Њујорк тајмс: Забраната на е-цигарите ќе направи повеќе штета отколку корист

„Предлогот да се отстранат електронските цигари од пазарот е разумен, но нивната забраната не е најдоброто решение од повеќе причини", оцени Њујорк Тајмс.

Во време кога во САД постои двојна криза предизвикана од електронските (вајп) цигари – порастот на нивната употреба меѓу тинејџерите и „мистериозната" болест на белите дробови предизвикана од вајпинг производите, првиот предлог на американската државна администрација беше овој производ да се забрани.

„Предлогот да се отстранат електронските цигари од пазарот е разумен, но нивната забраната не е најдоброто решение од повеќе причини", оцени Њујорк Тајмс, образложувајќи дека „таа мерка не гарантира дека младите ќе престанат да ги користат е-цигарите. Од друга страна пак, оваа мерка сигурно ќе натера 11 милиони полнолетни Американци, кои веќе ги користат овие производи, да изберат помеѓу традиционалните цигари (кои се се уште достапни иако се поштетни од е-цигарите) и вајпинг производите на црниот пазар."

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) дури сега воведе правила за комерцијализација на алтернативните производи. Досега тоа се правеше доброволно па се покажа дека процедурата ја испочитувал само Филип Морис, кој чекал две години за ФДА да ги прегледа научните анализи во врска со IQOS-от (кој не е електронска цигара туку уред кој го затоплува, а не го гори вистинскиот тутун) пред да го стават овој производ на пазарот.

Се утврди дека IQOS е единствената алтернатива од двете категории, која има официјално одобрение од ФДА да се стави на пазарот при што ФДА соопшти: По ригорозната анализа заснована на научни факти, овој производ сега може да се најде на американскиот пазар, а една од причините е тоа што произведува пониско ниво на одредени токсини отколку цигарите кои го согоруваат тутунот.

Андре Каланцополус, генерален директор на Филип Морис, коментирајќи ја актуелната дебата во Америка, за ЊуЈорк Тајмс изјави: Технологиите како што се е-цигарите и производите кои го топлат а не го согоруваат тутунот, можат драматично да го намалат бројот на пушачи, што е можност на векот, но оваа прилика не смее да се искористи на сметка на младите. Одмерен и цивилизиран дијалог заснован на научни факти и на постојната регулаторна рамка, а не на емоции, страв и ширење на сомнеж, може да помогне да се искористи оваа прилика.

Видео: Успешно полета роботот птица со вистински пердуви

Научници креираа робот со име „PigeonBot“, кој е составен од 40 вистински пердуви и неколку други компоненти.

Додека авионите маневрираат така што ја менуваат позицијата на крилните елементи, птиците тоа го прават со менување на обликот на крилото во зависност од тоа на кој начин летаат.

Токму на тој начин се зголемува ефикасноста на крилјата, па научниците посакаа тие елементи да ги вметнат во летачка машина.

„PigeonBot“ успешно полета и успешно се спушти, што е огромен чекор за еволуцијата на летачките објекти.

Овој летачки робот би тебало да им послужи како инспирација на оние кои конструираат летала но и на оние кои ги проучуваат птиците.

Фолксваген нема да присуствува на саемот во Париз

Германскиот автомобилски гигант и оваа година како во 2018 нема да присуствува на автомобилскиот саем во Париз.

Многу влијателни магазини ја пренесоа информацијата дека Фолксваген нема да се појави на авто- саемот во Париз 2020 годна, што е голем удар за изложбата на автомобили.

Јирген Стакман, еден од директорите за продажба во Фолксваген тоа го потврди во разговор со германските новинари.

„Најверојатно нема да се појавиме во Париз, едноставно имам други планови за оваа година“, кратко објасни Стакман.

ОВој саем секоја година се менува, во парните години е во Париз а вонепарните во Франкфурт.

Саемот во Франкфурт веќе со години губи посетители, на пример во 2017 година имало 810.000 посетители а додека во 2018 биле само 560.000. Поради неприсуството на Фолксваген и оваа година во Париз се очекува пад на посетеноста.

Само пред неколку дена Ламборџини објави дека нема да учествува на саемот во Женева кој е закажан за март месец.

Ова е уште еден доказ дека важноста од појавување на саемите за автомобили се намалува и дека произведувачите се повеќе се одлучуваат самостојно да ги промовираат своите модели и да креираат сопствени изложби.

Тоа се покажало и како поевтино а и помалку се води сметка околу конкурецијата чии штандови на саемите можат да привлечат повеќе внимание.

Инстаграм воведува опција која корисниците долго ја чекаа

Социјалната мрежа Инстаграм полека почна да ја воведува можноста за праќање директни пораки и преку веб страницата.

„The Verge“ пушува дека се работи за тест, а дека опцијата за праќање директни пораки на Инстаграм преку веб страницата ќе им биде овозможена на сите корисници нешто подоцна.

Моментално оваа опција им е достапна на мал процент на корисници.

Праќањето на директни пораки преку веб станицата на Инстаграм ќе функционира на ист начин како и преку апликацијата. Корисниците до директните пораки ќе можат да пристапат од профилот на страницата или преку посебна страница за директни пораки, баш како што е тоа случај со апликацијата. Десктоп нотификациите за директни пораки исто така ќе бидат достапни доколку корисникот ги овозможи во својот интернет пребарувач.

притисни ентер