Двајца потешко и десет полесно повредени во сообраќајката на патот за Копаоник

Две лица се тешко повредени, а десет полесно повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска на автопатот Прокупље-Блаце, кога околу 10 часот се преврте автобус од Македонија, кој превезувал патници до Копаоник.

Како што јави допсникот на МИА од Белград, сообраќајната несреќа се има случено кај месноста Крива Ќуприја, меѓу Блаце и Белољина. Според првичните информации, автобусот бил на туристичката агенција Камелија од Скопје.

Според досегашните информации, две лица се тешко повредени и се пренесени во болницата во Прокупље.

Шест патници со полесни повреди, се згрижени во Здравствениот дом во Блаце, а останатите шест лица се пренесени во болницата во Прокупље на понатамошни испитувања и лечење.

-Екипата за Итни случаи на нашиот здравствен центар веднаш излезе на теренот, им помогна на повредените и во тек е нивно згрижување, потврдено е од Здравствениот дом во Блаце.

Засега не е позната причината за несреќата, а овој пат, на кој има чести сообраќајни несреќи, е во фаза на реконструкција од минатиот месец, со посебен режими на сообраќај во зависност од работите. /МИА

ЦЈЗ Куманово: Единаесет новозаболени, 33 оздравени, еден починат од Ковид 19

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира, 11 новозаразени лица од Ковид 19, сите од Куманово, соопштија, денеска надлежните од јавната здравствена установа. 

Оздравени се 33 пациенти од Куманово Починат е еден пациент (48) соопшти Министерството за здравство

– Новозаболените веќе имале контакти со претходно заболени лица-изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи

Денеска, извршени се 41 тестирања од кои 24 преку „Мој Термин" и 17 тестирања, извршени согласно епидемиолошки индикации.

Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, ковид дијагностицирани се 1.655, а во моментов активни се 192 случаи./МИА

Мицкоски: Јанкулоска е таргет затоа што беше генерален секретар на ВМРО

Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило кое го користи власта на Заев, Гордана Јанкуловска ќе оди во затвор.

Ја судеа без докази затоа што не одбра да биде слуга во скутот на Заев. Ова не е никаква правда, туку начин да се оттргне вниманието од вистинските скандали, криминали и неуспеси на мафијата на власт.

Јанкуловска беше генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и тука таргетот не е Јанкуловска, туку ВМРО ДПМНЕ.

Оваа одлука на судот е ден по раскрвавената глава на Палевски, и откако целокупното судство и истото обвинителство ги пропушти и амнестираше сите скандали на мафијата.

И не заборавајте, Горде е мајка на еден мал ангел, но и ова ќе помине, а срамот на Заев и мафијата за ваквата тортура ќе остане. Мафијата не треба да се плаши од освета, туку од правда, а таа ќе дојде.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Кремљ:Шишето би можело да биде доказ во случајот Навални , но е изнесено од Русија

Кремљ денеска соопшти дека шишето вода од хотелската соба на опозицискиот лидер Алексеј Навални, каде биле пронајдени траги од Новичок, можело да биде доказ во случајот, но наместо тоа соработниците на Навални го однеле од Русија.

Тимот на Навални вчера објави дека шишето вода од хотелската соба во Томск, каде што престојувал Навални минатиот месец, е однесено во Германија и на него се пронајдени траги од нервниот отров Новичок. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека руските експерти не можат да го проучуваат шишето со вода и затоа Москва не може да го коментира случајот.

,,Не можеме да го објасниме тоа, бидејќи, како што знаете, ова шише, доколку постоело, е однесено во Германија или на некое друго место. Нешто што можеше да стане доказ за труење, за жал, е изнесено од земјата. Тоа покренува дополнително прашање - зошто? " - рече Песков.

„Има премногу апсурди во оваа приказна за да се земе некој збор здраво за готово“, додаде тој.

Русија вели дека и требаат повеќе докази пред да започне официјална кривична истрага за случајот Навални и побара од Германија да и ги предаде медицинските податоци на Навални за анализа.

Сојузниците на Навални велат дека соодветната истрага за случајот ќе открие дека Кремљ, претседателот Владимир Путин и безбедносните служби на Русија се одговорни за труењето на опозицискиот политичар.

Кремљ ги нарече обвинувањата неосновани и рече дека нема смисла да се труе Навални, а потоа да му се дозволи да замине на лекување во друга земја, каде што може да се откријат трагите од труење.

На Навални му се слоши на летот од Сибир до Москва минатиот месец. Тој помина извесно време во сибирската болница, а потоа беше префрлен во Берлин на лекување по барање на неговото семејство.

Велика Британија изјави дека е скоро сигурно дека руските разузнавачи го нападнале Навални, еден од најжестоките критичари на Путин, и дека Русија мора да даде одговори за случајот затоа што употребата на хемиско оружје е неприфатлива.

Германија побарала помош од Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) во истрагата за наводното труење на Навални, соопшти хашката организација, додавајќи дека нејзините експерти „зеле биомедицински примероци од Навални за да ги анализираат“.


притисни ентер