Косово се соочува со повеќегодишна суспензија од меѓународните натпревари на ФИФА и на УЕФА

Медиумите во Приштина известуваат дека на косовската фудбалска репрезентација и се заканува протерување од сите натпреварувања под покровителство на ФИФА и УЕФА во наредните пет години.

Европската и светската фудбалска организација размислуваат да го казнат косовскиот фудбал за обидот да го разрешат претседателот на косовската Фудбалска асоцијација, Агим Адеми и поради обидот политиката да се меша во фудбалот.

„Според некои извори, на Косово и се заканува суспензија од две до пет години, бидејќи луѓето од политичкото раководство на земјата се обидуваат директно да интервенираат и да донесат важни одлуки во Фудбалската федерација на Косово“,извести косовката телевизија РТК.

Доколку дојде до суспензијата, Македонија автоматски би се нашла во баражот за пласман на  Евро 2020 , а Косово би останало без можност да оди на турнирот преку дополнителни квалификации, но и можност да игра на Светскиот куп во Катар во 2022 година.

УЕФА и ФИФА експлицитно го забрануваат мешањето  на политиката во спортот преку нивните статути. Така, во 2014 година, Фудбалската федерација на Нигерија беше суспендирана од меѓународните натпревари поради мешање на владата во работата на федерацијата, а една година претходно истото се случи и со Камерун.

Последната порака на Коби на твитер била честитка за успехот на Ле Брон Џејмс

Судбината одлучи Коби Брајант , иако се повлече пред три години од кошарката , од вчера да биде најспомнуваниот НБА кошаркар.

Вчера Ле Брон Џејмс го надмина неговиот рекорд на третото место на шутери на сите времиња.  

Џејмс го заврши натпреварот со 29 поени, седум скока и осум асистенции, а со вкупно 33655 постигнати поени во натпреварите во кариерата, го надмина Брајант, кој застана на 33643 постигнати поени.

Рано утрово честитката до Ле Брон стигна од Брајант кој му ја посвети својата последна порака на Твитер на човекот со кој често се споредуваше.

- Само напред , Кинг. Брат, ја имате мојата почит “, напиша Коби на неколку часа пред трагичната несреќа.

Ракометарите на Шпанија ја победија Хрватска во финалето на Еуро 2020

Шпанските ракометари ја совладаа Хрватска во финалето на Европското првенство со резултат 22:20, со што ја одбранија титулата европски шампиони.

Хрватска добро го отвори мечот и со водството со 2: 0, но Шпанците стигнаа до изедначување во седмата минута (3: 3) и од тој момент натаму играа гол за гол до 15-та минута кога селекциите на Лино Червар повторно отиде на плус два ( 8: 6).

Во 19-та минута Марино Мариќ ја однесе Хрватска во плус три (10-7), но потоа Шпанците се разбудија.

Шпанскиот голмани ја доби првата одбрана во 20-та минута кога Гонзало Перез де Варгас го одбрани ударот на Игор Карачиќ од девет метри , а потоа започна незапирливата серија.

Хорхе Македа ги врати Шпанците со три брзи гола (10:10), а потоа Канелас го постигна првото водство на Шпанија на натпреварот (11:10). Перез де Варгас ја задржа својата мрежа недопрена 11 минути, собра шест одбрани, вклучувајќи и удар од седум метри  на Домагој Дувњак, и капитулираше повторно само во последната минута кога Давид Мандиќ погоди за 11:11.

Резултатот од првото полувреме го постави Раул Ентеририос на седум секунди пред крајот, кога погоди за 12:11.

На почетокот на второто полувреме Шпанците искористија најмногу од исклучувањето на Златко Хорват. Алекс Гомез најпрво реализираше удар од седум метри со додавање на Даниел Сармиенто, а потоа постигна два гола преку целиот терен, откако Хрватите одиграа без голови во нападот.

Канелас  потоа погоди за максимум плус четири во 36-та минута (16:12), потоа Лино Червар реши да игра 7-за-6, а Хрватите стигнаа до минус два (16:14), по што следеа низа грешки на обете страни.

Во 49. минута Хрватска стигна до изедначување (18:18) по брилијантната серија од 6-2.

Во последните десет минути имаше вистинска драма, со тоа што Хрватска во 54. минута повторно се засили со голот на Лука Степанчиќ, но Гомез израмни на 19:19.

Во самиот финиш на натпреварот, Шпанците успеаја да постигнат голема победа и одбрана на титулата со шутот на Гомез.

На овој начин Шпанија ја одбрани титулата Европски шампион од последното првенство што се одржа во Хрватска, а во богатата ризница трофеи од континенталните настани имаат и четири сребрени и два бронзени медали.

На овој начин, Хрватска остана без единственото злато од поголемите натпреварувања. Хрватите во ризницата имаат по три сребрени (2008, 2010, 2020) и бронза (1994, 2012 и 2016 година).

Со овој триумф Шпанија обезбеди и пласман на Олимписките игри во Токио.

Расистички повици од навивачи кон фудбалер на Билбао , тој им врати со пцуење (ВИДЕО)

Инаки Вилијамс е нова жртва на расизмот на фудбалските терени.

Темномурестиот напаѓач со беше навредуван од навивачите на Еспањол во дуелот со Атлетико Билбао.

Вилијамс беше заменет во 69-та минута кога неговиот тим реализираше корнер. Додека Муниаин се подготвуваше да изведе удар од аголот, Вилијамс излезе од теренот и се упати кон клупата, а од трибините можеше да се слушне гласно извикување на навивачите на каталонскиот клуб.

Напаѓачот на Билбао одговори со тешки пцовски . „Кучкини синови“, викна тој , по што седна на клупата.

По натпреварот, спортскиот директор на Билбао го осуди расистичкиот чин, исто како и Еспањол кој објави дека почнува истрага.

притисни ентер