Бурен почеток на Самитот на НАТО – Трамп веднаш го нападна Макрон (ВИДЕО)

Доналд Трамп го нападна францускиот претседател Емануел Макрон во пресрет на Самитот на кој се одбележува 70-годишнината на НАТО.

Годишнината може да се слави во помалку празнична атмосфера со оглед на несогласувањата околу Сирија и финансирањето на организацијата, при што Емануел Макрон дотури масло на огнот, велејќи дека Алијансата , која е формирана во 1949 година, е во состојба на „клиничка смрт“.

Дури и пред официјалните состаноци закажани за вечерва во Бакингамската палата и утре во луксузен голф-клуб во предградието на Лондон, американскиот претседател ја критикуваше изјавата, нарекувајќи ја „многу навредлива“.

Тоа е „многу, многу злобна изјава испратена до 28 земји“, додаде генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференцијата.

Доналд Трамп изјави дека е „многу изненаден“ од изјавата на Емануел Макрон, додавајќи дека тоа е „многу опасно“ за Франција.

„НАТО не му е потребно на никогхо повеќе отколку на Франција“, рече тој, додавајќи дека Франција, која напорно се обидува да ги спроведе реформите во огромен јавен сектор, „економски не стои многу добро“.

Тој исто така остро ја критикуваше подготвеноста на Франција да ги оданочува големите американски технолошки компании. Администрацијата на Трамп веќе се закани дека ќе наметне тарифи за француските производи, вклучително и за сирењето рокерфор, јогуртот и шампањот.

Домаќинот на состанокот, британскиот премиер Борис Џонсон, рече неговиот портпарол, ги повика 29 земји да останат „обединети за да може НАТО да се прилагоди на идните предизвици“. Но, навредите почнаа минатата недела.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече како одговор на изјавите на Макрон за НАТО: „Прво, испитајте си ја сопствената смрт на мозокот!“

Настрана од овој потенцијално експлозивен состанок, гледиштето на Доналд Трамп се смета за главна непознаница на самитот. Неговиот прв настап пред самитот, го постави правецот во кој учесниците ќе се движат, како што направи минатата година, кога ја критикуваше Ангела Меркел.

Покрај тоа што ја нападна Франција, Трамп во 52 минута се осврна на голем број теми, бранејќи ги Иранците „убиени само затоа што протестираа“ и фрли сомнеж во надежта за трговски договор со Кина, велејќи дека тоа може да го почека неговиот можен реизбор следната година.

Доналд Трамп сака да го задржи притисокот врз сојузниците за да ја испочитуваат обврската за 2 проценти трошење од БДП на одбрана до 2024 година. Тој ги нарече Германија и другите земји што трошат помалку, за „деликвенти“.

Критичарите на Трамп планираат вечерва да се соберат пред Бакингамската палата пред вечерниот банкет што за лидерите на земјите членки на НАТО, го организира кралицата Елизабета Втора.

Демонстрантите стравуваат дека Велика Британија ќе биде принудена да ја вклучи Националната здравствена служба (NHS) во либералниот трговски договор со САД што Трамп и британскиот премиер Борис Џонсон сакаат да ги зајакнат откако Велика Британија ќе ја напушти Европската Унија.

ФИТР: 123 домашни компании влегоа во финална фаза на јавниот повик за брзо прилагодување во борба против Ковид 19

Вкупно 123 домашни компании продолжуваат во фазата на финална селекција во рамките на Јавниот повик за брзо прилагодување од последиците од Ковид 19 на Фондот за иновации и технолошки развој .

Овие компании планираат инвестиции од 237 милиони денари, од кои 97 милиони денари се нивен влог, додека од ФИТР побаруваат безмалку 139 милиони денари. На повикот кој беше отворен од 29.05 до 03.07.2020 година , аплицираа вкупно 166 компании.

Од овие 123 компании, 74 аплицираат по првпат во Фондот, 17% аплицираат по втор или повеќе пати без претходно добиена поддршка, додека само 9% се претходни корисници на средства. Според анализите во најголем дел се работи за мали (67) и микро (47) компании, како и 9 средни претпријатија.

Најголем дел на инвестициските планови се од областа на здравството, ИТ, трговијата но и категориите како машинство, креативната индустрија, угостителство и текстилната индустрија.

Во процесот на примарната селекција на инвестициските планови Фондот ангажираше соодветни надворешни стручни лица. Оценувањето се врши врз основа на следните критериуми: технолошки напредок и степен на дигитализација, односно во кој степен проектот ќе придонесе за дигитализација во процесите, развивање на нов или значајно подобрен производ, услуга или работен процес кај апликантот, потоа квалитет на проектот, капацитет на проектниот тим и влијание. Како новина во овој повик е воведено и дополнително бодување за компании со жени во управувачката односно сопственичката структура и компании што доаѓаат од помалку развиените региони, кои ќе имаат и предност при селекцијата.

Анализите покажуваат дека со воведувањето на овие критериуми, само со првиот циклус е поттикнато учество на компании управувани или во сопственост на жени, и тоа 46%, а зголемен е и бројот на компании со седиште во помалку развиените региони. Споредено со претходните повици, регистриран е пораст во југоисточниот (11%), источниот (10%) и полошкиот регион (4%).

Процесот на финална селекција продолжува онлајн, а конечната одлука за ко-финансирање ќе ја донесе Комитетот за одобрување на инвестиции, според горепсоменатите критериуми.

Во фаза на подготовка е нов циклус на аплицирање за финансиска поддршка за економско заздравување. За таа цел, Фондот во соработка со стопанските комори достави посебен прашалник до широк број на домашни компании. Со прашалникот, компаниите имаат можност за директен придонес во креирањето на условите за вториот циклус што Фондот планира да го реализира веднаш по завршување на тековниот.

За реализација на втор и следни циклуси на јавни повици за економско заздравување Фондот иницира дополнителни средства од Владата, над веќе обезбедените 200 милиони денари, од кои поголем дел ќе бидат искористени уште со првиот циклус.

Програмата за економско заздравување е дел од третиот пакет економски мерки на Владата на Македонија и е наменет за поддршка на микро, мали и средни компании кои имаат потврден потенцијал за успешно работење.

Општина Центар: Реконструирани две улица во населба Водно

По барање на жителите на Центар кои живеат во населба Водно, Општина Центар ги реконструираше улиците „Периша Савелиќ“ и „Салвадор Аљенде“.   

Градежните активности опфаќаа комплетно нивелирање на улиците и поставување нов асфалт на површина од 3233 метри квадратни на улицата „Периша Савелиќ“ и нов асфалт на површина од 954 метри квадратни на улицата „Салвадор Аљенде“.

Во изминативе две недели, Општина Центар постави и нова вертикална сообраќајна сигнализација за воведување еднонасочен сообраќај на улицата „Партениј Зографски" во населба Водно, на потег од крстосницата со улицата „Салвадор Аљенде" до крстосницата со улиците „Питу Гули" и „Ацо Караманов". Со поставување на вертикалната сигнализација, улицата „Партениј Зографски" беше обележана и со хоризонталната сигнализација за подобрување на условите во автомобилскиот сообраќај на Водно.

Досега во овој дел на општината реконструирани се улиците: „Загребска“, „Караорман“, „Бигла“, „Димитар Пандилов“, „Ганчо Хаџипанзов“, „Капиштец“, „Питу Гули“, а наредна за реконструкција е улицата „Димитар Беровски“.

Општина Центар продолжува со активности за реконструкција на улици кои ќе придонесат за обезбедување подобри услови за живот на граѓаните, како и хуманизирање на просторот со побезбедни услови во автомобилскиот и алтернативниот сообраќај и неопходни паркиралишта во интерес на граѓаните.

УЈП: Граѓаните да ја сменат трансакциската од Еуростандард банка во апликацијата МојДДВ со валидна сметка

Управата повикува оваа промена да ја направат и сите корисници на МојДДВ кои имаат внесено погрешна трансакциска сметка

Управата за јавни приходи (УЈП) апелира до граѓаните кои во апликацијата МојДДВ имаат внесено трансакциска сметка од Еуростандард Банка, да извршат промена со внесување на валидна трансaкциска сметка, со цел исплата на средства од поврат на ДДВ за физички лица.

-Промената на трансакциската сметка во апликацијата МојДДВ се врши на следниот начин: Најавете се во апликацијата МојДДВ и во долниот дел од екранот одберете го прозорчето „профил", потоа во делот трансакциска сметка внесете ја Вашата нова трансакциска сметка. Оваа промена треба да ја потврдите со лозинка која ја користите за најава на Е-ПДД, потоа го бирате копчето „зачувај" и Вашата трансакциска сметка е сменета, објаснува УЈП.

Управата повикува оваа промена да ја направат и сите корисници на МојДДВ кои имаат внесено погрешна трансакциска сметка.

-Точно внесените податоци во апликацијата МојДДВ се основа за исплата на поврат на ДДВ за сите граѓани кои ја користат апликацијата и скенираат фискални сметки, стои во соопштението од УЈП.

притисни ентер