Видео: Ова бебе за прв пат го слуша гласот на својата мајка

На ова видео се гледа како четиримесечно бебе за прв пат ја слуша својата мајка благодарение на слушен апарат.

Среќното лице на бебето им го разубави денот на стотина илјади луѓе ширум светот. Четиримесечната Гиги е родена со тешко оштетување на слухот а дури сега добива слушен апарат.

-Добро, само што го вклучивме апаратот. Ќе им кажеме ли здраво на сите? Ќе им кажеме ли здраво?, говори на видео снимката мајката на Гиги.

А тогаш Гиги од среќа прави непроценлив израз на лицето кој никого не може да остави рамнодушен.

Продолжен рокот за аплицирање за избор на понудувач за изградба на постројка за третман на отпадни води во Скопје

 Документите за претквалификација може да се добијат во канцеларијата на Проектната единица за имплементација на Проектот за ПСОВ – Скопје, во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, ул. Лазар Личеноски бр. 9. 

Продолжен е рокот за поднесување на апликации за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град Скопје, па наместо на 17 август 2020 година истиот истекува на 1 септември 2020 година во 12 часот по локално време. Од ЈП „Вововод и канализација" – Скопје информираат дека до сега околу 50 компании појавија интерес за преземање на документите за аплицирање.

Официјалната објава на Поканата за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје, може да се најде на официјална платформа на Европската Инвестициона Банка https://ted.europa.eu/udl?uri=TED:NOTICE:290799-2020:TEXT:EN:HTML&src=0.

– Со потпишување на Договорите помеѓу Владата на Република Македонија и Европската Инвестициона Банка и Европската Банка за Реконструкција и Развој се затвори финансиската конструкција за Проектот за изградба на пречистителна станица на град Скопје. Во согласност со одредените фази за имплементација на капиталниот проект ПСОВ – Скопје, во вредност од 136.000.000 евра, ЈП „Вововод и канализација" – Скопје работи на реализација на истиот, што е доказ за заложбите за унапредување на условите за живот за сите граѓани како и инвестирањето во високо квалитетна животна средина, информираат од ЈП „Вововод и канализација" – Скопје.

Оттаму ги повикуваат сите компании, кои ги исполнуваат условите, да аплицираат за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје.

– Документите за претквалификација може да се добијат во канцеларијата на Проектната единица за имплементација на Проектот за ПСОВ – Скопје, во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, ул. Лазар Личеноски бр. 9. На барање на заинтересираните страни, документите може да бидат пратени и електронски во пренослив или отворен формат на [email protected] Крајниот рок за поднесување на апликациите, согласно барањата и критериумите наведени во Поканата, е 1 септември 2020 година до 12 часот (по локално време). Заинтересираните страни кои ќе испратат електронска апликација до 1 септември 2020 година, најдоцна до 14 септември 2020 одина до 12 часот (по локално време) ќе треба да ја достават апликацијата и во печатена форма. Со цел зголемена транспарентност, апликантите ќе можат да го следат отворањето на апликациите преку преку видео конференциска врска, посочуваат од ЈП „Вововод и канализација" – Скопје.

Џафери и Пендаровски и натаму со различни ставови за роковите за врачување на мандатот

Неуставно е доделување мандат без да има претседател на Собрание кој ќе ги стави во функција другите рокови кои треба да ги следи Собранието.

Талат Џафери, доскорешен претседател на Собранието, а сега негов претседавач, повторно предупреди дека доколку претседателот Стево Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот собраниски спикер, тогаш неговиот чекор би бил противуставен.

-Неуставно е доделување мандат без да има претседател на Собрание кој ќе ги стави во функција другите рокови кои треба да ги следи Собранието, бидејќи на законодавниот дом роковите му започнуваат од моментот кога ќе го добие известувањето од шефот на државата дека мандатот е доверен. Неовластен човек не може да ги информира пратениците, истакна Талат Џафери.

Ова е предвидено во Деловникот, објаснува Џафери, додавајќи дека секој процес кој може да започне, може да го стави под знак прашалник целиот изборен процес кој штотуку заврши. Исто така најавува дека ако мандатот за формирање на Владата се довери без да претседател на Собрание, тогаш се ризикува институциите да влезат во уставно-институционална криза, бидејќи претседателот нема кого да информира.

Џафери прашува кого ќе го извести Пендаровски дека го додедил согласно членот 110 од Деловникот на Собранието – „претседателот на Собранието кој не постои".

Тој вели дека како претседавач на Собранието, според Деловникот, ќе продолжи да претседава со конститутивната седница се додека не биде избран новиот собраниски спикер.

Настанатата состојба, Џафери ја гледа како последица на политички толкувања, а не со правна основа и додава дека Уставниот суд има простор за превентивна работа и рок да се произнесе околу овие дилеми.

Пред неколку дена, пак, од Кабинетот на Пендаровски појаснија дека согласно уставните одредби во член 90 став 1 рокот за доделување на мандатот е десет дена од констиуирањето на Собранието. Со денот на верификација на мандатите на пратениците се смета дека Собранието е конституирано, појаснија за МИА од кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски.

-Во 2016 година, тогашниот претседавач, Трајко Велјановски, испратил допис датиран на ден 30 декември 2016 година, со кое го информира тогашниот претседател Иванов дека Собранието е конституирано со верификација на мандатите, иако не е избран претседател, појаснуваат од кабинетот.

Кабинетот на претседателот, како што посочија тогаш од таму, го очекува дописот од претседавачот Талат Џафери, со кој ќе информира дека Собранието е конституирано со верификација на мандатите на 4 август 2020 година.

-Без разлика на дописот, согласно уставните норми, роковите за доделување на мандатот на кандидатот на партијата или партиите кои имаат мнозинство во Собранието течат од 5 август 2020 година, истакнуваат за МИА од кабинетот на Пендаровски.

Согласно здравствените протоколи за заштита од ширење на Ковид-19, минатиот вторник во Собранието на Република Македонија, во салата со Голема купола се одржа конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав, на која присуствуаа 117 од вкупно 120 пратеници избрани на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули.

На дневен ред на конститутивната седница беа четири точки, од кој само за првите две имаше расправа. Останатите точки кои предвидуваат избор на претседател на Собранието, негови заменици и членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, според претседателот на претходниот состав Талат Џафери, ќе се дискутираат тогаш кога ќе се создадат услови за тоа. /МИА

МВР: 511 прекршоци за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (11/12.08.2020 година) на територијата на Република Македонија  по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 511 прекршоци. 

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

притисни ентер