Реакција на бебенце , кое за прв пат го слуша гласот на својата мајка (ВИДЕО)

Милиони низ целиот свет ја погледнаа снимката , што ја поставил таткото на четиримесечната Георгина Андерсон , која се родила глува и сега почна да слуша со апаратче.

Гордиот татко го сподели моментот кога го вклучува слушното помагало на неговата ќеркичка.

Пол Адисон, од Харогејт, го објави видеото од неговата четиримесечна Георгина , која реагира на гласот на својата мајка.

На Георгина и било дијагностицирано вродено нарушувањерж на слухот во септември , поради што ќе носи слушно помагало во двете ушиња.

Адисон изјави : "Ги користи овие слушни помагала и тоа е како светла да се вклучени."

Вилијан нов член на Арсенал

По седум години во северен Лондон во тимот на Челзи, Бразилецот Вилијан ги смени клупските бои и стана член на лондонскиот ривал Арсенал.

Англискиот премиерлигаш Арсенал го потврди трансферот на 32 годишниот Бразилец.

Вилијан на Вембли стигнува како слободен фудбалер откако му истече договорот со Челзи.

Искусниот Бразилец со Арсенал потпишал тригодишен договор вреден 35 500 000 евра. Вилијан во Арсенал ќе игра за неделна плата од 244 000 евра.

Вилијан за Челзи каде стигна во 2013 година одигра 339 средби на кои постигнал 63 голови и остварил 56 асистенции.

Ердоган : Не сакаме ескалација , но Грција би можела скапо да плати

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска  ја предупреди Грција дека неговата земја ќе одговори на каков било напад врз нивниот истражувачки брод Орус Реис во источниот Медитеран, по расправијата меѓу двете членки на НАТО.

Турција и Грција се расправаат за територијалните води чии морски длабочини се богати со енергенси, а тензиите се зголемија во понеделникот кога Анкара испрати истражувачки брод во спорниот дел на Медитеранот, придружен со воени бродови.

Обраќајќи им се на новинарите во Истанбул, Ердоган денеска рече дека едно од воените бродови што го придружувал Орус Реис - Кемал Реис - „одговори на неопходен начин“ на нападот на грчкиот брод во четвртокот.

„Ако тоа продолжи, тие ќе добијат одговор“, рече тој.

Вчера Ердоган предупреди на „високата цена“ што Грција ќе ја плати доколку Орус Рис биде нападнат.

Претходно во Женева, турскиот министер за надворешни работи рече дека неговата земја не сака ескалација на тензиите со Грција во источниот Медитеран, нагласувајќи дека Анкара ја смета Атина одговорна за тензиите.

„Не сакаме ескалација, но Грција треба да дејствува во согласност со здравиот разум“, рече турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на прес-конференција во Женева.

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за спорот меѓу Турција и Грција во источниот Медитеран за време на вонредната средба во текот на денот.

Грчкиот министер ќе се состане и со државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

Во Србија 235 новозаразени , починале четворица

Според најновите податоци, во последните 24 часа во Србија се регистрирани 235 нови случаи на инфекција со коронавирус, а починаа уште четири лица.

Хоспитализирани се 143 лица, а 78 пациенти се на респиратор, пишува „Блиц“.

притисни ентер