Салвини најави бојкот на Нутела- Не му била доволно италијанска

Лидерот на десничарската  опозиција, Матео Салвини се закани дека ќе ја бојкотира Нутела, бидејќи нејзините состојки не биле 100 проценти италијански.

„Се премислив затоа што разбрав дека Нутела содржи лешници од Турција, затоа сакам да им помогнам на компаниите што користат италијански производи“, рече Салвини на партискиот собир.

„Повеќе би јадел италијански производи ако можам да им помогнам на италијанските земјоделци “, додаде Салвини (46).

Салвини сака јавно да ги истакне своите навики во исхраната како дел од неговата стратегија на социјалните медиуми. Тој честопати се сликал со Nutellа на своите профили на Твитер и Фејсбук.

Тој ја предводи ,,Лига” италијанската националистичка партија, чие мото е „На прво место Италијанците“. Според анкетите на јавното мислење, Лига во моментов води со околу 32 проценти поддршка.

Салвини се опиша себеси како „еден од најголемите италијански потрошувачи на Нутела“. "Кој се грижи за диети?" додаде тој.

На видеото на Фејсбук, тој ги повика Фереро и другите локални компании за храна да „набават италијански шеќер, лешници, млеко“.

Фереро, производителот на Нутела, е најголемиот купувач на лешници во светот.

притисни ентер