Дали конечно ќе се избере Државен ревизор - седница на Комисијата за избори и именување

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски денеска на прес конференција ја обвини власта дека собранието го претворила во нотаријат со злоупотреба на институтот на носење закони по брза постапка. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Меѓу 1 и 20 октомври ќе завршиме со одлуките за поставување раководни лица во институциите, вели Заев

 Меѓу 1 и 20 октомври верувам дека ќе завршиме со одлуките за поставување раководни лица во институциите, најави денеска премиерот Зоран Заев.

– Еден дел од инстититуциите ги разгледуваме, кои се во надлежност на Владата и Владата ги именува. Еден дел од институциите ќе одат на конкурси, заради тоа што за нив одлучуваат управни или надзорни одбори. Заеден дел има посебни постапки кои министрите ги именуваат, како свои тимови, раководители на клиники во здравството, дирекции кои се директно под самите министерства. Нашиот план е некаде на почетокот на октомври да почне целата таа постапка со желба до 15-20 октомври да заврши, рече Заев во Општина Бутел, одговарајќи на новинарско прашање до каде се преговорите за изборот на новите директори и за нивната распределба.

Институциите имаат свои раководни кадри кои, како што рече, работат, функционираат и немаме намера да ги стопираме.

– Важно е селекцијата на кадрите да биде соодветна, да избереме максимум капацитетност на она што постои како понуда за да можеме да се надеваме на максимилизација во успешноста во нивното работење. Меѓу 1 и 20 октомври верувам дека ќе завршиме со одлуките за поставување раководни места по институциите, рече Заев.

Прашан за тоа која функција ќе ја преземе Мухамед Зекири, Заев рече дека се уште немаат донесено одлука и има повеќе опции. Потсети дека тој е потпретседател на партијата и има дилема дали останува во Парламентот или ќе земе некоја функција. Премиерот Заев нагласи дека веднаш штом ќе ги донесат одлуките ќе ги соопштаат.

Премиерот Зоран Заев денеска заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски извршија увид во градежните работи на патот од село Бутел до село Љуботен.

Стефановски: Се троши на кондоми, а народот нема за леб

Над 100.000 граѓани го поминуваат денот со 50 денари на ден, а немаат ниту за леб, а Заев дава неколку милиони денари за набавка на кондоми и лубриканти.

Набавка на 187.000 кондоми и 50.000 лубриканти на државна сметка во време на огромна сиромаштија и страшна пандемија е класично расипништво и расфрлање со нашите пари.

Владата ќе потроши неколку милиони денари за набавка на кондоми и лубриканти, а нема ниту денар за компјутери или брз интернет за децата кои ќе мора наставата да ја следат од дома, а кои дел од нив немаат за компјутери, а дел немаат брз интернет. Но секако тоа не е важно за власта, бидејќи изборите поминаа, а со тоа и потребата да се покаже грижа за народот исто така.

Функционерите во зградата зад мене мислат дека си обезбедиле четири години мандат, со високи плати, големи привилегии и моќ, и со тоа автоматски можат да прават што сакаат.

Имаат пари да одвојат неколку милиони за кондоми и лубриканти, а немаа ниту денар четири години наназад да направат нов студентски град, ниту пак да реновираат или доградат некој од постоечките домови.

Милиони се даваат за кондоми и лубриканти, а дел од учениците како од основните, така и средните училишта немаат учебници, ниту електронски, ниту печатени.

Владата е расипничка и не се грижи за нас учениците, студентите, граѓаните воопшто.

40.000 наши сограѓани останаа без работа поради пандемијата од коронавирусот и неспособноста на власта да ги зачува нивните работни места. Тоа се 40.000 граѓани, односно наши родители, браќа, сестри, познаници.

Во 40.000 семејства мака се мачи како да се помине месецот, а некои деца страдаат за леб, а Зоран Заев нема проблем наместо да им помогне да даде неколку милиони денари за кондоми и лубриканти.

Во Македонија имаме 17 илјади заболени од коронавирусот до сега, во ек на пандемија фалеа маски, ракавици и дезинфициенси, а немаше ниту тестови па се примаа донации, а владата дава милиони за кондоми и лубриканти.

Мафијата троши на кондоми, а народот нема за леб. Ова лудило мора да запре.

Стефан Стефановски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Рекорден број новозаразени и во Полска и Словачка

Полска и Словачка денеска забележале рекорден број на новоинфицирани со коронавирус од почетокот на пандемијата, а Русија со над 7.000 дневни случаи се враќа на нивото од јуни, како што се шири епидемијата во Централна и Источна Европа.

Полска денеска потврди 1.587 инфекции, објави Министерството за здравство на Твитер, најголем број од почетокот на пандемијата. Најголем пораст е забележан во централна Полска со 295 нови инфекции. Во земјата со 38 милиони жители досега се пријавени 84.396 случаи на инфекција и 2.392 смртни случаи.

Министерството за здравство денеска објави дека се обезбедени 96 респиратори и 1995 болнички кревети за пациентите со ковид-19. Во последните 24 часа биле тестирани 24.200 примероци.

Полска бележи зголемување откако ги укина мерките во мај. Првично успешно го контролираше ширењето на инфекцијата, но бројот на случаи се зголеми за време на летните одмори и сезоната на венчавки.

Словачка исто така забележа рекордни 419 инфекции со коронавирус, објави денеска премиерот Игор Матовиќ на својот Фејсбук профил. Словачка има најниска стапка на смртност од коронавирус во Европа, но трет ден по ред бележи рекордно зголемување на инфекциите.

Соседна Чешка регистрирала 2.913 случаи во последните 24 часа, што е втор најголем број заразени со коронавирус, според податоците на Министерството за здравство.

Чешка, со повеќе од 10 милиони жители, забележа вкупно 58.374 инфекции. Со недели има значително зголемување на случаите, откако попуштија со мерките против ковид-19.

Русија денеска забележа 7.212 нови случаи на коронавирус и сега се врати на нивото од 23 јуни. Вкупно 1.136.048 луѓе биле заразени во таа земја.

Во последните 24 часа починале 108 лица, со што вкупниот број на жртви достигна 20.056. Во главниот град Москва се евидентирани 1560 нови инфекции, 510 повеќе од претходниот ден.

притисни ентер