ВМРО-ДПМНЕ : СДСМ три години отспаа кога станува збор за спортот и спортските работници

Сега во стилот на измамникот Заев да им текна да ги лажат спортистите и да им ветуваат се и сешто, реагираат од ВМРО – ДПМНЕ на прес конференцијата на Наумче Мојсовски од СДСМ.

Сите мерки со кои се фалат се донесени во време на владите на ВМРО-ДПМНЕ. Тие сами не донесоа ниту една мерка.

Цели три години не е изграден ниту еден базен или позначаен спортски објект. Нема нови сали, ниту стадиони.

Сите спортски успеси кои се направени се благодарение на инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ во спортот И грижата што ја имаа спортистите во минатото.

Како и би имало некаков резултат на спортско поле кога за развој на спортот се ,,грижат'' еден историчар и еден економист!?

Негрижата за спортот завршува на 12 април кога СДСМ и нивните деструктивни идеи ќе бидат поразени од граѓаните

Џафери во Брисел се сретна со европратениците Фајон и Билчик

Талат Џафери во Брисел оствари средба со Тања Фајон и Владимир Биличик.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, пред почетокот на Самитот на претседателите на парламентите на земјите од Западен Балкан и на Европскиот парламент посветен на зајакнувањето на парламентарната димензија на процесот на проширување и улогата на парламентите во реформската агенда за ЕУ, се сретна со европратениците Тања Фајон и Владимир Билчик, копретседавачи на Групата за демократска поддршка на Западниот Балкан.

-Нагласувајќи дека Европскиот парламент посветува големо внимание на процесот на проширување и односите со земјите од Западен Балкан, европратениците истакнаа дека постапките и одлуките кои ќе се донесуваат во наредниот период ќе значат создавање јасен план и јасна рамка и за земјите кои очекуваат почеток на преговорите и за оние кои веќе ги започнале, а приоритет ќе биде ставен на кредибилитетот на процесот и на враќање на довербата. Тие изразија надеж дека по претставувањето на новата методологија следната недела, позитивни сигнали ќе може да се очекуваат и пред почетокот на Европскиот самит закажан за март, имајќи ги предвид и настојувањата на хрватското претседателство да го држи процесот на проширување на врвот на агендата, соопшти собраниската прес-служба.

Џафери истакнал дека, и покрај разочарувањето од недонесувањето на едногласна одлука на Европскиот совет за започнување преговори, земјава останува посветена на нашата цел, полноправно членство во Унијата, но и дека е внимателна во очекувањата. Тој изразил уверување дека, претстојните избори ќе бидат спроведени во слободна, фер и демократска атмосфера, како јасна определба на сите политички партии.

-Соговорниците се осврнаа и на дијалогот Жан Моне, како уште една форма на соработка која донесе конкретни резултати во градењето на политичкиот дијалог во Собранието, како што беше донесувањето на Кодексот за етичко однесување, утврдувањето на потребата од измени на Деловникот со цел избегнување ситуации на блокада кои се случуваа во минатото и поставување рамка за административна, финансиска и безбедносна независност на Собранието. Во очекување на одржувањето на третиот Жан Моне дијалог во Собранието на Република Македонија, беше изразена заедничка заложба оваа алатка за соработка да продолжи и по изборите во Република Македонија, се вели во соопштението.

Џафери остварил и кратка средба со европратеникот Андреј Ковачев од Бугарија, кој е заменик на претседателот на Групата на Европските народни партии за Западен Балкан, на која беа разменети мислења за актуелните случувања во Република Македонија во пресрет на предвремените парламентарни избори. Ковачев ја изразил својата поддршка за доделување на датум за преговори што е можно поскоро. /МИА

Лазаревска: Со или без ВМРО-ДПМНЕ државата ќе оди напред

​ВМРО-ДПМНЕ работи директно на штета на граѓаните и ги кочи сите проекти кои значат подобрување на нивниот стандард.

Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет Лилјана Кузмановска веќе четврти ден не закажува продолжение на седницата на која што требаше да дискутираме за Предлог законските решенија за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица и на јавни препријатија.

СДСМ како одговорна партија, работи во интерес на граѓаните, предлага отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица.

Откако со криминално работење ги заглавија општините и јавните препријатија со огромни долгови, сега ВМРО-ДПМНЕ само заради теснопартиски интереси, ги блокира и е против проектите кои ќе овозможат развој и напредок, а се единствено во интерес на граѓаните.

Станува збор за долгови направени во периодот до 31 декември 2017 година, кога кадри на ВМРО-ДПМНЕ раководеа со овие институции.

Јавните претпријатија ќе имаат обврска да ги отпишат каматите и да ги репрограмираат долговите на граѓаните, а државата обезбедува мерки кои ќе гарантираат развој и ефикасно функционирање на јавните претпријатија.

Овие две мерки се тесно поврзани и се во интерес на сите граѓани на нашата држава.

Ја повикуваме Кузмановска и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат да ги блокираат овие закони, да ги повлечат илјадниците амандмани и да ја деблокираат работата на Комисијата за финансирање и буџет.

Со или без ВМРО-ДПМНЕ нашата држава ќе оди напред. Граѓаните тоа го знаат и затоа на 12 април ќе ги казнат сите штетни политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Жаклина Лазаревска, пратеничка од СДСМ

Министерството и дополнителната министерка за финансии со различни толкувања за извештајот на ММФ

Меѓународниот монетарен фонд ја пофали земјава дека почнала да закрепнува на економски план – ни прогнозираат забрзан раст за годинава, но сепак во нивниот последен извештај има низа критики и предупредувања. 

Предупредуваат да не се заборават реформите, но и власта да ги стегне јавните финансии. Според нив сиромаштијата во земјава и покрај зголемениот минималец, ќе остане иста.

Сугерираат да се подобри собирањето на пари во буџетот, но и да се намалат земјоделските субвенции.

Според монетарците иако капиталните инвестиции се зголемиле - тие и понатаму се под потребите на земјава.

За дополнителната заменик министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска - извештајот на ММФ е потврда за лошите и промашени економски политики на власта.

„ Продуктивноста воопшто не расте, а во исто време, ММФ во Извештајот нотира дека зголемувањата на минималната плата ќе предизвикаат штета кај капацитетите за вработување и ефективно нема да ја намалат сиромаштијата. Капиталните инвестиции се ниски, иако потребата за инвестирање во инфраструктурата е особено висока. Од целокупната анализа на Извештајот на ММФ, можеме да заклучиме дека економијата тоне таму каде што криминалот и корупцијата цветаат.“,изјави Гордана Димитриеска – Кочоска, дополнителен заменик - министер за финансии.

ММФ бара владеење на правото, подобрување на јавната администрација и борба со корупцијата, кои се видока на листата во секој нивни извештај за Македонија.

Додека власта очекува економски раст од 3,8%, сепак монетарците не се толкави оптимисти. Ни прогнозираат раст од 3,4%.

притисни ентер