Османи: Законот за јазици нема се менува

Законот за јазици нема се менува, исто како и Преспанскиот и договорот за добрососедство – тврди вицепремиерот Бујар Османи.

Османи најави акциски план за спроведување на забелешките од Венецијанската комисија, за двојазичност во судските постапки сепак да има.

Тој се дообјасни и за неговата изјава дека ако се отвори законот ќе се вратиме во периодот пред воениот конфликт – Османи вели дека пред 2001 година се носеле еднострани одлуки, а сега, според него, државните прашања се решаваат со консензус.

Власта ја загрозува европската перспектива на земјава со непочитување на препораките за Законот за јазици– обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ. Пратеничката група на опозициската партија ги подготвува амандманите за измени на законот, кои според најавите ќе бидат поднесени пред распуштање на Собранието. Ги повикаа и пратениците од власта да гласаат за нивните предлози.

Вчера Венецијанската комисија и официјално го објави мислењето за овој закон. За идејата за двојазични униформи и банкноти упатија критики дека е надвор од европските рамки, но фокусот на забелешките им е за двојазични судски постапки, кои според комисијата е нереална правна обврска.

Шилегов: Некои навики ќе треба да ги промениме ако сакаме да ја добиеме битката со загадувањето

 Една од воведените вонредни мерки за зголемена загаденост на воздухот е воведување бесплатен јавен превоз со цел да го дестимулираме автомобилскиот сообраќај во што за жал не успеваме, ама тоа не е вина, ниту на Градот, ниту на Владата. 

Веројатно некои навики ќе треба да ги промениме ако сакаме да ја добиеме битката со загадувањето и тие се како интервентни мерки, истакна денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Според него, интервентноста на мерките важи до моментот до кога се исполнети законските услови Градот да ги води како интервентни.

– По основ на известувањето што утрово го добивме од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Владата престанаа да постојат условите за воведување на тие интервентни мерки, а имаме во предвид дека еден ден на бесплатен превоз Градот го чини некаде околу 7,3 милиони денари. И кога ќе престанат условите, тоа се наши буџетски пари, кога не се исполнети условите едноставно немаме потреба од такви интервентни мерки, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на седницата на Советот на Град Скопје.

Додаде дека вонредните мерки за зголемена аерозагаденост ги утврдува МЖСПП, а согласно Акцискиот план, Градот има определени обврски во моментот кога ќе добие известување од страна на МЖСПП и од Владата да постапи.

Бесплатниот превоз како мерка заштита од загадувањето беше воведен завчера во 18 часот, а е укинат денеска на пладне.

Вонреден инспекциски надзор над пратка со отпад на граничниот премин Богородица

Од Министестерството најавуваат дека по извршениот увид на документацијата и анализа на земените примероци од страна инспекторите и царинските служби, резултатите ќе бидат споделени со јавноста. 

 Државниот инспекторат за животна средина во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Царинската управа, врши вонреден инспекциски надзор над пратка со отпад (РДФ) запрена на граничниот премин Богородица помеѓу Македонија и Грција.

Од Министестерството најавуваат дека по извршениот увид на документацијата и анализа на земените примероци од страна инспекторите и царинските служби, резултатите ќе бидат споделени со јавноста. 

„Сити мол“ евакуиран поради дојава за бомба

Трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје е авакуиран по дојава за бомба. 

Посетителите и сите вработени во трговскиот центар се евакуирани од молот. 

Според вработените во центарот  полицијата ги евакуирала откако добиле дојава за бомба. 

притисни ентер