Во Загреб се отворила дупка на патот, едено возило пропаднало

Возачот е повреден и префрлен во болница.

Како што јавуваат од загребската служба за итни ситуации, околу 17 часот на една улица во Загреб се отворила голема дупка.

Јавуваат дека се работи за дупка со длабочина од 160 до 180 центиметри и ширина од 250x350 центиметри. Едно возило пропаднало во отворот а возачот е повреден и пренесен во болница.

Улицата потоа е затворена за сообраќај а на терен се загребските пожарникари, брзата помош, полициската управа, и други тимови за справување со вакви ситуации.

ВМРО-ДПМНЕ за Еуростандард банка

ВМРО-ДПМНЕ јавно ја повикува министерката за финансии Нина Ангеловска да го објави точниот датум на кој ги вади парите, личниот депозит од Еуростандард банката која пропадна.

Ако тој датум е блиску до пропаѓањето на Еуростандард банката тоа значи дека е извршена злоупотреба на положбата и кршење на законите. Очекуваме одговор.

Ако банкарскиот систем е стабилен како што тврди СДСМ, тогаш зошто се случи да пропадне банка?

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Пресметка на жители на Желино и Пирок во Тетово

По двајца жители на Желино и Пирок ноќеска после полоќ се пресметувале физички, по што употребиле и тврди и остри предмети. Тројца од четворицата се приведени.

-На улица „Илинденска" во Тетово настанала физичка пресметка помеѓу Н.Л.(28) и А.Б.(29) двајцата од Желино, од една страна и Ј.Ф.(41) и неговиот син М.Ф.(19) од Пирок. Притоа биле употребени остри и тврди предмети. А.Б., М.Ф. и Ј.Ф. биле лишени од слобода и задржани во Полициска станица Тетово, соопшти денес СВР Тетово.

Случајот се документира и ќе следуваат соодветни пријави за учесниците на настанот.

Заев го доби мандатот, вети европска, демократска и одговорна влада ослободена од етнички предрасуди

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев го доби мандатот за составување нова влада од претседателот на државата Стево Пендаровски.

Во обраќањето пред претседателската вила Водно, откако мандатот му беше врачен, Заев рече дека најверојатно, пред да помине законскиот рок од 20 дена, земјава ќе добие ефикасна влада, влада која ќе го продолжи вистинскиот пат – кон ЕУ, која ќе го развива концептот „едно општество за сите", ослободена од какви било национализми и етнички предрасуди.

– Чест и одговорност ми е што како предводник на СДСМ и коалицијата „Можеме" денеска од претседателот Пендаровски го добив мандатот за составување нова, европска, демократска одговорна влада со институции кои уште подобро ќе им служат на граѓаните. Од овој момент, во рок од 20 дена имаме задача да создадеме програма и кадри на кои Собранието ќе има додели мандат да им служат на граѓаните, нагласи Заев.

Според него, Македонија ќе добие влада која ќе го продолжи јасниот правец – ЕУ, просперитет и долгорочна стабилност. Владата ќе има квалитетни, одговорни и отчетни кадри, а приоритет ќе бидат економијата, борбата со криминалот и корупцијата, како и прочистувањето на праводсутвото.

– Владината програма ќе биде во најголем дел посветена на економијата, на раст на плати и пензии, на вложувања во младите, во раст и развој, во грижа за најсиромашните, во поддршкја на домашното стропанство. Ќе водам влада која не знае за скршнување од патот и која по членството во НАТО, продолжува кон членство во ЕУ, истакна Заев и во оваа прилика упати честитки за Рамковниот договор зашто денес се навршуваат 19 години од неговото потпишување.

Претседателот Пендаровски пред да го довери мандатот се обрати кусо.

-Врз основа на член 84, согласно член 90 од Уставот и предлогот на коалицијата „Можеме", за мандатар за состав на влада го определувам Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието, рече Пендаровски.

Според член 90 од Уставот, по добивањето на мандатот, мандатарот во рок од 20 дена на Собранието треба да му поднесе програма и да го предложи составот на Владата. Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. /МИА.

притисни ентер