Законите за дивоградби и за градење на владина седница

 Владата денеска на редовна седница ќе го утврди текстот на предлог – законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, како и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за градење, информира владината прес-служб

На 160.седница на Владата, што треба да почне напладне, ќе биде разгледана информацијата во врска со барањето за издавање лиценца за вршење на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија, на предлог на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Членовите на владиниот Кабинет треба да  ја разгледаат и информацијата за спроведување на Стратегијата за развој на женското претприемништво 2019 – 2023, со Акциски план, на Министерството за економија. За владината седница за разгледување е предвидена и информација за прогресот на изградба на станови наменети за лица во социјален ризик и други ранливи групи и станови наменети за продажба.

На предлог на Центарот за управување со кризи  треба да биде усвоен меморандум за соработка/разбирање помеѓу Република Македонија и Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) за спроведување здружена вежба „Македонија 2020".

Милошоски: Работните групи на власта и опозицијата на средба за законот за ЈО до крајот на неделава

 Договорено е работните групи на власта и на опозицијата за законот за јавно обвинителство да имаат средба до крајот на неделава, изјави денеска на прес-конференција во Собранието пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

-Во текот на вчерашниот ден имаше координативен состанок на два члена од двете групи, од владејачката и онаа на опозицијата за динамиката за законот за јавно обвинителство, кој како предлог ни беше доставен пред неколку дена. И договорено е да имаме средба на двете работни групи, секоја група со свои забелешки и аргументи, најдоцна до крајот на оваа недела, истакна Милошоски во прес-салата на Собранието.

Тој изрази надеж дека на таа средба ќе има размена на аргументи на конструктивен начин што, како што рече, ќе можат да ги приближат ставовите за еден усогласен, согласно венецијанските стандарди на комисијата, законски текст кој би можеле да го усвоиме со поширок консензус.

Одговарајќи на новинарско прашање, Милошоски рече дека на самата работна средба што би ја имале со колегите од владејачката коалиција, со нивниот правен тим, би ги изложиле своите забелешки, аргументи или одредени аномалии со кои сметаме дека текстот може да се подобри./МИА.

Од недела врнежи од дожд, на повисоките места снег

 Врнежи од дожд, а на повисоките места и снег најавуваат метеоролозите од недела вечер и почетокот на наредната недела.

Од УХМР информираат дека од утре ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен северен ветер. За време на викендот ќе биде променливо облачно. Во недела и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.

Минималната температура утре ќе остане под нула и ќе се спушти до минус седум, во петок до минус девет,  сабота минус осум, недела доминус четири, во понеделник ќе биде потопло и ќе се движи од еден до пет степени и во вторник ќе се спушти до минус три степени.

Дневните температури ќе бидат во интервал од три до 13 степени.

Во Кичево приведен малолетник за поседување марихуана

Одделението за внатрешни работи во Кичево приведе 17-годишен малолетник од кичевското село Зајас.

Кај него, полициските службеници, при преглед извршен на улица „11 Октомври" во Кичево, пронашле и одзеле 14 ќесички со марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, вели Стефан Димоски портпаролот на СВР- Охрид. 

притисни ентер