На снимките се слуша како тој бара контакт со Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев и вели дека ако не се заврши работата, „ќе крварат сите“.
„Ако треба крв, и крв. Имаш деца, имаш машко дете. Ќерка му е што ме боли к…т. И да не нема тоа е, ама нема да дозволам да ми го газат достоинството. Јас со Сашо Мијалков се расчистив. И на ферка, така се претплатив, само чисто да биде“,– се слуша на снимките..
„Никој не знаеме кој што има од тоа време, реално не знаеме. Јас што имам, значи сакам да ги рушам Заеви. Значи јас, сега видов, јас ќе бев во затвор, тоа нема да се деси. Што треба да претендирам да станам премиер да го добијам тоа, не ме интересира, остајте ме, не барам ништо, не барајте ништо“, вели гласот кој наликува на бизнисменот оштетен во „Рекет“.
Во дел од снимките се слуша како и преку посредник биле испраќани пораки до премиерот во кои се бара примирје. Во другите снимки се слушаат закани дека „ако не се спушти топката“ ќе „бомбардирал“ од Бугарија, по што ќе дошол Мицкоски и потоа ќе имало „крв до колена“.
„Јас ќе отидам во Бугарија и што тогаш, ќе пуштам како Ким Јонг, па тепајте се во Македонија и ќе отиде се во пи*** материну. И ќе дојде Мицкоски, и што правиме после? Треба крв до колена? Не се научија дека во 30 години најпаметните беа Љубчо и Бранко, седнаа се договорија“, вели човекот.
„ Не, ама смешно не е, трагично е. Лошо е да „умреш со ваква смрт“, како Заев. Бар заврши работа, промени име, не стави во НАТО, бар нешто големо направи човекот, ја на интервју го „утепав“ од фалење, и он мене во затвор!?“, се слуша во снимките.
Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, која го води случајот „Рекет“ изјави дека аудио снимките не се дел од доказите не се дел од доказите кои странките во постапката им ги доставиле.
„Првпат ги слушам. Не беа на хард дисковите што ни беа доставени“, вели Русковска и додава дека обвинителството ќе ги истражува снимките, но и тоа кој ги објавил на Јутјуб.