Земала скап Ауди за пробно возење па „собрала” 15 автомобили (ВИДЕО)

Потенцијален купувач се качи на тест-возење, но не ја прилагодил брзината на условите на патот, туку на своите возачки способности.

Тешка сообраќајна несреќа се случи во Санкт Петерсбург, Русија. Потенцијален купувач отишол заедно со продавачот на тест-возење во новиот Audi A7 Sportback. Во еден момент тој изгубил контрола над возилото, а Ауди- то продолжило да се движи, уништувајќи сè пред себе како проектил. А пред него имало дури 15 возила.

Повредени се 25-годишниот возач и продавачот на автомобили кој седел на сопатничкото седиште, но никој не е сериозно повреден во несреќата.Од канцеларијата на Ауди велат дека станувало збор за 25- годишна девојак , која била препшлашена и целосно се изгубила при пробното возење.

Добра вест за корисниците на „Windows 7“, сепак ќе добијат ново ажурирање

Корисниците на  „Windows 7“оперативниот систем сепак ќе добијат ново ажурирање, иако поддршката официјално е престаната.

Пропустот кој е направен со последното ажурирање „KB4534310 “ доведе до тоа одредени „Windows 7“ позадини ( оние во „стреч“ мод)  да бидат заменети со обична црна слика.

Едно од решенијата е просто да престане да се користи „Стреч“ опцијата, но Мајкрософт рече дека проблемот ќе биде поправен за оние кои купиле „Windows 7 Extended Security Updates“.

Со други зборови, решението треба да биде достапно за оние кои плаќаат додатна поддршка.

Имаше и некои „теории на заговор“ според кои Мајкрософт на овој начин ги казнува сите оние кои не сакаат од „Windows 7“ да прејдат на „Windows 10“, пишува „Tech Radar“.

Во секој случај, сепак од Мајкрософт решиле дека ажурирањето ќе го добијат сите корисници а не само оние кои плаќаат додатен пакет за ажурирања.

Уште еден криволов на риба од Охридското Езеро

Рибниот фонд во Охридското Езеро во голем дел е на удар на рибокрадци, кои на секаков начн се обидуваат да заработат благодарение на високата цена на ендемичниот вид охридска пастрмка.

Последниот случај на рибокрадство е регистриран пред два дена, од страна на жител на село Пештани.

Понеделникот вечерта во 19:45 часот било сопрено возило марка „Рено", од кое при запирањето излегле две лица, кои веднаш почнале да бегаат и притоа исфрлиле вреќа со две риболовни мрежи и 20 парчиња охридска пастрмка.

Полицијата утврдила дека со возилото управувал 56-годишниот И.Л. од Пештани. Риболовните мрежи и уловената пастрмка, се предадени во Хидробиолошкиот завод. СВР Охрид работи на целосно расветлување на настанот по што ќе поднесе соодветна пријава.

Моментално Охридското Езеро практично е без стопан откако Владата го раскина договорот за концесија со фирмата „Летница-Белвица" поради утврдени нерегуларности во работењето, односно непродржување кон одредбите од договорот, меѓу кои и ставката физичка заштита на рибниот фонд во езерото.

Јавна тајна во Охрид е дека индивидуално, но и групи лица организирано вршат криволов во езерото, од кои мал број случаи рибокрадство имаат судски епилог со соодветни казнени марки.

Рибарите дури обвинуват дека криминал има и во процесот на порибувањето на езерото со охридска пастрмка, дека дел од подмладокот одгледан во институциите и платен со државни средства завршува во приватни рибници. /МИА.

Фото: Секси фитнес модел!!

Никол Борда е колумбиски фитнес модел и дигитална инфлуенсерка. Сексапилната Никол потекнува од Богота Колумбија, но сега живее и работи на Флорида.

Атрактивната Колумбијка има тонирано тело кое е резултат на долгогодишен тренинг .Интересен е фактот што Никол на социјалните мрежи се фали дека иако тренира секој ден  ретко кога има ист тренинг два пати.

Додека е во теретана Никол експериментира со различни вежби, тежини и движења за редовно своите мускули да ги тера да растат.

притисни ентер