Техеран ќе ги тужи САД заради немирите во Иран

Нагласено е дека ќе се бара отштета од 130 милијарди долари.

Во неколку ирански провинции во ноември започнаа протести по одлуката на владата да ја зголеми цената на горивата, кои станаа насилни.

-Техеран ќе ги тужи САД заради граѓанските немири во земјата, соопшти Голјан Хусеин Исмаили, портпарол на владата на Иран.

Исмаили нагласил дека Иран ќе бара отштета од 130 милијарди долари а тужби ќе поднесат иранските државјани кои директно претрпеле штета заради демонстрациите.

-До денес се разгледани повеќе од 360 случаеви и барања на граѓаните против американската влада. Министерството за надворешни работи би требало да помогне во спроведувањето на овие барања против американската влада во име на нашите граѓани, рекол портпаролот на владата.

Иранската влада на 15 ноември одлучи да ја подигне цената на плинот за околу 0,2 долари по литар. По оваа одлука одржани се протести во голем број градови на Иран, кои прераснаа во конфликти со полицијата. Демонстрантите палеле банкарски канцеларии и бензински пумпи. Нереди се забележани во голем број градови.

Хасан Рохани, претседател на Иран, тврди дека протестите се организирани од САД и Израел со цел нарушување на иранската национална сигурност. Вашингтон отворено ги подржа демонстрациите.

Владата за време на овие протести и дозволила на полицијата на пука во демонстрантите, па затоа се убиени најмалку 208 лица. Исто така иранската државна телевизија објави дека безбедносните сили пукале и убивале демонстранти ширум целата земја.

Колапс на помпезно најавуваниот софтвер на ДИК

Помпезно најавуваниот брз софтвер на Државната изборна комисија кој требаше во „real time“ да ги покажува резултатитеод изборниот процес, синоќа доживеа дебакл.

Во 21 часот по самото завршување на гласањето, во еден момент се појавија првичните резултати, ноза многу кратко страната на ДИК падна, па граѓаните немаа можност да ги следат резултатите.

Иако во некои моменти проработуваше, забележливи беа големи грешки и пропусти.

Утринава на сајтот во неколку наврати се појавија сосема различни резултати за 4тата Изборна единица. Во Ново Село - најпрво водеа ДУИ со 46,22%, Алијансата и Алтернатива имаа 25,21%. Во следниот момент ДУИ имаа 36%, Алијансата и Алтернатива 33,71%. За на крај Алијанса и Алтернатива да водат со 67,86%, а ДУИ 21,43%.

Околу дебаклот на ДИК, се огласија и од партијата СДСМ.Ја повикаа Комисијата веднаш да ги поправи грешките и да презентира точни резултати пред јавноста.

„Според податоците на изборниот компјутерски центар на СДСМ, разликата во корист на коалицијата „Можеме“ изнесува најмалку три мандати, а во податоците презентирани од страна на ДИК забележани се сериозни недостатоци и грешки кои може да даваат неточна слика за конечниот резултат.“се вели во партиското соопштение.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак обвини дека податоците на веб страната на ДИК – сомнително се броени и внесувани.Разговарал со претседателот Дерковски, кој е избран на функцијата по нивни предлог - и добил уверување дека секој записник се проверува и во текот на денот ќе го има конечниот став. Не гледа одговорност кај Деркоски и вели дека е задоволен од неговата работа.

-„Во овој момент не се размислува за барање одговорност, бидејќи сме задоволни од работата на претседателот на Државната изборна комисија.“ смета Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Освен софтверот на ДИК, вчера мета на хакерски напад беше и агрегаторот на вести time.mk.

Во еден момент со појави телоп со порака –: „Поминаа уште едни „демократски избори“ и како што може да забележиме истата приказна е секои 3-4 години само што овој пат село горе баба на избори оде. Ама што да правиш кога гласачкото тело е еден огромен паразит што гледа само да ц*** од државна ц**** додека е заведено од празните ветувања на сите партии во оваа наша прекрасна држава...“, пишуваше во дел од пораката.

Првиот човек на time.mk Игор Трајковски вчера на социјалната мрежа Твитер напиша дека досега страната не била цел на толку агресивен сајбер напад. Инаку во текот на вчерашниот ден, некое време паднат беше и веб порталот на Министерството за внатрешни работи.

Кабинет на Пендаровски: Претседателот ќе одржи консултации со партиите пред да го довери мандатот

Со краток став, се огласија и од кабинетот на Пендаровски.

Од таму за Канал 5 велат дека претседателот Стево Пендаровски ќе одржи консултации со политичките партии пред доверувањето на мандатот.

Согласно уставните одредби, мандатот за состав на владата ќе го довери на кандидат на партијата, односно партиите што ќе обезбедат мнозинство во собранието.

ДИК поднесе пријава во полиција за хакирањето на сајтот, вчера паднал и вебот на МВР

Покрај падот на сајтот на Државната изборна комисија ДИК и на Тиме.мк, вчера во текот на денот во траење во неколку часа „паднал" и сајтот на Министерството за внатрешни работи.

Од МВР за МИА информираа дека Секторот за компјутерски криминал работи на откривање на причините за падот на сајтот на полицијата кој вчера бил во прекин неколку часа по што повторно бил активиран.

Денеска пријава до МВР поднела само Државната изборна комисија.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски изјави дека нападот е пријавен во Министерството за внатрешни работи лично до министерот и оти очекуваат припадници на полицијата да дојдат во Комисијата. Како што кажа Деркоски, станува збор за хакерски напад од надвор и оти случајот ќе се испитува.

Хакерска група вчера го хакираше сајтот на агреторот на вести Тајм.мк на кој се појавуваа фотографија на група која себе си се нарекува Анонопсмкд, под мотото „Не простуваме, не забораваме. Очекувајте не".

– Поминаа уште едни „демократски избори" и како што може да забележиме истата приказна е секои 3-4 години само што овој пат село гори баба на избори оди. Ама што да правиш кога гласачкото тело е еден огромен паразит што гледа само да цица од државна ци*ка додека е заведено од празните ветувања на сите партии во оваа наша прекрасна држава, пишува во дел од пораката на хакерската група. /МИА

притисни ентер