Шекеринска: Собранието на 11 декември да го донесе законот за одбрана

Ако се залагаме за членство во НАТО, неопходно е прво да се донесе законот за одбрана кој е клучен за нашето членство и кој е ставен на дневен ред во Собранието на 11 декември. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

СВР Скопје приведе девет лица кои се бараа со потерница за издржување затворска казна

Во текот на вчерашниот ден (24.09) полициски службеници од Секторот за внатрешни работи приведоа девет лица што со потерница се барааа за издржување на затворска казна и тие се спроведени до казнено поправните институции. 

Приведени се И.Т. (37), Д.Б. (34), А.Љ. (43), Т.С. (60) , Г.Ш. (37), О.С. (24) Љ.Г. (61), А.Н. (34) и Ф.Џ (32) за издржување на затворски казни во различно време траење, до три години.

ССМ го потсетува раководството на Баргала дека денеска е последен ден за исплата на плата и заостанатиот дел од плата

Сојузот на синдикатите на Македонија го потсетува раководството на Баргала АД Штип дека денеска е последен ден за исплата на плата и застанатиот дел од платата утвредено со Спогодбата потпишана на 1 септември 2020 година.

– Доколку раководството не ги преземе сите напори за исплата согласно договореното во Спогодбата, ќе бидеме приморани да ги преземеме сите законски мерки со цел за заштита на економските и социјалните права на своите членови од работниот однос, истакнува Дарко Димовски, претседател на ССМ

Со спогодбата, како што наведуваат во соопштение, беше договорено на работниците да им биде исплаќана редовно платата, а започнувајќи од платата во месец септември, месечно да се исплаќа и разликата на плата која работодавачот не им ја исплатил на работниците за три месеци по 30 отсто, како и разликата на плата од 10 отсто која била помалку исплатена за месец февруари.

Водечки германски епидемиолог:Пандемијата допрва почнува

Христијан Дростен, водечки германски епидемиолог, во својот говор на Светската здравствена конференција во Берлин предупреди на предвременото славење на успехот на Германија во корона кризата.

"За да се надмине ситуацијата, треба да промениме некои работи во наредните месеци. Пандемијата всушност сега ќе започне. И во Германија", рече Достен, додавајќи дека коронавирусот не е научен феномен, туку природна катастрофа.

„Не мислам дека Германија е подготвена за следните неколку месеци со коронавирусот“, рече Достен за „Шпигел“.

Минхен од вчера значително ги заостри мерките против коронавирусот. Само пет лица или членови на две домаќинства имаат дозвола да се собираат во угостителски објекти и јавни простории. Приватните прослави во затворен простор се дозволени за 25 гости, и до 50 на отворено.

На некои јавни површини во Минхен, исто така е задолжително да се носат заштитни маски, а тоа се главно популарни места за собирање во главниот град на Баварија - Мариенплац, Сендлинген Штрасе и слични локации.

Построгите мерки треба да траат само седум дена.

притисни ентер