од вулканот на Нов Зеланд не е конечен (ВИДЕО)

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, денеска изјави дека големината на трагедијата од вчерашната ерупција на вулканот е катастрофална, додека полицијата започна истрага за страдањата на група туристи и нивните водичи.

Полицијата потврди дека уште едно лице починало денес по ерупција на вулканот на островот Вајт. Тоа е едно од повредените лица која беше лекувана во болница, но им подлегна на повредите. Сега, официјално, шест лица загинаа во оваа ерупција.

Полицијата претходно соопшти дека од 47 лица на или во близина на островот за време на ерупцијата, шестмина загинале, а 30 се повредени. Полицијата соопшти дека има уште осум лица на островот за кои се верува дека исчезнале, но исто така се верува дека се загинати.

Многу од повредените се уште се во критична состојба.

Оние кои ја преживеале природната непогода се лекуваат во одделенијата за изгреници во болниците низ целата земја, бидејќи полицијата продолжува да ги бара осумтемина исчезнати лица за кои се верува дека се мртви, пренесува Би-Би-Си.

Во моментот на ерупцијата имало 24 австралиски туристи на островот, деветмина Американци, пет туристи од Нов Зеланд, четворица од Германија, двајца од Кина, двајца од Велика Британија и еден од Малезија.

Портпаролот на Министерството за здравство Пит Вотсон за медиумите изјави дека е можно да не преживеат сите пациенти. Дваесет и седум лица претрпеле изгореници на повеќе од 30 проценти од површината на телото и „околу дваесет“ се во критична состојба, рече тој.

„Големината на оваа трагедија е катастрофална“, рече Ардерн во парламентот, додавајќи дека меѓу повредените и исчезнатите биле државјани од Австралија, САД, Велика Британија, Кина, Германија, Малезија и Нов Зеланд.

Островот Вајт е активен вулкан на 48 километри од источниот брег на Северниот остров на Нов Зеланд во заливот Пленти.

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами

Русинот Андреј Медведев и Италијанецот Јаник Синер ја сочинуваат првата полуфинална двојка на тенискиот Мастерс во Мајами, САД.

Ова е епилогот по првите два четвртфинални меча на кои Медведев го совлада чешкиот тенисер Николас Јари со 2:0, додека Синер беше поуспешен од Томас Махач (Чешка) исто така со 2:0.

Другите двајца полуфиналисти ќе бидат познати по денешните мечеви:

Александар Зверев (Германија) – Фабијан Марожан (Унгарија)

Карлос Алкараз (Шпанија) – Григор Димитров (Бугарија).

Франција ќе тужи ученичка поради лажно обвинение дека била удрена од директорот поради хиџаб

 Францускиот премиер Габриел Атал денеска најави дека државата ќе тужи ученичка поради лажното обвинение дека директорот на училиштето ја удрил за време на расправија откако таа одбила да го тргне хиџабот.

Според францускиот закон, не е дозволено носење хиџаб и никаб во јавните установи, што директорот им го посочил на трите ученички, од кои две потоа ги тргнале шамиите.

Третата не ја тргнала шамијата и имало расправија, но полицијата не нашла докази дека директорот физички ја нападнал ученичката, а Атал сега тврди дека ќе биде изведена на суд.

„Државата секогаш ќе стои покрај овие службеници, оние кои се на линијата на фронтот соочени со овие прекршувања на секуларизмот, овие обиди на исламистите да влезат во нашите образовни институции“, рече тој.

Во деновите што следеле, директорот бил цел на смртни закани на социјалните мрежи, што училиштето го пријавило до Министерството за внатрешни работи, пренесува Би-би-си.

Обвинителите соопштија дека две лица се приведени во врска со смртните закани, а нивниот идентитет не е објавен, но Министерството за образование соопшти дека тие не се поврзани со училиштето.

Поради смртни закани и загрозена безбедност, директорот поднесе оставка по 45-годишна кариера во образованието.

Награда и признание за Азески од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип

Во знак на признание и благодарност за неговиот значаен придонес и соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески доби благодарница и награда од страна на Универзитетот.

Оваа почесна награда му беше врачена од ректорот проф. д-р Дејан Мираковски по повод 27 март-патронат на УГД за 2024 година. Наградата е знак за благодарност за неговиот важен придонес во областа на економијата и неговата активна соработка со образовната институција, како и напорите на Азески за поврзување на образованието и науката со бизнис секторот.

17 години од основањето Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го одбележа со свечена академија како централен настан. Традиционално, внимание на овој настан им беше посветен на студентите со најдобар успех, како и на институциите со кои УГД има одлична соработка и заеднички придонесуваат за развојот на нашето општество.

Во фокусот на годинашното одбележување на патрониот празник на УГД беше прашањето – Што треба да значи еден универзитет за општеството во кое делува?

УГД е универзитет кој во своето 17-годишно постоење се стреми кон воведување и развој на нови технологии, учество во научноистражувачките текови на светско ниво, креирање иновации, пренос на знаење на студентите и грижа за вработените.

Стопанска комора на Македонија

притисни ентер