Поплави после силните врнежи, 12 лица се удавиле во Уганда

Најмалку 12 лица настрадале во поплавите предизвикани од силните врнежи на западот од Уганда, соопшти локалниот Црвен крст.

„Пронајдовме 12 тела во вода како и едно повредено лице кое е префрлено во болница“, наведуваат од Црвениот крст.

Полицијата, војската и мештаните се во потрага по исчезнатите по поплавите. Властите наведуваат дека се уште не се знае колку луѓе исчезнале во поплавите близу границата со Конго.

Поплавите се честа појава во тоа подрачје, но научниците наведуваат дека оваа година е забележан поголем број поради климатските промени на Индискиот океан.

Истокот и западот во „војна“ која вакцина против корона ќе биде поефикасна

Истокот и западот во „ војна“ за тоа која би била поефикасна вакцина против коронавирусот. 

Додека Светската здравствена организација ја оспорува руската вакцина велејќи дека истата не е меѓу деветте што се во напредни фази на тестирање, дваесетина земји веќе бараат да ја купат.

Познато е и кој е првиот човек од Балканот кој ќе прими доза „Спутник“. Станува збор за раководител на катедра во руски универзитет, лекар специјалист од Црна Гора, кој е сигурен дека вакцината е безбедна.

-Апсолутно е безбедна, направени се истражувања врз животни, култури, мајмуни. Откако резултатите се потврдија како позитивни, се мина на истражување врз луѓе, а според руските закони вакцината може да се регистрира, а дури потоа да се спроведе третата фаза, односно, тестирање на 2000 заболени. Засега, не постои повод за сомнеж дека оваа вакцина не е ефикасна или има некои несакани последици.Јас ќе се вакцинирам со сигурност, на почетокот на октомври, како здравствен работник треба да ја добијам оваа вакцина. А со антителата кои ќе ги добијам преку неа мирно ќе можам да дојдам во Црна Гора, вели д-р Сергеј Болјевиќ - Раководител на катедра при Универзитетот „Сеченов“.

Додека на Балканот се поприсутни се изјавите на лекарите што сметаат дека руската вакцина е добра, бројни се сомнежите изразени од експерти од САД за ефикасноста на „Спутник“

-Кога ќе слушнете информации за развој на вакцина во Русија и Кина, секогаш мора да знаете дека во тие земји безбедносните стандарди се разликуваат од тие во Соединетите Американски Држави,изјави Ентони Фаучи - Епидемиолог.

Во меѓувреме, Европската комисија објави дека резервирала до 400 милиони дози на потенцијална вакцина против коронавирус, којашто ја развива американската корпорација „Џонсон и Џонсон“. Пристап до вакцината кога ќе завршат целосните истражувања, ќе имаат земјите членки на ЕУ.

Македонија е дел во Ковакс-механизмот со кој треба да се обезбеди рамноправен пристап до безбедни и ефективни вакцини, во сите земји што се дел од овој проект. Според македонското министерство за здравство, кога цел свет ќе има пристап до вакцина, ќе имаме и ние.

Дваесет новозаболени со Ковид-19 во тетовскиот регион

 На подрачјето на шесте тетовски општини Центарот за јавно здравје од Тетово денеска регистрира 20 нови случаи со Ковид-19. И натаму општина Тетово има најмногу позитивни случаи.

-Општина Тетово денес има 12 нови случаи, во населените места на Општина Јегуновце има пет, двајца во Општина Брвеница и еден во рамки на Боговиње, изјави д-р Зорица Зафировска, специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје Тетово

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово, за неносење заштитни маски 36 лица добиле прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.

Аналитичарите поделени за одлуката на ВМРО-ДПМНЕ за замрзнување на односите со Пендаровски

Дел од аналитичарите во земјава со поделени мислења за одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да ги замрзне односите со Претседателот Пендаровски. 

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, одлуката на опозицијата ја оценува како погрешна, но додава дека не очекува можен влез во политичка криза. Според него, Пендаровски постапил исто како и неговите претходници.

За поранешниот дипломат Ристо Никовски пак, постапката на опозицијата е исправна и вели дека тоа било нај логичниот чекор бидејќи бил прекршен уставот. Никовски додава и дека формирањето на новата Влада, според него ќе се одвива тешко и со уцени.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за сега не ги откриваат следните чекори. Од партијата и денеска го повторија ставот на партискиот лидер Мицкоски дека Пендаровски со доделувањето на мандатот го прекршил уставот и станал, како што велат соучесник во криминалот на Зоран Заев.

Претседателот Пендаровски по вчерашната средба со Мицкоски во Вила Водно, образложи дека го доделил мандатот на Зоран Заев, бидејќи имал најголем број на мандати, но и поради тоа што истекуваат уставните рокови. Сепак, како што кажа тој, доколку Заев не успее да формира Влада, мандатот ќе го добие Мицкоски.

притисни ентер