Американка до смрт си го претепала 20-месечното синче ,зашто го турнало телевизорот

Малото детенце било претепано до смрт од неговата мајка поради наводно соборување на телевизорот.

Во четвртокот, 20-месечниот Вистон Стивенсон бил донесен во болница. Имал скршеница на черепот, оток на мозокот, скршена клучна коска, скршена карлица и внатрешно крварење. Починал неколку часа откако бил примен во болницата.

Мајката на момчето Риона Николс (20) е уапсена и обвинета за убиство на нејзиниот син, пренесува The Sun.

Според роднините, Николс фатално го претепала своето дете бидејќи случајно се срушила и телевизорот со рамен екран.

Полицискиот оддел во Детроит одби да ги коментира наводните околности на трагичната смрт на Вистон.

Братучетката на малиот Вистон објави на Фејсбук фотографија од него од болницата, непосредно пред да им подлегне на фаталните повреди.

"Ова не е во ред, па тој има само една година. Сите овие цевки не треба да се лепат", напиша таа.

Кенија Стивенсон, сестра на таткото на Вистон, изјави за локалниот весник WXYZ News дека се надева дека Николс никогаш нема да излезе од затвор.

ДИК: Излезноста до 19 часот е 48,46%, најмногу во Новаци- 71,07%

Најголема излазност од 71,07 % е забележана во Новаци , а најмала во Центар Жупа со 16,19% ,соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски 

На по едно место во Липково, Могила и Делчево ќе се продолжи гласањето поради кус прекин.

ДУИ: Да им честитаме на сите граѓани, имавме мирен изборен ден

На прес конференција на ДУИ во Мала Речица беше речено дека денека имало мирен изборен ден, како и во целиот изборен процес. Ова е наш заеднички успех.

Објавена долгорочната прогноза за летото: Топлиот циклус забрзано опаѓа, доаѓа ладниот

Ажурираната прогноза за летото 2024 година покажува динамичен летен атмосферски модел, под влијание на преминот од топлиот циклус Ел Нињо во студениот циклус Ла Ниња. 

Се предвидува дека низа бранови на притисок и аномалии ќе се протегаат од Северна Америка сè до Европа, пишува Severe Weather Europe.

Над северната хемисфера, следните месеци ќе бидат преоден период помеѓу Ел Нињо (топла фаза) и Ла Ниња (ладна фаза), што ќе остави свој белег на атмосферата и временските обрасци.

Еден од главните двигатели на зимските временски услови и раната пролет беше Ел Нињо. Врвовите на топли аномалии беа забележани во декември, но на почетокот на оваа година почна нагло опаѓање на температурите, а се очекува целиот регион над Екваторот да оди во негативен циклус во текот на летото.

Силен подземен ладен базен е главниот предуслов за падот на Ел Нињо. „Топлата фаза“ моментално е во распаѓање, а појавата на многу студен циклус започнува кон крајот на летото 2024 година, а ќе трае до 2025 година.

Врз основа на сите податоци од прогнозата, Severe Weather Europe известува дека Ел Нињо е во брз пад. Сепак, ваквите големи настани обично бараат подолг временски период бидејќи на атмосферата и треба одредено време за да одговори на овие океански промени.

Податоците покажуваат дека големи делови од централниот и источниот дел на Соединетите Американски Држави и јужна Канада ќе доживеат температури над нормалните, додека Европа може да очекува пониски температури.

Од Severe Weather Europe велат дека прогнозите за летото, односно за јуни, јули и август, укажуваат на област со натпросечни температури и поголема тенденција за топлотни бранови над јужниот дел на САД, па сè до северните делови. Втората област е над јужните делови на Европа каде што времето ќе биде потопло од нормалното во поголем дел од континентот.

Најсилни аномалии и тенденции на топлотни бранови има во централните и јужните делови на континентот.

Кон крајот на летото, Северна Америка ќе ги почувствува раните промени на новата Ла Ниња што се појавува, бидејќи е многу поблиску до изворниот регион во Пацификот. /МИА

притисни ентер