Уште една смртна казна во САД , затвореникот побарал прошка од девојката која ја запалил (ВИДЕО)

Американец од Тенеси, кој бил прогласен за виновен за убиството на својата поранешна девојка откако ја запалил во неговиот автомобил пред скоро 30 години, егзекутиран е вчера на електричен стол во Нешвил, соопштија затворските власти.

Ли Хол (54) беше прогласен за мртов во 19:26 часот по локално време во затворот Ривербенд во Нешвил.

Хол беше осуден на смртна казна во 1992 година за убиството на 22-годишната Трејси Крозиер.

Во средата, гувернерот на Тенеси, Бил Ли изјави дека нема да интервенира во случајот, еден ден откако Хол беше преместен во ќелија веднаш до комората за извршување.

Хол поднел неколку неуспешни поплаки пред државните и федералните судови по неговото осудување за намерно убиство и подметнување пожар во 1992 година. Врховниот суд во Тенеси оваа недела го негираше неговото последно барање за суспензија бидејќи верува оти еден од поротниците бил пристрасен затоа што била жртва на семејно насилство.

Вчера попладне, Врховниот суд на САД ја одби понудата за 11-часовно одложување на извршувањето.

Хол избра да му биде извршена смртната казна на електричен стол, со што стана четвртиот осуден американски затвореник што е погубен од 2018 година. Во 2014 година Тенеси повторно започна со употреба на електричен стол за извршување на смртна казна, што се користи доколку некој затвореник го избере тоа или ако смртоносната инекција е недостапна.

Хол го изгубил видот заради глауком и е првата слепа личност што е егзекутиран во поновата американска историја, пренесува „Дејли меил“.

„Мислам дека луѓето можат да научат да простуваат и сакаат и да го направат светот подобро место“, беа последните зборови на убиецот.

Пред егзекуцијата го добил и последниот оброк ,и тоа чизстејк, пржен кромид, торта со сирење и Пепси, соопштија затворските власти.

По извршувањето, адвокатот ја прочитал неговата изјава.

„Жал ми е за болката што ви ја предизвикав ... Ве молам простете ми“, му напишал убиецот на семејството на несреќната девојка.

Според судските документи, Хол ја полил својата поранешна девојка со бензин и ја запалил во неговиот Нисан ноќта на 16 април 1991 година, по расправија пред домот на неговата баба. Таа претрпела изгореници на 90 проценти од нејзиното тело, а починала по кратко време во болница.

Хол е 20-ти затвореник во САД и трет во Тенеси што беше егзекутиран во 2019 година.

Во Србија регистрирани 62 нови случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа на коронавирус во Србија се тестирани 7.411 лица, од нив 62 биле позитивни, додека починало едно лице.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на респиратори во болниците ширум Србија се наоѓаат 20 пациенти.

Дојавата за бомба – тест за безбедносните служби

Идентитетот на човекот кој вчера пријави за подметнати бомби кај Универзална  и е познат и полицијата, која работи на расчистување на случајот. 

Поради интерес за истрагата полицијата засега не сака да сподели повеќе информации.

Веднаш по добиената дојава, полициски службеници се упатени на местото на настанот, извршени се потребните проверки и констатирале дека станува збор за две ваги. Ние ги правиме потребните проверки да утврдиме дали воопшто тука има простор за кривично дело, а кога ќе го расчистиме случајот ќе информираме соодветно, вели Тони Ангеловски – портпарол на МВР.

Како полицијата постапува во вакви ситуации ни објасни поранешниот началник против криминалистика Љубимир Ѓурчевски.

Според него секогаш се следат кристално јасно и строго пропишани процедури од кои не смее да има никакви отстапки.

Веднаш по приемот на дојавата, се излегува на лице место, се преземаат дејствија за евакуација и веднаш се известуваат екипи на антитероризам, кои што се професионално обучени и поседуваат соодветна опрема за да извршат детален претрес на обејктот. Доколку утврдат експлозивна направа нивна работа е само да ја амортизираат додека не дојдат обучените лица од дирекцијата за заштита и спасување каде што имаме деминерски екипи, истакна Љубимир Ѓурчевски Поранешен пом. Директор во бирото за јавна безбедност.

Ѓурчевски вели дека надлежните мора да одговорат на секоја пријава и не смеат да остават ништо на случајност. Па оттаму упати алеп да не се ПРАВАТ игри со вакви ситуации.

Ги повикувам тинејџерите да си најдат друга забава со која што можат да се рекреираат и забавуваат но најмалку да се забавуваат со вака сериозни работи со кои што можат да нанесат несогледливи последици, истакна Љубомир Ѓурчески – Поранешен пом. Директор во бирото за јавна безбедност.

Во изминатиот период имаше неколку лажни пријави, а една од оние кои најмногу привлече внимание е онаа од трговски центар во Скопје, каде што двајца тинејџери пријавија бомба во објектот, а преку разглас беа евакуирани сите присутни.

Нуредини проговори македонски јазик

По една година и три месеци од преземањето на министерската фотеља Насер Нуредини прозборе на македонски.

Новинар: Албански зборувате скромно, македонски воопшто, дали се уште планирате да одржувате прес-конференции на јазик кој не е службен во земјава?

Нуредини: Благодарам за прашањето, ве разбирам многу добро. Можам да се изразувам многу добро, ако сакате да знаете. Се учам полека, нормално.“

По една година и три месеци од преземањето на министерската фотеља Насер Нуредини прозборе на македонски. Обраќањето беше кратко, рече дека јазикот се уште го учи и вети дека ќе зборува на македонски во иднина.

Денеска тој се обрати за да каже што се ќе направи во следните 4 години од мандатот. Наброја десетици закони и акциски планови, дел поднесени до Владата а дел кои допрва ќе се кројат.

Вели дека како министерство должност им е да креираат политики а не да нудат краткорочни решенија. На инспекторите, полицијата и функционерите од локалната самоуправа им порача да се фатат за работа за да може есенва да се дише почист воздух.

Справувањето со дивите депонии ќе биде долг и скап процес за што Нуредини побара трпение. Планот за регионална депонија во земјава, нешто што се дискутира години наназад, не се знае кога ќе се оствари.

Не само на ниво на земја, депониите и нивното палење се особено горлив проблем во Скопје. Откако шутот кај салата Борис Трајковски во понеделникот пламна во оган, денеска општина Карпош зема да го расчистува сметот. Градоначалникот Богоев побара од Спасовски да прати полицајци да дежураат за да не се повтори нова катастрофа.

притисни ентер