Убави зборови од Трамп за Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на Иран за „многу праведните преговори“ околу размената на затвореници меѓу двете земји во затегнати односи.

„Гледате дека заедно може да постигнеме договор“, напишал Трамп на Твитер.

Иран и САД денес разменија затвореници. Американец со кинеско потекло заробен на три година со обвинение за шпионажа за заробен Иранец.

Расте бројот на жртвите во земјотресот во Турција , најмалку осуммина загинати и во пожар во зграда по потресот (ВИДЕО)

Во земјотресот што ја погоди источна Турција вчеравечер загинаа најмалку 21 лице, а 25 се водат за исчезнати.

Земјотрес со јачина од 6,8 часот го погоди регионот во 20,55 часот по локално време, проследен со два помали земјотреси од 5,4 и 5,1. Земјотресот се случи на длабочина од 6,7 км.

Најмалку 21 лица го загубија животот, 13 во провинцијата Елазиг, околу 550 км источно од Анкара и 8 во соседната провинција Малатија, изјави министерот за здравство Фахретин Коца, јавија турските медиуми.

Според него, повредени се околу 500 луѓе.

Спасувачите се обидуваат да извлечат најмалку 30 лица од под урнатините во Елазиг, изјави министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Во погодената област веднаш по земјотресот избувна пожар во станбена зграда , каде загинаа најмалку осум лица.

Службениците за итни случаи и катастрофи ги предупредуваа жителите да не се враќаат во оштетените згради поради можни нови земјотреси. Од канцеларијата соопштија дека кревети, ќебиња и шатори веќе биле испратени на подрачјето каде температурата ноќеска беше под нулата.

Турскиот министер за внатрешни работи го опиша земјотресот како инцидент „Ознака 3“, што според планот за итни случаи значи дека е потребна помош на национално ниво. Тоа е едно ниво пониско од она за коее потребна меѓународната помош, пренесува Ројтерс.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки за да се обезбеди помош на погодените области.

Државните медиуми во Сирија и Иран објавија дека земјотресот бил почувствуван и во тие земји, додека локалните медиуми во Либан објавија дека е почувствуван и во Бејрут и во Триполи.

СДСМ : ВМРО-ДПМНЕ прави се да го загрози членството во НАТО

ВМРО-ДПМНЕ во последниот период упорно повикуваше предвремено да го ратификуваме Протоколот за НАТО затоа што наводно биле загрижени за членството во Алијансата, се наведува во соопштението на СДСМ. 

Но, во пракса, очигледно е дека ВМРО ДПМНЕ е против нашето зачленување во НАТО. 

Како поинаку да се толкува опструкцијата на Христијан Мицкоски кон Законот за одбрана, кога тоа законско решение е клучно при зачленувањето на државата во НАТО. 

Ваквата неконзистентната политика на ВМРО ДПМНЕ, едно во теорија, а друго во пракса, го покажува своето мрачно лице. 

Ова наликува на ситуацијата со Мицкоски кога пред македонските граѓани изјавува дека ќе го поништи Договорот од Преспа или оној со Бугарија, а пред странските политичари уверува дека ги почитува затоа што тие се гарантиори на европската иднина на државата. 

Само што сега на домашна сцена, истиот Мицковски е со полна уста за НАТО,  а не сака неговите пратеници да гласаат за законите кои се неопходни за членство. 

Со ваквото лицемерие ВМРО ДПМНЕ директно наштетува на државата и на интересите на граѓаните, а со одбивањето да го гласа Законот за одбрана го загрозува целиот евроатлански процес. 

Македонија е на чекор да стане 30-та земја членка на НАТО и тоа е единствената опција да ја осигураме нашата стабилност, безбедност, економија и нашата иднина.   

Законот за одбрана е клучен за нашето членство во Алијансата. Овој закон обезбедува воведување на НАТО стандарди во македонската армија, обезбедува колективен систем на одбрана и затоа тој е клучен за нашето зачленување во НАТО. Како одговорна партија која се грижи за иднината нема да отстапиме од носењето на овој закон кој го запечатува нашето членство во Алијансата.   

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да престанат со политиканството и да го поддржат Законот за одбрана, кој е важен за нашето зачленување во НАТО, но е уште поважен за припадниците на нашата армија. 

Граѓаните на 12 април ќе гласаат за интегративни, иновативни и толерантни политики, а не за несериозните политики на ВМРО-ДПМНЕ што ја држеа земјата во криминал и корупција.

Спасовски и Заев изразија сочувство за настраданите во земјотресот во Турција

Премиерот Оливер Спасовски изрази сочувство за настраданите во катастрофалниот земјотрес што синоќа ја погоди источна Турција.

-Изразуваме силна поддршка и солидарност со Турција и турскиот народ. Сочувство до семејствата на загинатите во страшниот земјотрес. Нашите мисли вечерва се со турските граѓани. Подготвени сме да помогнеме, напиша на Фејсбук, премиерот Спасовски.

Сочувствои изрази и доскорашниот премиер и актуелен лидер на СДСМ Зоран Заев.

-Стигаат вознемирувачки вести од Источна Турција како последица на силниот земјотрес кој се случил вечерва. Изразуваме сочувство до семејствата на жртвите и посакуваме колку што е можно помала штета. Нашите мисли вечерва се со турскиот народ, објави Заев на ФБ.

Во земјотресот со магнитуда од 6,8 степени по Рихтер, според последните информации од турските власти, животот го загубија најмалку 19 лица, повеќе од 600 се повредени, а причинета е и голема материјална штета.

притисни ентер