Македонија на 65-то место на рангирањето на „Global Peace Index“

Република Македонија се наоѓа на 65-то место на рангирањето на „Global Peace Index“ за 2019 година напредувајќи за 23-места во однос на минатата година, што ја прави земјата една од петте земји во светот кои забележале најголем напредок.

-Македонија трета година по ред бележи постојан напредок со промена на оценката од 0,127 во 2019 година. Ова резултираше со тоа што се искачи за 23 места во графичкиот процесор и се наоѓа на 65-та позиција што е највисок ранг од почетокот на индексот во 2008 година, се вели во извештајот на „Global Peace Index“.

Најголемата позитивна промена, се додава, беше резултат на подобрувањето во односите со соседните земји. Сегашната влада, предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги подобри односите со ЕУ и особено со Бугарија и Грција. Според индексот има големо подобрување и доменот на безбедност и сигурност, намалување на насилниот криминал и подобрување на индикаторот за политичка нестабилност.

Сепак, се потенцира и дека остануваат ризици поврзани со етнички тензии и политички спорови,

вклучувајќи ја и промената на името на земјата, која повторно се појави како спорно прашање на претседателските избори во 2019 година./МИА

Фото: Лепа Брена не е баш вешта во користење на Фотошоп

Последната фотографија која ја постави на својот Инстаграм профил покажува дека ни таа не е во целост задоволна со својот изглед.

Лепа Брена од секогаш важела за една од најубавите и најзгодни пејачки на овие простори. Дури и на 60 години, Брена ги воодушевува сите со својот изглеед.

Многумина и завидуваат на витката фигура, меѓутоа последната фотографија која Брена ја постави на својот Инстаграм профил покажува дека ни таа не е во целост задоволна со својот изглед.

Имено, на фотографијата се гледа не баш професионално користење на Фотошоп кое разоткрива дека дури и Брена сака да го подобри својот изглед.

ВМРО-ДПМНЕ: Промените во ВМРО-ДПМНЕ не им се допаѓаат само на Заев и хотелската коалиција

Новите одлуки на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ единствено не им се допаѓаат на Заев и хотелската коалиција која одработува за него.

Не ни очекуваме да ги поздрават одлуките, затоа што тие се насочени кон победа над мафијата и организираниот криминал на власта.

За разлика од Заев кој не најде сила за никакви промени по драматичниот пораз од 200 илјади гласови разлика во 2014 година и поразот во 2016 година, ВМРО-ДПМНЕ покажа сила за катарза и промени.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

НАТО домаќин на петтата рунда технички преговори меѓу турската и грчката делегација

Во седиштето на НАТО пактот во вторник ќе се одржи петтата рунда на технички преговори меѓу турската и грчката воена делегација, изјави Хулуси Акар, министерот за одбрана на Турција, пренесе „Анадолија“.

-Ни сме, се разбира, за мир, стабилност, преговори и дијалог. Ги подржуваме преговорите, но нема да дозволиме било какови свршен чин- рекол Акар на видеоконференцијата на која присуствувале турските генерали.

Техничките преговори имаат за цел намалување на ризикот од инциденти во екот на растот на тензиите во источниот Медитеран.

Одржувањето на технички состаноци меѓу турските и грчките воени делегации е договорено по неодамнешниот разговор на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтемберг.

Првиот технички состанок на турските и грчките воени делегации беше одржан на 10 септември, исто така во седиштето на НАТО.

Акар повтори дека Турција е одлучна и способна да ги заштити правата и интересите и на Турција и на Турската Република Северен Кипар во истокот на Медитеранот.

Грција ги оспорува моменталните активности на Турција околу енергетското истражување во источниот Медитеран.

Турција, земјата со најдолгиот брег на Медитеранот, прати наменски бродови за извршување на енергетски истражувања во својот континентален појас, велејќи дека Анкара и Турската Република Северен Кипар имаат права во тој регион.

Од дијалогот за праведната распределба на ресурсите, корист ќе имаат сите страни, истакнуваат турските власти.

притисни ентер