Експлодира цистерна во Нигерија,23 загинати (Вознемирувачко видео)

Дваесет и три лица, меѓу кои и деца, загинаа кога камион цистерна со нафта се преврте и експлодира недалеку од автобуска станица во централна Нигерија, соопштија службите за итни случаи.

Меѓу жртвите има и вработени и студенти на државниот политехнички универзитет Коги во централниот град Локоџи, лоциран во близина на местото на несреќата, соопшти федералната агенција за безбедност на патиштата. Убиено е и петчлено семејство и деца на училишна возраст.

Четири жртви „изгореа до непрепознавање“.

Засега не е позната причината за несреќата, иако првите откритија од истрагата укажуваат на можен дефект на сопирачките.Пожарот по експлозијата зафатил уште девет возила.

Во Нигерија, честите сообраќајни несреќи се предизвикани од лошата состојба на патиштата и на возилата, прекумерната брзина и возењето под дејство на алкохол.

Во јуни 2018 година, 11 лица загинаа, а 54 возила се запалија кога се преврте цистерна со нафта во Лагос.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со протестните маршеви

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ продолжува со протестните маршеви.

Oвој пат стартната позиција е од пред Mинистерството за правда, таму е Kатерина Kапкоска

Рекорден број новозаболени во Словачка

Словачка денеска забележа најголем број нови инфекции со коронавирус од почетокот на пандемијата - 338.

Словачка е меѓу европските земји со најмал број смртни случаи од ковид-19, но оваа недела расте бројот на пациенти во таа централноевропска земја, како и во остатокот од Европа.

Од почетокот на епидемијата до денеска, имало 7.269 случаи, од кои 3.888 се опоравиле, а 41 лице починало.

Словачка успеа да го спречи ширењето на коронавирусот во мај и јуни кога главно бележеше едноцифрени заразени на ден.

Но, од август, бележи денови со над 100 нови инфекции, а во септември урива рекорди во бројот на нови случаи.

Како одговор на здравствената криза, земјата ги заостри мерките поврзани со носењето маски и собирањето луѓе, но исто така најави дека ќе избегне поголеми карантини како што беше на почетокот на пандемијата.

Во средината на септември, министрите за надворешни работи на Словачка, Словенија, Австрија и Чешка ветија дека ќе ги координираат мерките за да не влијаат негативно на нивната соработка, особено на економската соработка и ветија дека нема повторно да ги затвораат границите.

притисни ентер