Со закон ќе се дефинира разликата помеѓу политички именувани лица и администрацијата

Со Предлог-законот за висока раководна служба, што го усвои денеска Владата, треба да се направи јасна разлика помеѓу политички избрани и именувани лица и администрацијата.

Законот е на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација.

-Целта на законот е да се воспостави високата раководна служба заснована на начелото на стручност и заслуги, како механизам за подобрување на организациските капацитети и зајакнување на доброто управување во институциите на јавниот сектор, со што едновремено ќе се направи јасна разлика помеѓу политичките избрани и именувани лица и администрацијата, информира владината прес-служба по седницата.

Предлог – законот, дополнуваат, е во насока на професионализација на високата раководна служба како еден од клучните предуслови за унапредување на организациските капацитети и зајакнување на доброто управување во институциите на јавниот сектор.

Вонреден инспекциски надзор над пратка со отпад на граничниот премин Богородица

Од Министестерството најавуваат дека по извршениот увид на документацијата и анализа на земените примероци од страна инспекторите и царинските служби, резултатите ќе бидат споделени со јавноста. 

 Државниот инспекторат за животна средина во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Царинската управа, врши вонреден инспекциски надзор над пратка со отпад (РДФ) запрена на граничниот премин Богородица помеѓу Македонија и Грција.

Од Министестерството најавуваат дека по извршениот увид на документацијата и анализа на земените примероци од страна инспекторите и царинските служби, резултатите ќе бидат споделени со јавноста. 

„Сити мол“ евакуиран поради дојава за бомба

Трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје е авакуиран по дојава за бомба. 

Посетителите и сите вработени во трговскиот центар се евакуирани од молот. 

Според вработените во центарот  полицијата ги евакуирала откако добиле дојава за бомба. 

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицковски го блокираат решавањето на проблемот на граѓаните со долговите и каматите кај извршителите и нотарите

ВМРО-ДПМНЕ и понатаму со своите штетни политики нанесува директна штета на граѓаните и на нивната благосостојба.

Веќе една недела ВМРО-ДПМНЕ го блокира Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови на физички лица.

Пратениците од оваа партија очигледно се против отписот на каматите и долговите што граѓаните ги имаат.

Христијан Мицковски и неговите пратеници блокираат Закон кој ќе значи конечно решавање на проблемот со старите судски и извршни предмети, трансферирани кај извршителите и нотарите во 2011 година, како и предметите дадени за извршување за наплата на долгови пред извршителите заклучно со 31.12.2017 година.

Ете толку ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицковски се грижат за граѓаните и нивните проблеми.

Наместо граѓаните да се одлободат од нивните долгови, поради штетните политики на ВМРО-ДПМНЕ тие и понатаму ќе стравуваат како да се справат со каматите и долговите.  

Доколку ВМРО-ДПМНЕ продолжи со политиката на блокада и кочење на се што е добро за граѓаните, постои опасност ова законско решение да не биде усвоено, бидејќи има уште десетина дена до распуштањето на Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ со своите деструктивни политики прави се за да ги блокира и законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови за јавни претпријатија, законот за легализација на бесправно изградени објекти,  законот за Академија за судии и јавни обвинители, законот за поништување на лустрацијата...

Сите овие законски решенија се во интерес на граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ работи против нив.

Граѓаните точно знаат кој работи во нивни и во интерес на државата, а кој го штити криминалот и кој се грижи за личните и теснопартиските интереси.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ и креаторот на нивните политики од Будимпешта на 12 април ќе доживеат уште еден пораз.

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

притисни ентер