СВИНСКО МЕСО НА СЕЛСКИ НАЧИН

Рецепт на: ПАВЛИНА ТРАЈКОСКА

Потребни состојки :  1 кг. свинско месо, 1-2 главици кромид, 4 суви црвени пиперки, 2 лажички сол и масло по потреба.

Постапка:

Свинското месо се сече на поголеми коцки и се пржи во тава со масло.

По неколку минути месото се зачинува со 2 лажички сол и се продолжува со пржењето.

При крај се додава сечкан кромид и сечкани суви пиперки и се  продолжува со пржењето уште неколку минути.

притисни ентер