Во поплавите во Уганда загинале 16 лица

Најмалку 16 лица загинале во поплавите во африканската држава Уганда.

Портпаролката на Црвениот крст на Уганда Ирене Накаиста изјавила дека обилните дождови предизвикале голема природна катастрофа на истокот од таа африканска земја.

Локалните власти соопштуваат дека повеќе од 10.000 мештани се евакуирани од најзагрозените региони и привремено се здружени по училишта и цркви.

Владата на Уганда издвоила 5,4 милиони долари за помош на загрозените од овие поплави.

Во Ирак најголем број заразени од почетокот на пандемијата

Во Ирак се потврдени 4.229 нови случаи на коронавирус, најголем број нови инфекции од почетокот на пандемијата, соопштија здравствените власти.

Ирачкото Министерство за здравство соопшти дека се потврдени вкупно 172.583 случаи на КОВИД-19, а Ирак е на третото место по бројот на заразени лица на Блискиот исток, по Саудиска Арабија и Иран, јавува Би-Би-Си.

Од корона починале уште 76 лица, а вкупниот број на смртни случаи е 5.785.

Хамилтон најбрз во Барселона, 92. пат ќе стартува прв

Британскиот возач, Луис Хамилтон, водечки во генералниот пласман, денеска беше најбрз во квалификациите за Гран При на Шпанија и ќе стартува од најдобрата позиција утре на патеката Circuit de Catalunya  во Барселона.

До него утре на стартот ќе биде неговиот клупски партнер Финецот Валтери Ботас.

Тоа за Хамилтон, шесткратен светски шампион, е рекорден 92-ри пат во неговата кариера и четврт оваа сезона да започне од пол-позицијата.

Макс Верстапен (Ред Бул), најблизок до Хамилтон во генералниот пласман, ќе стартува од третото место, а Мексиканецот Серхио Перез (Рејсинг Поинт), кој ги пропушти последните две трки во Формула 1 поради коронавирусот, од четвртото место.

Се знае што правеле играчите на Баерн по историската победа над Барселона

Претседателот на Баерн откри како фудбалерите на неговиот клуб ја одбележале историската победа од 8: 2 против Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

"После играта, отидов во соблекувалната очекувајќи да видам разуздано славје на играчите по фантастичниот триумф. Сепак, ги најдов целосно мирни и фокусирани на следниот меч", вели Карл-Хајнц Румениге.

Баерн го очекува победникот на вечерашниот натпревар меѓу Манчестер Сити и Лион во полуфиналето, што ќе се одигра во среда.

притисни ентер