Новогодишна елка и базар на плоштадот во Скопје

Новогодишната елка поставена на плоштадот „Македонија" светна вечерва, а почна со работа и новогодишниот базар „Винтерленд 2020". Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Штипското Инфективно одделение остана со двајца инфектолози

Штипската Клиничка болница остана со двајца инфектолози за пациентите од целиот источен регион. 

Проблемот со недостиг на лекари на Инфективното одделение го решава со ротирање на лекари од другите одделенија.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека проблемот се појавил откако еден од инфектолозите заминал на боледување, а Општата болница во Струмица си го врати инфектологот во матичната болница, поради големиот број на новозарзени во овој регион.

– Работата ја менаџираме со сопствен кадар, заедно со интернистите и кардиолозите од нашата Клиничка болница се пополнуваат дежурствата на помош се повикуваат и дел од онколозите, коишто работат во болницата и оние четири општи лекари, кои ги имае примено и се секундарци и тие даваат придонес во работата на Инфективното одделение, вели Ѓеорѓијев.

Во моментов во регионалниот Ковид центар во Штип се хоспитализирани 35 пациенти и четворица се суспектни. Пациенти има од целиот источен регион, но според бројката доминираат од делчевскиот регион.

СВР Скопје приведе девет лица кои се бараа со потерница за издржување затворска казна

Во текот на вчерашниот ден (24.09) полициски службеници од Секторот за внатрешни работи приведоа девет лица што со потерница се барааа за издржување на затворска казна и тие се спроведени до казнено поправните институции. 

Приведени се И.Т. (37), Д.Б. (34), А.Љ. (43), Т.С. (60) , Г.Ш. (37), О.С. (24) Љ.Г. (61), А.Н. (34) и Ф.Џ (32) за издржување на затворски казни во различно време траење, до три години.

ССМ го потсетува раководството на Баргала дека денеска е последен ден за исплата на плата и заостанатиот дел од плата

Сојузот на синдикатите на Македонија го потсетува раководството на Баргала АД Штип дека денеска е последен ден за исплата на плата и застанатиот дел од платата утвредено со Спогодбата потпишана на 1 септември 2020 година.

– Доколку раководството не ги преземе сите напори за исплата согласно договореното во Спогодбата, ќе бидеме приморани да ги преземеме сите законски мерки со цел за заштита на економските и социјалните права на своите членови од работниот однос, истакнува Дарко Димовски, претседател на ССМ

Со спогодбата, како што наведуваат во соопштение, беше договорено на работниците да им биде исплаќана редовно платата, а започнувајќи од платата во месец септември, месечно да се исплаќа и разликата на плата која работодавачот не им ја исплатил на работниците за три месеци по 30 отсто, како и разликата на плата од 10 отсто која била помалку исплатена за месец февруари.

притисни ентер