Никола ја напаѓа Европа и има 653 КС (ВИДЕО)

Американскиот производител Никола заедно со Ивеко го најавија производството на најновиот модел камиони, што е нивен прв заеднички проект.

Само три месеци откако ја објавија соработката, Никола и Ивеко го промовираат својот прв заеднички производ. Неговото име е Никола Тре, и за разлика од неговиот претходник, има значително поевтин и послаб погон. Водородот очигледно испадна од игра, а останаа батериите.

Никола однадвор е впечатлив по LED потписот, вклучително и со осветлено лого, додека силуетата на возилото е идентична со онаа на класичен камион. Таа се заснова на Iveco S-Way, па освен илузијата, нема разлики. Внатре, сепак, има ново амбиентално осветлување и целосно нова инфозабава. Сè е потпишано од страна на Italdesign.

Се разбира, примената на електричен погон е исто така новина. Батериите се модуларни и лесно прилагодливи на потребите на секој поединечен клиент. Прикажаниот пример има капацитет од 720 kWh, што обезбедува опсег од 400 км. Максималното производство на електрична енергија е 653 КС и 1.800 Nm, а ќе се нуди во широк опсег до максимална бруто тежина од 26 тони.

Никола соопшти и дека ова е прв чекор кон камион опремен со горивни ќелии што ќе се најдат во продажба до 2023 година.


Вилијан нов член на Арсенал

По седум години во северен Лондон во тимот на Челзи, Бразилецот Вилијан ги смени клупските бои и стана член на лондонскиот ривал Арсенал.

Англискиот премиерлигаш Арсенал го потврди трансферот на 32 годишниот Бразилец.

Вилијан на Вембли стигнува како слободен фудбалер откако му истече договорот со Челзи.

Искусниот Бразилец со Арсенал потпишал тригодишен договор вреден 35 500 000 евра. Вилијан во Арсенал ќе игра за неделна плата од 244 000 евра.

Вилијан за Челзи каде стигна во 2013 година одигра 339 средби на кои постигнал 63 голови и остварил 56 асистенции.

Ердоган : Не сакаме ескалација , но Грција би можела скапо да плати

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска  ја предупреди Грција дека неговата земја ќе одговори на каков било напад врз нивниот истражувачки брод Орус Реис во источниот Медитеран, по расправијата меѓу двете членки на НАТО.

Турција и Грција се расправаат за територијалните води чии морски длабочини се богати со енергенси, а тензиите се зголемија во понеделникот кога Анкара испрати истражувачки брод во спорниот дел на Медитеранот, придружен со воени бродови.

Обраќајќи им се на новинарите во Истанбул, Ердоган денеска рече дека едно од воените бродови што го придружувал Орус Реис - Кемал Реис - „одговори на неопходен начин“ на нападот на грчкиот брод во четвртокот.

„Ако тоа продолжи, тие ќе добијат одговор“, рече тој.

Вчера Ердоган предупреди на „високата цена“ што Грција ќе ја плати доколку Орус Рис биде нападнат.

Претходно во Женева, турскиот министер за надворешни работи рече дека неговата земја не сака ескалација на тензиите со Грција во источниот Медитеран, нагласувајќи дека Анкара ја смета Атина одговорна за тензиите.

„Не сакаме ескалација, но Грција треба да дејствува во согласност со здравиот разум“, рече турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на прес-конференција во Женева.

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за спорот меѓу Турција и Грција во источниот Медитеран за време на вонредната средба во текот на денот.

Грчкиот министер ќе се состане и со државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

Во Србија 235 новозаразени , починале четворица

Според најновите податоци, во последните 24 часа во Србија се регистрирани 235 нови случаи на инфекција со коронавирус, а починаа уште четири лица.

Хоспитализирани се 143 лица, а 78 пациенти се на респиратор, пишува „Блиц“.

притисни ентер