Поразот на Федерер од младиот грчки тенисер, прогласен за сензација на годината (ВИДЕО)

Поразот на Роџер Федерер во четвртото коло на Австралија Опен од Стефанос Циципас е прогласен за сензација на годината на грен слем турнирите, објави АТП на својата официјална веб-страница.

Младиот Грк го совлада легендарниот Швајцарец во Мелбурн во четири сета 6: 7 (11), 7: 6 (3), 7: 5, 7: 6 (5) и го запре на патот да ја одбрани својата титула во Австралија.

Во 2018 година, Федерер го освои последниот од вкупно 20 Гренслем трофеи во кариерата во Мелбурн.

Втората сензација на годината е победата на Аргентинецот Гвидо Пеле против Канаѓанецот Милош Раониќ во четвртото коло на Вимблдон - 3: 6, 4: 6, 6: 3, 7: 6 (3), 8: 6, додека третото место го зазеде уште еден пораз на Федерер.

Овој пат од Бугаринот Григор Димитров во четвртфиналето на УС Опен - 3: 6, 6: 4, 3: 6, 6: 4, 6: 2.

Модуларната болница почна да ги пополнува капацитетите

47 болнички кревети се зафатени од вкупно 77.

Ковид кризата се продлабочува.

Модуларната болница која е сместена до инфективната клиника почна да ги пополнува капацитетите 47 болнички кревети се зафатени од вкупно 77.

И вчера министерството за здравство соопшти 640 инфицирани од коронавирусот и 12 починати.

Во Скопје и натаму има најмногу активни случаи. А предничат општините Аеродром, Карпош и Центар.

Во Струмица и Штип пренаменија и други болнички одделенија за ковид пациенти, а согласно растечкиот тренд на заразени со тешка клиничка слика, не е исклучена можноста во некои од регионите повторно да биде укинат мој термин и здравствените работници да бидат фокусирани само на третманот на болни од корона.

Рекорден број на нови случаи со Ковид-19 во Бугарија

Во Бугарија се потврдени 1.595 случаи на коронавирус.

Починале 16 лица, објавено е денес на официјалниот сајт за следење на состојбата со коронавирусот.

Во последните 24 часа се тестирани 9.038 лица, од кои 17,65 отсто биле позитивни на вирусот, пренесе „БТА“.

Досега во Бугарија заболеле 34.930 лица, од кои 16.033 активни случаи, а најмногу заболени има во Софија, Пловдив и Благоевград.

Хоспитализирани се 1.792 пациенти, од кои 112 на одделот за интензивна нега.

До сега од коронавирусот во таа земја починале 1.064 лица.

Лице од Велешта тешко повредено од соселани

Четириесет годишен жител од струшко Велешта синоќа бил нападнат и тешко повреден од лица од истото село.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски денеска информира дека И.И. (40) бил хоспитализиран во Општата болница во Струга, со тешки повреди на главата.

– По преземени мерки, полициските службеници констатирале дека И.И., на авто-плац кај селото Долна Белица, бил физички нападнат од Г.О. и А.О. од селото Велешта. Против напаѓачите, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, изјави Димоски./МИА

притисни ентер