Камчева: Јанева ми се закани дека доколку нешто излезе од разговорите ќе се знаело дека сум јас

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева во своето тричасовно сведочење за случајот Рекет кажа дека била изненадена од близината на првообвинетиот Бојан Јовановски со екс обвинителката Катица Јанева. 

Јовановски точно ги знаел сите чекори што ќе се случува во случајот Империја, каде што Камчев е еден од осомничените. На заедничките средби со Боки 13 никогаш не била сама, на нив секогаш присуствувал сега обвинетиот Зоран Милевски. Јовановски, рече таа, честопати кога зборувал на телефон со Јанева ја вклучувал преку звучникот за да ја демонстира својата моќ. Камчева пред судот објасни како биле исплатени првите 500.000 евра.

„Се договоривме со сопругот да ги исплатиме 500-те илјади евра, зашто, видовме, имаме проблем. Парите ги побарав од сметководителката Мими. Таа од нашите фирмиизвади 350.000 евра, а 150.000 евра требаше да обезбеди Зоран Милевски Кичеец. Парите, 350.000 евра беа во несесер и ги донесе дома мојата свекрва Ратка Камчева, мајката на Орце. Заедно со Кичеец ги однесовме во станот на Јовановски во Орман. Беше таму девојчето што работи, Сергеј Варошлија, јас и Милески. Бојан се шегуваше на несесерот и реагираше што има поситни банкноти.“

На оваа средба, Камчева рече дека била договорена и нова повторно во станот на Бојан Јовановски, но овојпат во присуство на екс специјалната обвинителка Јанева за да се договорат понатамошните чекори за Камчев да излезе и од куќен притвор.

„Со Јанева зборевме за децата. И кажував на која возраст се моите деца, таа ми кажуваше за нејзините. Ми рече дека благодарение на Бојан нејзиниот син се вработил, инаку би требало да оди да работи на брод. Потоа ми рече да ја повлечам гаранцијата од 14 милиони евра, понудена за притворот, наводно била незаконска, и дека по нејзина гаранција ќе биде пуштен, како и што се случи. Јанева се закани дека доколку нешто излезе од разговорите ќе се знаело дека е таа и ќе има уште многу други предмети во кои може да го вмеша мојот сопруг.“

Камчева кажа дека не била дома кога нејзиниот сопруг му ја дал втората транша од милион евра на Бојан Јовановски. За тоа ја информирал Камчев кој и ја покажал спецификацијата и видеоснимките. Камчева раскажа дека за случајот го информиарла тогашниот директор на УБК Николовски потенцирајќи дека и било страв да пријави во институциите заради близината на Боки 13 со високи владини функционери.

„Имавме две средби(со директорот на УБК Николовски) на мое барање. Не се сретнавме во УБК, бидејќи таму работеше Јовче Ременски, вашиот пријател со кој секој ден се слушате, затоа инсистирав средбата да не биде таму, се плашев од него. Тој ми рече дека ќе информира и да имам доверба во обвинителката Вилма Русковска.“

Камчева кажа дека лично Јанева никогаш не и побарала пари, исказ што според одбраната на Јанева е во нивна корист.

Освен Камчева, сведочеше и благајничката во Орка Холдинг Мирјана Бошковска, овластена за приватните сметки на Камчеви. Таа пред судот рече дека поголема сума на пари извадила во декември лани и во февруари годинава. На прашање на Боки 13 дали била свесна дека е снимана додека ги броеле и ределе парите во торба со Камчев, таа рече дека не знаела за тоа.

Лукаревска од Штип: СДСМ не е создаден за поделби, за кавги, за лаги и навреди

Пред нас се исклучително важни избори, можеби и најважни досега, важен е континуитетот. 

Зашто се покажа дека иднината на Македонија не ја разбираат сите исто. Некои ја разбираат како заробена држава, изолирана и без перспектива. Затоа е важно СДСМ и после овие избори да продолжи да ја води Македонија, после НАТО, во Европската Унија, како Македонци со македонски јазик по исправниот пат, рече во Штип Сања Лукаревска, носителка во третата ИЕ на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Ние не бегаме, ниту од одговорноста, ниту од народот, ниту од државата.

-СДСМ е силна, голема, одговорна партија која секогаш, без двоумење и калкулирање за сопствениот рејтинг, носела тешки одлуки во уште потешки околности. СДСМ не е создаден за поделби, за кавги, за лаги и навреди, за ниски удари. СДСМ е од граѓаните за граѓаните. СДСМ е избор на секој далековид човек, на секој кој ги почитува другите и разговара со сите. СДСМ, докажано, е партија која е тука кога е најтешко, и за земјата и за граѓаните, рече Лукаревска.

И овде, во Штип ќе повторам, драго ми е што успеавме граѓаните дури и да не насетат со колкава економска и енергетска криза се соочивме. Знам дека нашиот политички опонент тие кризи би ги спакувал во телевизиско шоу, наместо да ги решава. Има разлика.

Внимававме на сите граѓани, од тоа да задржат работните места, да добијат помош оние кои работат во приватниот сектор, непречено да тече исплатата на пензиите, социјалната помош, помошта за најранливите, ги зголемивме платите и пензиите.

И затоа ќе победиме. Штип на 24 април и на 8 мај ќе го направи најдобриот избор, за Стево Пендаровски и Социјал демократскиот сојуз на Македонија.

Слободата и демократијата мора да останат да живеат во Македонија. Нема откажување од иднината, рече Лукаревска вечерва пред граѓаните на Штип, се наведува во партиското соопштение.

Бразилка ќе оди во затвор, зашто на познат пејач за еден месец му испратила 8.000 писма

Бразилката Мира Карваљо (35) е толку опседната со британскиот пејач, Хари Стајлс (поранешен член на групата „One Direction“) што го оставила партнерот дома и го пропатувала целиот пат до Лондон.

Но, тоа не е сѐ, Мира му испраќала на Хари писма, свадбени честитки, а бидејќи за само еден месец испратила дури повеќе од 8.000 писма, Бразилката завршила во затвор, пишува „The Sun“.

Таа е осудена на 14 недели затвор и се изјаснила за виновна за следење.

- Хари беше навистина потресен. Тој само сака да продолжи нормално, но секако дека е загрижувачки за него, неговото семејство и неговиот тим“, изјави извор близок до Стајлс.

Нејзе ѝ е забрането да се приближува до Стајлс дури 10 години и да присуствува на кој било настан, односно концерт, каде што е тој.

Да потсетиме, фановите на споменатата група некогаш беа познати по претерувањето кое се граничело со демнење, па еднаш ги хакираа и безбедносните камери на лондонскиот аеродром за да ги видат своите идоли.

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира со кого сака. 

Но, понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за коалицирање со неговата партија, уште на првиот ден од кампањата за парламентарни избори, покажува дека тој бара помош.

„Ние среде кампања не бараме помош од пријател. Мене ми се чини дека тоа е јасен знак на слабост, затоа што господинот Мицкоски знае што го очекува на 24 април и на 8 мај. Инаку зошто би барал помош од страна?“, рече Пендаровски, соопштуваат од неговиот тим.

притисни ентер