Пендаровски на панел-дискусија на тема „Правата на помалобројните заедници во нашата земја"

Претседателот Стево Пендаровски, денеска се обрати на панел-дискусијата на тема „Правата на помалобројните заедници во нашата земја", се наведува во соопштението до претседателскиот Кабинет. 

Во својот говор претседателот Пендаровски нагласи дека претстојното официјализирање на нашето полноправно членство во НАТО како и процесот на пристапување кон ЕУ, треба да бидат дополнителен мотив за засилување на кохезијата во нашето општество. Ние, подвлече Претседателот, немаме друга алтернатива освен градењето на едно општество за сите, во кое сите ќе имаат еднаква шанса за просперитет.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

,,Благодарам за можноста да се обратам на панел-дискусијата „Правата на помалобројните заедници во нашата земја". Симболиката на одржувањето на овој панел токму на 10 декември ‒ Меѓународниот ден на човековите права е голема и нè обврзува дополнително, сериозно да пристапиме кон темата за која денеска дебатираме.

Неспорен факт е дека нашата земја напредуваше многу во последните две децении во однос на правата на заедниците. Тоа беше резултат на политичката волја, на законските решенија, на демократското зреење на државата, на усвојување на европските стандарди, но, и природен тек на традиционално добриот соживот, меѓусебното почитување и разбирање меѓу нашите граѓани.

Сепак, мораме да бидеме објективни и да кажеме дека, како и во многу други области, недостасува почитување и доследна имплементација на законската регулатива. Изговорите кои најчесто ги слушаме се поврзани со недостатокот на финансиски средства, но од она што сите можеме да го видиме, навистина не станува збор за големи суми на пари, особено за така важна област. Сакам јасно да порачам дека државата мора да посвети повеќе внимание и, пред сè, ресурси за имплементација на правата на заедниците. Не смееме да правиме компромиси и импровизации кога станува збор за правото на образование на мајчин јазик, за зачувување на културата и традицијата на сите помали заедници.

Притоа, верувам дека клучна е правичната застапеност во институциите. Не би сакал да звучам како ништо да не е направено досега на ова поле, затоа што многу работи се направени, туку сакам да поттикнам доследно и до крај да се имплементира правичната застапеност во администрацијата и да важи подеднакво за сите етнички заедници.

Претстојното официјализирање на нашето полноправно членство во НАТО како и процесот на пристапување кон Европската унија, треба да бидат дополнителен мотив за засилување на кохезијата во нашето општество. Ние немаме друга алтернатива освен градење на едно општество за сите, во кое сите ќе имаат еднаква шанса за просперитет. Тоа не треба да го правиме за политички или маркетиншки цели или поради тоа што некој друг го бара од нас, туку затоа што тоа е реална потреба на нашите граѓани за нивен личен, но, и за севкупен општествен развој. Ние сме мала земја и сите граѓани ја делат заедничката судбина. Доколку нашите соседи, нашите најблиски се несреќни, не можеме ниту ние да бидеме среќни.

Во тој контекст сум убеден дека одговорноста на припадниците на поголемите заедници е клучна за почитување на правата и потребите на припадниците на помалите заедници. Токму Агенцијата за остварување на правата на заедниците е институцијата која има цел и задача да овозможи поголема интеграција на припадниците на заедниците, како рамноправни граѓани на Република Северна Македонија, во сите сфери на општествениот живот, притоа внимавајќи да се зачуваат нивните етнички и културни специфики. Се надевам дека една деценија по нејзиното формирање, Агенцијата за остварување на правата на заедниците, конечно, кадровски ќе се доекипира и ќе добие соодветен буџет за непречено и целосно остварување на целите заради кои и беше формирана. Кон таа цел треба да придонесе и новиот предлог-закон за правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Северна Македонија и кој во моментов е во собраниска процедура. Практично со овој закон, Агенцијата ќе добие инструменти и капацитет да ги реализира своите надлежности во контекст на следење, заштита и надзор врз спроведувањето на законите кои ги уредуваат правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението во државата.

Дозволете во оваа прилика да го споделам мојот став и за иницијативата за измени и дополнувања на Законот за празници, според кои се предлага воведување на десет нови празници за заедниците кои во Преамбулата на Уставот се наведени како „други". Можеби овие заедници се квантитативно мали, но придонесот на секој нивен припадник за напредокот на нашето општество е квалитативно еднаков со придонесот на припадниците на побројните етнички заедници. Имено, предлогот предвидува и останатите граѓани, припадници на помалите заедници да имаат свој неработен ден, датум што е битен за нивната историја, традиција и култура. Овој предлог заслужува поддршка затоа што е дефинитивно во духот на градење на општество на еднакви граѓани. Поради тоа и очекувам да се најде во собраниска процедура и да биде усвоен, рече Пендаровски.

Кралот на новозеландските Маори бара основни човекови права- за китовите

Кралот на новозеландските Маори денеска побара китовите да добијат основни човекови права за заштита на ранливите видови.

Кралот Тухеитија Паки рече дека величествените морски цицачи треба да ги имаат основните човекови права, како што е правото на здрава животна средина, за да им овозможат на нивните популации да се обноват.

„Звукот на песната на нашите предци е ослабен и живеалиштето е загрозено. Затоа мора да дејствуваме сега“, рече Тухеитија во реткото појавување во јавноста.

Во 2017 година, Нов Зеланд донесе закон со кој се дава правен субјективитет на планината Таранаки и реката Вангануи, кои се важни за Маори, домородните луѓе кои сочинуваат околу 17 отсто од населението на Нов Зеланд, или околу 900.000.

Тухеитија верува дека давање на ист статус на китовите би делувало како „наметка на заштита“. Тој се огласи заедно со високиот началник на соседните острови Кукови, Травел Ту Арики.

Тие се залагаат домородните знаења да се комбинираат со науката за да се обезбеди „похолистички пристап“ кон зачувувањето на китовите.

„Китовите играат витална улога во здравјето на целиот наш океански екосистем“, рече Травел Ту Арики. „Мораме итно да дејствуваме за да ги заштитиме овие прекрасни суштества пред да биде предоцна“, додаде тој.

Сините китови можат да пораснат до 30,5 метри и тежат до 200 тони. Но, големината не ги штити. Шест од 13 големи видови китови се загрозени или ранливи, според WWF, светската организација за заштита на природата.

Пијан Чех без возачка дозвола направил хаос со Мустангот (ВИДЕО)

Возачите на Мустанг честопати доживуваат сообраќајни несреќи, но што направил овој возач се уште не е видено.

Сè се случило во неделата кога овој неименуван Чех требало да ја прослави со роденденска забава. Изнајмениот Ford Mustang Shelby GT500 требало да биде врв на денот и веројатно главниот учесник во некои убави спомени. Наместо тоа, роденденското момче доживеало навистина бизарна несреќа.

Се разбира, на сѐ му помогнал алкохолот. Пред да тргне на возење, возачот испил пиво и рум. Малку задремал на семафорот и тргна на црвено. Иако го избегна Renault Megane благодарение на брзата реакција на возачот, ненадејно стискање на гас го однесе Мустангот од патот токму на време за да откорне сообраќаен знак.

Но, катапултираниот Mustang не застана тука, туку направи полн круг и го погоди задниот дел на Renault како наведувана ракета. Доброто од несреќата е што не се работи за голема брзина и што другите учесници во сообраќајот навреме забележале дека возачот на жолтиот ѕвер не се однесува нормално.

Штетата на Renault е минимална, додека штетата на Mustang е многукратно поголема и изнесува најмалку 10.000 евра. Но, и 50-годишниот славеник, кој, инаку, немал ниту валидна возачка дозвола, ќе се соочи со голем број пријави.

Како и да е, роденден за паметење.

Скандал во Британија: Затворски чуварки се вљубиле во ист затвореник, додека не добиле казна

Две чуварки во затворот Рочдејл, Алиша Бејтс (29) и Џоди Вилкс (27), признале дека имале „незаконска врска“ со осуденик.

Првата е осудена на две години и осум месеци затвор, додека втората добила условна казна од 12 месеци, пренесува The Sun.

На судот му беше кажано дека Бејтс започнала романса со осуденик во декември 2019 година, додека работела како затворски службеник. Во тој период таа му праќала експлицитни фотографии и СМС пораки на неговиот телефон.

Една година подоцна, Вилкс започнала врска со истиот човек, кој бил осуден за прекршок за дрога.

Паралелната романса траела два месеци, а полицијата во ќелијата на осуденикот пронашла мобилен телефон кој ја разоткрил „љубовната шема“.

Во една од пораките, Бејтс вели: „Те сакам 24/7. Не можам да се наситам од тебе. Би ти се јавила во секој момент“.

Покрај фотографиите, Бејтс разменила и видео клипови со осуденикот, а подоцна негирала дека имало физички контакт.

Таа во полиција тврдела дека била изманипулирана и дека „се заљубила“.

Од друга страна, Вилкес признала дека учествувала во „недолично дружење“, но дека не била изманипулирана.

Судијата Елиот Ноф смета дека во случајот со Бејтс имало „сериозно нарушување на довербата“.

„Да, ти беше фатена во неговата стапица, тој те идентификуваше како некој на кого треба да му пријде. Но, не мораше да го прифатиш тоа“, истакнал судијата.

притисни ентер