Англиски репрезентативец откри дека е зависен од кладење

Еден од главните играчи на Кристал Палас, 28-годишниот Андрос Таунсенд призна дека е зависен од обложување и дека поради тоа речиси ја прекинал кариерата.

Играчот од средниот ред на Палас и повремениот играч на англиската репрезентација (13 настапи) изјави дека се навлекол на обложување во раните 20-ти години додека бил играч на Бирмингем Сити.

"Точно се сеќавам на таа сцена . Бев во хотел во пресрет на игра и шетав низ ТВ програмите. Ми беше здодевно и тогаш видов реклама за букмејкер што нуди бесплатен облог. Така почна.", напиша Таунсенд за Трибјун.

Зависноста брзо се развила, кулминирајќи неколку години подоцна.

"Го одигравме полуфиналето на плеј-офот за да се пласираме во првата лига. Тоа беше најголемата игра во сезоната и не можев да спијам. Го земав мобилниот и започнав да се обложувам во живо. Облозите се зголемија и јас изгубив 46.000 фунти за еден натпревар. Таа ноќ го допрев дното. Наместо да се радувам на важна игра и да размислувам за фудбал, само размислував како да ги вратам изгубените пари ", призна Таунсенд.

"Не престанав додека конечно не ме фатија. Фудбалската асоцијација дозна дека се обложувам и ме казни и ми се закани со доживотен затвор. Засекогаш ќе бидам благодарен на алијансата што не ме казни драстично зашто сфатија дека не сум бил вклучен во местење натпревари, туку наместо тоа само сум бил глупаво дете што прави глупости “, додаде Таунсенд.

Тој се повлече од пеколот на букмејкерите и сега е хит со Палас, заработувајќи околу 3 милиони фунти по сезона.

Фото: Лепа Брена во бикини

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена со семејството веќе неколку недели летува во монденското Монако.

Брена на своите фанови на социјалните мрежи редовно ги информира за своите активности во монденското летувалишти. Една фотка посебно ги воодушеви нејзините машки фанови.

Атрактивната пејачка која наското ќе наполни 60 години покажа дека за неа годините се само обична бројка.

Брена ги воодушеви фановите со фотографијата на кмоја позира на јахта во црно костим за капење кој го истакна нејзиното негувано и бујно деколте.

На плажа во Италија се породи жена која не знаела дека е бремена?!

45- годишна Австралијка која со семејстбото летувала во Италија се породила на плажа, а не знаела дека е бремена, пренесува „ Hafington Post".

Жената се породила на 1 август но веста е објавена денеска откако мајката и бебето здрави ја напуштиле болницата.

Машкото бебе е седмо дете на брачната двојка од Австралија која со години летува во местото Католици во близина на Римини, на италијанскиот брег на Јадранското море.

Мајката не знаела дека е бремена, почувствувала слабост и дури кога започнало породувањето сфатила што се случува.

Според медиумите, таа се породила на плажа а во необичното породување голем удел имала бабица која случајно се нашла меѓу посетителите на плажата.

Брачната двојка откако мајката и бебето зџдрави си заминале од болница на детето одлучиле да му го дадат името Паоло, по момчето дежурен спасител на плажата кое исто така многу и помогнало на мајката при необичниот настан.

Фото: Гола трудница, УФЦ убавица без ниту едно парче облека на себе

Една од најпозмнатите девојки во рингот,УФЦ убавицата Аријани Селестеје одлучила да позира гола и да го покаже својот труднички стомак. 

Фотката атрактивната спортистка веднаш ја споделила и на својот Инстаграм профил.

Популарната УФЦ убавица и манекенка со голата фотографија предизвика воодушевување кај своите фанови.

Инаку 34 годишната Аријани и нејзиното момче Тејлор Кинг на крајот на септември треба да станат родители.

Аријани и Тејлор посакуваат син.

Под фотката објавена на Инстаграм каде Аријани има 3,3 милиони следбеници, провокативната борачка напиша:

„Среќна сум што можам да најавам дека есенва го очекуваме малиот Крал“.

притисни ентер