Мексиканецот Руиз ги насамари сите на мерењето со Џошуа (ВИДЕО)

Ентони Џошуа и Енди Руиз Џуниор официјално беа измерени  при што се откри големата тактичка битка што се водеа меѓу екипите на двајцата боксери во тешка категорија.

Џошуа имал пет килограми помалку отколку во јуни, а Руиз, кој тврдеше дека изгубил тежина и со тоа ги измами британските медиуми, се покажа дека е седум килограми потежок отколку во првиот меч.

Во последните неколку недели се пишуваше многу за губење на тежината и исхраната на Руиз. Медиумите објавуваа разни фотографии на кои што се чинеше дека Мексиканецот е навистина ослабнат. Сепак, тоа било очигледно само кампања, бидејќи вагата покажа 128,6 килограми, седум повеќе од минатиот пат.

После тоа тие го направија соочувањето, но без премногу тензија. Прво позираа рамо до рамо, а потоа следуваше краток поглед лице-в-лице.

Џафери не дојде да сведочи за случувањата на 27 април

Ниту со официјална партиска одлука биле дел од протестите на “За заедничка Македонија” ниту знаеле за организиран упад во Собранието.

Вака поранешни и актуелни пратеници од ВМРО ДПМНЕ сведочеа на денешното судење за обвинетите за организирање на собраниските насилства од 27 април. Поранешниот пратеник Борис Змејковски рече дека немало случај претходно да се прекине некоја точка за да се помине на следна. И неговата сопартијка, тогаш пратеничка од Радовиш Нада Ципушева ги опиша последните часови од собраниската седница.

-Вељаноски постојано апелираше да се откажеме од дискусијата за време на конститутивната седница. Немав никаква информација за кршење на собранискиот деловник.-Нада Ципушева – Поранешна пратеничка од ВМРО ДПМНЕ.

Според одбраната на обвинетиот екс собраниски спикер Трајко Вељаноски, сведочењето на пратениците потврдува дека немало договор де се спречи изборот на нов претседател на собранието.

Како сведок денеска требаше да се појави актуелниот собраниски спикер Талат Џафери но го спречија работните состаноци. Се очекува Џафери да сведочи на 28 септември за кога е закажано следното рочиште.

Во име на премиерот Заев до Собранието е доставена листата со предлози за заменици-министри

Владата на Република Македонија, во име на премиерот Зоран Заев, до Собранието на Република Македонија ја достави листата со предлози за заменици-министри.

За заменици-министри по одделни ресори се предлагаат:

- Башким Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за одбрана;

- Назим Буши, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи;

- Агим Нухиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда;

- Илхан Рахман, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците;

- Фатмире Исаки, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи;

- Димитар Ковачевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии;

- Зоран Маневски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија;

- Трајан Димковски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;

- Илир Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство;

- Арафат Шабани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука;

- Енвер Хусејин, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за труд и социјална политика;

- Зоран Димитровски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа;

- Седат Сулејмани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за култура;

- Александар Бајдевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација;

- Беким Реџепи, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски;

- Христина Оџаклиеска, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Со предлог листата за заменици-министри се доставени и биографиите на кандидатите.

Влада на РМ

МЗ: Осум починати и 144 нови случаи на Ковид-19

Денеска се регистрирани 144 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 16417. Оздравени се 97 пациенти– починати се 8 лица.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 144 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-27, Куманово-11, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-13, Тетово-13, Велес-4, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Струмица-15, Крива Паланка-1, Радовиш-8, Крушево-2, Кочани-13, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-1, Делчево-3, Кичево-2, Ресен-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти од: Скопје-22, Куманово-33, Штип-2, Прилеп-7, Тетово-2, Струга-1, Битола-4, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-3, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-4, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-1, Делчево-5, Свети Николе-2, Кичево-3.

Починати се 8 лица, еден пациент од Куманово (48г), еден од Штип (65г), двајца пациенти од Прилеп (62 и 83г), еден од Тетово (69г), еден од Струмица (39г), еден од Виница (63г) и еден пациент од Кичево (56г)

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16417, бројката на оздравени пациенти е 13732, на починати е 683, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2002. Денеска се регистрира еден контролен од вчерашните тестови, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6488, активни 567

• Куманово 1655, активни 192

• Дебар 275, активни 40

• Штип 1227, активни 74

• Прилеп 594, активни 123

• Тетово 1348, активни 144

• Струга 639, активни 64

• Велес 300, активни 27

• Битола 264, активни 58

• Охрид 401, активни 48

• Кавадарци 212, активни 36

• Гостивар 890, активни 101

• Гевгелија 99, активни 57 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 157, активни 90

• Крива Паланка 91, активни 37

• Радовиш 64, активни 18

• Крушево 20, активни 3

• Кочани 233, активни 85

• Пробиштип 99, активни 19

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 88, активни 9

• Пехчево 42, активни 21

• Берово 76, активни 20

• Валандово 14, активни 5

• Виница 97, активни 27

• Делчево 141, активни 73 (29 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 4

• Свети Николе 312, активни 17

• Кичево 299, активни 28

• Ресен 158, активни 11

• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1545 теста се преку: ИЈЗ-460, ЦЈЗ Скопје-56, Авицена-286, Биотек-136, МАНУ -106, Жан Митрев (Филип Втори)-230, Систина со PCR метода -142, лабораторија Лаор –46, Судска медицина-13, ЦЈЗ Битола-49, Инфективна клиника-2, ГАК-10, Синлаб-9, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 172.700 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември" примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 32 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 152, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 57

• Гази Баба – 73

• Аеродром - 84

• Карпош – 73

• Центар – 76

• Кисела Вода – 55

• Ѓорче Петров – 28

• Бутел - 32

• Шуто Оризари – 15

• Студеничани – 9

• Сарај – 18

• Арачиново – 9

• Илинден – 14

• Сопиште – 3

• Чучер Сандево – 4

• Петровец – 7

• Зелениково - 2

• Странец – 6

• Нераспределен-2

Одделение за односи со јавноста

Министерство за здравство

притисни ентер