Mеси : Не бев среќен кога Роналдо ме стигна со Златните топки (ВИДЕО)

Аргентинскиот репрезентативец, Лионел Меси ја освои својата шеста Златна топка.

Меси стана рекордер со шест Златни топки додека Кристијано Роналдо остана на пет. Португалецот не сакаше да дојде на доделувањето во Париз , свесен дека нема да има друг, па на крајот му беше доделена и награда за најдобар играч во Серија А на церемонијата во Милано.

Во интервјуто за Франс Фудбал, кое го организира доделувањето на наградата Златна топка, Меси ја призна важноста на Шестата Златна топка.

"Од една страна, ми беше драго што имав пет Златни топки. Кога Кристијано ме пристигна, морав да признам дека не бев задоволен. На врвот веќе не бев сам. Но, тоа беше логично". изјави Меси, додавајќи дека не е сигурен дали е најдобар во историјата на фудбалот:

"Тоа е навистина тешко да се каже. Во други периоди, имаше и други одлични играчи кои е тешко да се споредат со мене, Роналдо, Нејмар, Мбапе. Секоја личност има некои вредности. Искрено, не знам дали сум најдобриот во историјата на оваа игра". „Имав среќа да ја освојам Златната топка повторно и среќен сум што имам вкупно шест, повеќе од кој било друг“, заклучи тој.

Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство за претседателските избори во дијаспората

Гласањето за претседателските избори почнува со членовите на 31 избирачки одбор кои треба да го спроведат гласањето во странство.

Тие денеска пред заминување во странство гласаат во просториите на државната изборна комисија станува збор за 191 лице.

Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии во вторник, на 23 април, на ден пред седмите претседателски избори во земјата, од 7 до 19 часот по локално време, врз основа на прифатените 2.571 пријави на наши државјани, гласање треба да се спроведе во триесеттина градови во странство.

Гласање за парламентарните избори на 8 мај нема да се спроведе бидејќи немаше доволен број пријавени наши државјани.

ДИК продолжува со организацијата на двојните избори. Се дистрибуира недоверливиот материјал, додека утре ќе започне дистрибуцијата на доверливиот материјал

Инаку, вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април.

Проекција на „Големата вода и „Црвените булки над ѕидовите“ во Кинотека

На 27 април, во Кинотеката ќе се одржи проекција на „400 удари“ на Франсоа Трифо, снимен во 1959 година.

Во рамки на концептот на Кинотеката насловен „Разлики кои не обединуваат“, на 25 април ќе биде прикажан долгометражниот игран филм на Иво Трајков „Големата вода“ снимен во 2004 година, а следниот ден, 26 април, „Црвените булки над ѕидовите“ од 1976 година во режија на Димитер Анагности.

На 27 април, во Кинотеката ќе се одржи проекција на „400 удари“ на Франсоа Трифо, снимен во 1959 година.

Како што соопштија од Кинотеката, овие филмови се, пред сè, избрани поради своите „сличности и паралели“ во тематиките, како и во нивната филмска обработка и пристап.

-Но, исто така, битно е да се истакне и дека „Црвените булки на ѕидовите“ неодамна е дигитализиран во 4К резолуција, а „Големата вода“ оваа година го прославува дваесетгодишниот јубилеј од својата премиера. И, се разбира, дека филмот „400 удари“ на Трифо, според францускиот филмски магазин „Cahiers du cinema“ (Каје де Синема) е повеќе од ремек-дело и станува збор за еден од најaмблематичните филмови во поствоениот период на француската филмска продукција, потенцираат од Кинотека. /МИА

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

притисни ентер